Заработува милиони од покажување на своите облини на Инстаграм (ФОТО)

Алексас Морган скапо го наплатува својот лик на социјалните мрежи – секси бабичка која сака да ги покажува облините.

Александра, која има повеќе од 1,9 милиони фанови на Инстаграм под прекарот Алексас Морган, заработува околу 200 000 фунти годишно со објавување голи и провокативни содржини, пренесуваат британските медиуми.

За разлика од другите влијателни девојки на социјалните мрежи, таа се обидува нејзината содржина да биде смешна, што е со воодушевување прифатено од нејзината навивачка армија. Во некои од нејзините омилени пози, Александра се облекува како бабичка, наречена Мими.

Describe this photo in one word👇🏽XoXo 📸: @photomillz

A post shared by Alexas Morgan (@alexas.morgan) on

Таа заработува по 2.000 фунти од објава на Инстаграм, а има и дополнителни приходи од платформата onlyfans.com, каде споделува ексклузивни фотографии и видеа, за кои фановите плаќаат 8 фунти месечно.

Американката од Флорида има обожаватели од Аргентина, Шпанија, Индија и од целиот свет, а профитабилната кариера секојдневно и носи илјадници комплименти, покрај парите и славата на интернет.

I’m Steph Curry with the shot boy 🏀😘

A post shared by Alexas Morgan (@alexas.morgan) on

„Вака изгледа рајот“, „дефиницијата за сексипил“, пишуваат нејзините фанови. „Кој не сака ваква баба“, се шегуваат некои, но славата на интернет и ’ја донесоа и неизбежните тролови. Иако некои ја нарекуваат пластична, таа не им обрнува внимание.

Вели дека сака да ги натера луѓето да се смеат и дека повеќето од нив го сакаат тоа што го прави и тоа е единствената работа што е важна за неа. „Дури и мајка ми. Таа ми е голема поддршка“, вели Алексас. Додава дека пораснала во скромно семејство со три сестри.

👵😂 New. @mima.lexa Video coming tomorrow

A post shared by Alexas Morgan (@alexas.morgan) on

Кога стана интернет sвезда, таа го промени планот - вели дека планира да има неколку работни места во следните пет до 10 години, како и да инвестира во недвижнини.

Would you still love me as a grandma 👵? 😂 @mima.lexa

A post shared by Alexas Morgan (@alexas.morgan) on

Универзитетот Колумбија го одложи рокот што им го даде на демонстрантите против војната во Газа

Американскиот универзитет Колумбија го одложи рокот, кој истекува на полноќ, што им го даде на пропалестинските студенти да го расчистат кампусот, каде што протестираат против војната во Газа.

- Преговорите напредуваа и продолжуваат според планираното, соопшти кабинетот на претседателот на Универзитетот во Њујорк Минуш Шафик, негирајќи дека била побарана полициска интервенција.

- Не нарекуваат терористи, нè нарекуваат насилници. Но единствената алатка што ја имаме е нашиот глас, рече еден од студентите на собирот.

Пропалестинските студентски демонстрации во САД, кои се проширија на неколку универзитети, почнаа на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Некои од најпрестижните универзитети во светот, како Харвард, Јеил и Принстон, се приклучија на студентското движење и демонстрации.

Блинкен за неколку дена во Израел, седми пат од почетокот на војната

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник ќе го посети Израел, седми пат по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше како одговор на Израел во Појасот Газа.

Јавниот сервис Кан денеска јави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафа, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држи Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа, ние ќе продолжиме да се бориме.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа.

Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија.

Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен.

Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.

Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.

Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард.

Нема откажување од иднината!

СДСМ

притисни ентер