Длабоко под швајцарските Алпи се градат луксузни бункери за елитата- таму ќе се скријат во случај на опасност (ВИДЕО)
2Длабоко под швајцарските Алпи се градат луксузни бункери за елитата- таму ќе се скријат во случај на опасност (ВИДЕО)
3Харвард ќе плати 53 милиони долари- директорот на капелата продавал делови на тела, донирани на факултетот (ВИДЕО)
МакедонијаМицкоски е за 120 изборни едници, очекува отстапки од власта за законот за ЈОЛидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска изјави дека ако СДСМ сака да има компромис за законот за jавното обвинителство, тогаш припадниците на владејачката партија, како што рече, би требало да нaправат отстапки.На новинарското прашање во однос на тоа, дали е можно законoт за ЈО воошто да не биде донесен, Мицкоски нагласи оти не верува дека од страна на СДСМ постои искрена желба да се постигне договор. – Јас не верувам дека постои искрена желба да се постигне договор од страна на СДСМ, особено не сега, неколку месеци пред парламетрани избори, бидејќи тие на овој начин, пред нивните симаптизери,имаат една реторика. Велат, еве ги префрливме предметите од таму, ќе видат сега овие од ВМРО, наши се обвинителите, наши се судиите, ќе ги притиснеме и ќе ги однесеме таму каде што им е местото, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Потенцираше дека СДСМ ги става партиските интереси над државните. – До денеска македонската јавност не го виде писмото од Клатица Јанева. Кој било што се занимава со оваа тема, не го виде нотарот кој го потврди потписот на Јанева, не го виде судијата кој го одобри текстот на тоа писмо. Ние денеска имаме јавен обвинител кој издава согласности за застапување на предмети на лица кои немаат засновано работен однос во Обвинителството. Лица кои немаат засновано работен однос денеска прават класичен политички прогон врз политички неистомисленици. Тие лица ја ја држат во заложништво ВМРО-ДПМНЕ, го имаат замрзноато имотот на партијата, рече Мицкоски. Запрашан дали ќе предложи измени во изборниот законик во врска со изборните единици, Мицкоски нагласи дека предлага 120 изборни единици, посочувајќи дека оној кој во првиот круг ќе освои најмногу гласови тој да биде претставник на граѓаните во рамите на Парламентот. Во однос на тоа дали за него е прифатлив предлогот на премиерот Зоран Заев да има една изборна единица, Мицкоски рече дека за него е прифатливо секое решение што ќе го зголеми демократскиот капацитет. – Прифатливо е секое решение кое ќе го зголеми демократскиот капацитет и квалитет, но и што ќе понуди гласот на граѓаните што ги бираат своите претставници да биде посилен и погласен и да биде тој глас што треба да ги застапува интересире на граѓаните кои што ги бираат тие претставници, рече Мицкоски. Посочи дека за изборниот законик се уште не се одржани никакви состаноци на ниво на меѓупартиски комисии и повторно повика да се одржат предврмени парламентрани избори./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Меси посвети гол на неговиот татко Лионел Меси го постигна првиот гол по светското првенство и му го посвети на својот неодамна починат татко.Интер Мајами како гостин освои бод против Филаделфија, играјќи без победник 2-2. В о единаесеттата минута домаќините поведоа со голот на Василев, Интер Мајами во 21-та минута преку Пинтер стигна до израмнување. Потоа, сргентинскиот волшебник Лионел Меси му донесе предност на тимот од Флорида во 26-та минута. Аргентинецот одлично се снајде во шеснаесетникот и го постигна својот прв гол во МЛС по светското првенство. Тоа воедно беше и првиот гол на Меси откако кратко отсуствуваше поради смртта на својот татко, кому и му го посвети погодокот. По 20 одиграни натпревари, Интер Мајами е втор на табелата во источната конференција со 39 бодови, додека Филаделфија е 13-та со 20 бодови.Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и МогилаИзутринава во земјава има пет активни пожари во Мариово кај село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила.Пожарот во депонијата во општина делчево е ставен под контрола. А изгаснати се 31 пожар. Центарот за управување со кризи информира дека регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а 31 пожар се изгаснати. Од УХМР најауваат топло време и температури до 39 степени. Апел од дирекцијата за заштита и спасување граѓаните да се посебно внимателни со фрлање отпуошци од цигари и работа со апарти кои предизвикуваат пожар и строго забрана за горење на стрништа..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска одлука за „училишна кошничка“ Пред стартот на учебната година, Владата денеска повторно ќе ја донесе т.н. училишна кошничка.Од МОН брифираат дека планиран е состанок со трговците на големо и мало за училишен прибор, со цел да ги координираат активностите и да разговараат за цените пред почетокот на учебната година. Лани, мерката за училишна кошничка наречена „Помалку трошоци, повеќе за вас“ важеше од 15 август до 15 септември и со неа беше договорено намалување на цените на основниот прибор и тетратките на учениците за 10-15 проценти, со што, според пресметките на владта, семејствата заштедија по околу 1.500 денари по ученик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook