Кевин Спејси ужива по педофилскиот скандал – Беше дури и во посета на театарот во Белград

Оскаровецот Кевин Спејси , кој е обвинет за педофилски скандал , деновиве е во Белград , каде медиумите го снимија во шопинг , како и при посетата на Народниот театар.

Славниот актер, добитник на два Оскара, се претставил на влезот во театарот, а потоа побарал да види дел од пробата на една од претставите што биле на распоред.

- Одеднаш, за време на пробата, Кевин Спејси најнормално влезе во театарот, напиша една дама која објави фотографија на Фејсбук.

Славниот актер беше снимен и во ресторанот на Новак Ѓоковиќ Новак1. Тој пристигна придружуван од двајца мажи , а беше облечен во зелена јакна со футуристички дизајн.

Додека излегувале од ресторанот, носеле кеси со логото на ресторанот и храна во картонски кутии за кучиња.

притисни ентер