Научник тврди дека знае каде ќе удри астероид во Земјата по 10 години

Научник и претставник на организацијата на познатиот уфолог били Миер Мајкл Хорн ,тврди дека го знае точното место каде Земјата ќе биде погодена од астероидот Апофиза во период од наредните десет години.

Хорн рече дека неговиот истражувачки тим го лоцирал местото каде астероидот може да удри во Земјата и тоа во  областа помеѓу Северното и Црното Море и рече дека тоа може да доведе до истребување на човечкиот вид, пренесува Еxpress.

"Тука зборуваме за два проблеми: влијанието на масивниот астероид и последиците што ќе ги предизвика. Со оглед на податоците што досега ги собравме во студијата, ова треба да се случи на подрачјето меѓу Северното и Црното Море. За подобро да им се објасни на луѓето големината на таквото влијание и нејзините последици, го прикажавме настанот на интернет во форма на стрип “, изјави Хорн.

„Каде и да се случи таков удар, ќе остави дупка во Земјината кора и ќе предизвика масивно истекување на гасови. Тоа, пак ќе доведе до големи пожари и исчезнување на милиони луѓе од одредена област, по што може да се очекува катастрофа од светски размери, па дури и нуклеарна зима. “, додаде тој.

НАСА веќе започна да се подготвува за пристигнувањето на астероидот Апофиса 99942. Дијаметарот на астероидот е 370 m и се проценува дека може да се приближи до Земјината површина на растојание од 30.500 км.

Според официјалните проценки на НАСА, шансите за астероидот да ја погоди Земјата до 2068 година е 6,7 наспроти еден милион, додека во периодот 2060 до 2105 година, таа веројатност е зголемена на 9 наспроти еден милион.

Влегувањето на астероидот во Земјината атмосфера би ослободило 1200 мегатони кинетичка енергија. За споредба, влијанието на метеоритот во Аризона од пред 50 000 години и оној во Тунгузија во 1908 година ослободиле 3-10 мегатони кинетичка енергија. Обемот на најголемата водородна бомба што некогаш експлодирала била 57 мегатони, а ерупцијата на вулканот Кракауу од 1883 година била на ниво на експлозија на бомба од 200 мегатони. Влијанието на метеоритот Чикулуб, за кое се верува дека довело до истребување на диносаурусите, ослободи кинетичка енергија од 100 милиони мегатони, процениле научниците.

Дневен хороскоп за 19.октомври 2019 година

Дневен хороскоп за сабота, 19.октомври 2019 година. 

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Уште имате желба и расположение за нови љубовни авантури , а во тоа ви помагаат и пријателите. Оние во врска се одлично.

Кариера

Верувате дека можете повеќе и подобро . Во право сте , но не треба од себеси да барате неможни работи. И вие сте само човек.

Здравје и совет

Тргнете се од каква било негативност.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои ќе ја стават саканата личност на врвот на своите вредности , а при тоа нема да ја запостават кариерата. Ќе успеете се да споите на најдобар начин.

Кариера

Еден трошок малку ќе ве вознемири , но набргу ќе воспоставите контакти со кои ќе ја развиете работата и ќе го надоместите трошокот.

Здравје и совет

Не постои совршенство.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ако нешто ве измачувало , денеска ќе се соочите со тоа на зрел начин. Можеби нема да пеете , но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот.

Кариера

Многумина ќе се чувствуваат одлично на работното место, зашто не само што имаат убава работа , туку и односите со колегите се подобруваат.

Здравје и совет

Ќе го надминете преодниот стрес.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно денеска ќе се однесувате весело , како ништо да не ве мачи. Можно е излегување у луда забава без емотивни полнења.

Кариера

Ќе имате голема желба и потртеба за да ги презентирате своите способности , но се уште нема да добиете можност за тоа. Почекајте.

Здравје и совет

Продолжете да го истражувате здравиот начин на живот.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе ја водите саканата личност од една до друга недвижност на продажба , за да и покажете како ќе живеете еден ден заедно.

Кариера

Не е исклучено да ве пофалат или вашето знаење и стручност во една област да исплива , што ќе биде значајно за работата.

Здравје и совет

Здрави сте и подготвени за нови предизвици.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Убавиот развој на личните односи ќе ве поттикнат да го надополните со нова идеја за излегување , каде добро ќе си поминете.

