Научниците откриле 20 до сега непознати месечини околу Сатурн

Сатурн го надмина Јупитер по бројот на природни сателити , што орбитираат околу оваа планета , објави Science Alert.

Научниците од Институтот за наука на Карнеги објавија дека откриле 20 досега непознати месечини кои орбитираат околу тој гасовит гигант, а сега Сатурн има вкупно 82 познати природни сателити, за разлика од Јупитер, кој има „само“ 79.

„Користејќи ги најголемите телескопи во светот, ние го комплетиравме списокот со помали месечини кои орбитираат околу џиновските планети“, рече астрономот Скот Шепард од Институтот за наука Карнеги.

„Тие можат да ни помогнат подобро да разбереме како се формирале и еволуирале планетите на нашиот Сончев систем“, додаде тој.

Секоја од новооткриените месечини е со дијаметар од околу 5 километри, а 17 имаат ретроградна ротација, односно се движат во спротивна насока од ротацијата на Сатурн. Тие припаѓаат на трите групи на надворешните месечини на Сатурн. Ретроградни природни сателити припаѓаат на норвешката група (тие се именувани по термини од скандинавската митологија), два месеца припаѓаат на групата Инуит (тие се именувани според термини во митологијата на Ескимите), а една е на галската група (тие се именувани според термини од галската митологија).

Астрофизичарите веруваат дека секоја од овие групи е формирана од една поголема месечина што се распаднала во помали тела.

„Оваа групација на надворешните месечини е забележана и на Јупитер, што укажува на насилни судири меѓу месечините на системот Сатурн или судири со надворешни предмети; како астероиди или комети“, рече Шепард.

Интересен факт е дека галските месечини орбитираат многу подалеку од нејзините колеги, што укажува дека нешто ја турнало во подалечната орбита или воопшто не настанала од истиот судир како и другите месечини.

Постојат две месечини кои орбитираат околу Сатурн што ги интересираат научниците затоа што може да има живот на нив. Титан е единствениот природен сателит со значителна атмосфера и единственото познато место за нас, освен Земјата, која има свои реки, езера и мориња на нејзината површина. Покрај различните течности на површината, поинтересни феномени се кријат под нејзината ледена површина. Имено, постојат океани каде има повеќе вода отколку метан.

Затоа, НАСА има намера да испрати беспилотно летало со име Dragonfly на тој месец во 2026 година за да бара траги од едноставни организми.

Стивен Спилберг откри за кој филм жали

Иако денес важи за еден од најуспешните режисери кои некогаш живееле, Стивен Спилберг зад себе има филмови за кои и денес жали.

И покрај тоа што работел на хорор филмовите „Jaws“ и „Poltergeist“, Спилберг смета дека вториот филм од серијата Индијана Џонс, „Indiana Jones and the Temple of Doom“, е премногу мрачен и не се гордее со тоа.

- Не бев задоволен од „Temple of Doom“. Беше премногу темно, премногу таинствено, премногу застрашувачко. Мислам дека беше пострашно од „Poltergeist“ – изјави Спилберг, пренесе „LADbible“ и додава „Нема ни зрнце мои чувства во „ Temple of Doom “. Проблемот со правењето продолженија е што не можеш да им угодиш на сите“.

Извор: Аваз

САД ќе инвестираат милиони долари да се спречи ширењето на птичјиот грип кај стоката и луѓето

Американската сојузна влада планира да потроши милиони долари за спречување на ширењето на птичји грип во стадата и фармите за млеко за да се спречи вирусот да мутира и се прошири меѓу луѓето, изјави денеска службено лице.

Според експертите, вирусот моментално циркулира низ пилешките фарми и говедата меѓутоа неодамнешното префрлање на вирусот и кај млечните крави е причина за узбуна бидејќи постои загриженост дека колку подолго се шири меѓу животните може да ги инфицира и луѓето.

-Нашата мисија е да го запреме ова како настан исклучиво поврзан со животните. Конечно, сакаме да го елминираме вирусот во индустријата и со текот на времето да развиеме вакцина за да спречиме уште една појава на N5H1 во стоката, изјави денеска министерот за земјоделие Том Вилсак.

Инвестицијата доаѓа по критиките од страна на јавните здравствени експерти до владата дека не се тестира доволно стока или работници изложени на инфицираните стада, со што се загрозува способноста на САД брзо да одговори на мутациите на вирусот. Според новиот план, владата ќе ги компензира оштетените фармери за трошоците поврзани со вирусот и ќе ги финансира напорите за негово лоцирање и следење.

Досега е забележан само еден случај на човек заразен од птичји груп, и тоа во Тексас, каде првпат беше регистрирана епидемија меѓу млечни крави.

Сега, со новите напори за лоцирање на вирусот Министерството за земјоделие (УСДА) објави дека четири дополнителни стада во Мичиген и едно во Колораде се тестирани позитивни за птичји грип со што сега се инфицирани се вкупно 42 стада во девет држави. /МИА

Белгија: Помош од 9 мил. евра за санирање на оштетената енергетска инфраструктура на Украина

Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да помогне во санирањето на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, објави денеска белгиската министерка за развојна соработка Каролин Женез.

„Со помош на ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воената поддршка, и овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина", рече министерката.

Според нејзините зборови, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, што е специјализирана за економски развој. /МИА

притисни ентер