Пејачката Натали Имбрулиа роди син и му даде интересно име

Пејачката Натали Имбрулиа го родила своето прво дете, син , на кого му го дала името Макс Валентин.

44-годишната пејачка ја објави среќната вест на Инстаграм.

"Добредојде на светот ... Макс Валентин Имбрулија. Моето срце е огромно. Моето момче", напишала пејачката со фотографија на која се гледа раката на нејзиниот мал син.

Објавата  беше преплавена со честитки , меѓу кои и познати музичари како Софи Елис Бекстор, Наташа Бодингфилд и многу други.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Welcome to the world.. Max Valentine Imbruglia 💙 My heart is bursting 🥰🥰🥰 #myboy

A post shared by natalie_imbruglia (@natalie_imbruglia) on

Натали беше подложена на вештачко оплодување, со помош на донатор на сперма.

„Оние што ме познаваат знаат дека ова е нешто што го сакав многу долго и јас сум благословена што успеав да го постигнам со помош на ИВФ и донатор на сперма…“, напиша пејачката летово.

притисни ентер