Кариера

Ви се чини дека компанијата во која работите е малечка . Сакате нешто поголемо , но за тоа е потребна поголема одговорност од ваша страна.

Здравје и совет

Сепак имате доволно слобода.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Не ви се чини дека ситуацијата се одвива во ваша полза и затоа ги анализирате причините. Ќе ве заболи глава. Едноставно почекајте и ќе помине.

Кариера

Ќе има такви кои ќе ве побараат за соработник или ќе ве прашаат за мислење или совет. Бидете објективни и проценувајте без емоции.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е добро.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашите лични односи стануваат се полиберални , а вие сте поотворени за различни идеи. Чувствувате како да се подмладувате.

Кариера

Тешко дека нешто може да ве загрози или одврати од она што го работите. Се тече добро , стабилно , а вие функционирате и покрај малите пречки.

Здравје и совет

Посигурни сте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

И да одите чекор напред , па чекор назад , пак ќе бидете во плус , зашто знаете што сакате. Тоа ќе го препознае и другата страна.

Кариера

Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска ќе размислувате за тоа.

Здравје и совет

Одвоете го приватното од деловното.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Подобрувањето во личните односи ќе биде поврзано со можност за излегување на интересно место полно со ведри луѓе.

Кариера

ПОдготвени сте на промена за разлика од вашите колеги. Нив се ќе им изгледа нестварно , па ќе мора да ги убедувате.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ако веќе толку сакате да се жалите , тогаш тоа раскажете и го на личност од доверба , не на онаа со која сте во врска , зашто ќе и бидете напорни.

Кариера

Ќе ве измачува еден проблем поврзан со финансии , но извесно е дека решението е на повидок. Но , за тоа треба работа.

Здравје и совет

Одморете и наспијте се .

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Другата страна би можела да се најде во искушение да ви ги довери своите маки и грижи . Бидете отворени и не носете предвремени заклучоци.

Кариера

Вашите деловни соработници ќе го покажат своето сериозно лице , кое на вас ќе остави впечаток дека е мрачно. Направите се што е потребно за да внесете ведрина во работењето.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Фото: Култниот модел на преклопување се враќа во играта

На почетокот на годината Моторола најави дека би можела да го врати својот „РАЗР“ бренд, во вид на премиум паметен телефон со екран кој се преклопува вертикално.

Во февруари е потврдено дека навистина се работи на развој на овој модел, а сега е дефинитивно. Моторола прати покани за настан кој ќе се одржи на 13 ноември, по кои може да се претпостави дека ќе биде преставен новиот преклоплив телефон, пишува „The Verge“.

Иако ова не може да се тврди со сигурност, сепак се води натака.

Според неофицијалните информации  се работи за телефон со дијагонала од 6,2 инчи со Снепдрагон 710 чипсет, со 4 и 4 гигабајти РАМ и батерија од 2730 милиампер часови.

„РАЗР“ 2019 по истите тие информации ќе чини околу 1.500 долари.

Три автоматски менувачи кои треба да се избегнуваат

Автоматските менувачи полека почнуваат да преовладуваат кај автомобилите, стануваат се попопуларни затоа што овозможуваат поголем фокус на патот и олеснето во големите гужви.

Меѓутоа издржливоста на овие менувачи и понатака е клучно прашање, без разлика што се значително унапредени во однос на претходната деценија.

Заради комплицираниот систем тие се почувствителни и со самото тоа поскапи за одржување од стандардните мануелни менувачи.

Меѓутоа, како во секој сегмент од животот, постојат добри, препорачливи автоматски менувачи и оние полоши кои треба да се избегнуваат.

Моментално статусот на најлош автоматски менувач на пазарот го држи „DP0/AL4“ од Рено- Нисан групацијата. Француско- јапонската алијанса го користи овој менувач во поевтините модели како Дачија Логан и Сандеро.

Меѓутоа присутен е и во моделите на други фанцуски произведувачи како Пежо 308 и Цитроен Ц4.

На второ место од листата е првата серија од роботизираниот менувач на Фолксваген под ознака „DSG DQ200“.

Најдобар меѓу најлошите е менувачот „JATCO“ познат и како „JF011E“ кој е застапен во моделите Џук и Кашкаи од Нисан. За него е карактеристично дека по пројдени 50.000 километри се јавува зуење од конусните лагери.

Секако, и најлошиот менувач може да биде поиздржлив од оние прогласени за поквалитетни, а клучен фактор е редовното одржување.

притисни ентер