Адвокатите на Катица Јанева вршеа увид во пи-мерките

Боки 13 и Зоран Милески Кичеец биле следени речиси еден месец пред да бидат уапсени. 

Ова се дел од доказите обезебедени со посебните истражни мерки кои им биле дадени на увид на адвокатите на екс специјалната обвинителка Катица Јанева. Освен снимките од безбедносните камери и аудио снимките на кои се слуша нејзиниот глас, тие потврдија дека ги виделе и ПИ мерките применети врз Јанева, односно дека и таа била следена десет дена пред да ја уапсат на 21 август.

Јанева очекува и одлукана судот за определениот притвор. Апелација го доби милсењето од Вишото јавно обвинителство откако адвокатите се жалеа на одлуката на Кривичен да и го продолжи притворот. Одлука ќе донесе утре. Но обжалена е и одлуката на судијата на претходна постапка од Кривичниот суд кој не ја прифати понудената гаранција во замена за поблага мерка. Адвокатите кои и денеска реагираа бидејќи не го виделе исказот на Кичеец а обвинителството ја заврши истрагата, очекуваат Јанева да замине во домашен притвор.

Екс шефицата на СЈО која е трето-осомничена за случајот Рекет своја одбрана најверојатно ќе даде до крајот на неделата. Откако ќе ги разгледа доказите одбрана, како што најави неговиот адвокат, ќе даде и прво-осомничениот Боки 13. Тие досега тоа не го сторија со образложение дека не ги виделе доказите со кои располага Обвинителството за организиран криминал.

Утре без вода дел од општина Чаир кај Скопски пазар

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека утре без вода ќе останат корисниците од ул. Покриен Пазар, дел од ул. Алберт Станиќ, Евлија Челебија, Самарџиска и Атанас Бабата во општина Чаир.

Жителите ќе останат без вода поради дефект на вентил на водоводна мрежа на булеварот „Крсте Мисирков" (Скопски пазар).

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата./МИА

Седум новозаболени во тетовско откако вчера немаше ниту еден нов случај

Тетовскиот центар за јавно здравје бележи седум нови случаи со коронавирус во изминатото деноноќие откако вчера немаше ниту еден нов заболен.

– Од седумте нови случаи пет се во рамки на општина Тетово и по еден човек заболен од населените села во општините Јегуновце и Брвеница, информира д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје Тетово.

Според податоците на Институтот за јавно здравје во тетовскиот регион има пет оздравени од Ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирана достигна 1064 додека активно болни се 222 луѓе./МИА

Казни за десет правни субјекти на охридското крајбрежје

Од Локалната самоуправа посочуваат дека и во текот на наредниот период инспекторатот ќе спроведува интензивни контроли на угостителските објекти и плажите на Охридското крајбрежје.

Општинскиот инспекторат од Охрид во текот на празничниот викенд, во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа заеднички контроли и извршија инспекциски надзор на плажите, угостителските и сместувачките капацитети, од аспект на почитување на законските прописи за поставување на урбана опрема и почитување на протоколите за превенција од Корона вирусот Ковид-19, при што се изречени казни на десет правни субјекти.

Станува збор за казни против пет правни субјекти од автокампот „Градиште" што ги прекршиле одредбите од Законот за градење при што за секој од нив е изречена глоба во износ од седум илјади евра во денарска противвредност. Инспекторите констатирале дека тие правни субјекти незаконски поставиле урбана опрема – тераси со и без натстрешници и покриени и непокриени шанкови, без одобрение за поставување на урбана опрема или спротивно на одобрението за поставување на урбана опрема.

Во текот на инспекцискиот надзор на делот од крајбрежјето на потегот во населбата „Свети Стефан" каде што во текот на изминатиот период се вршеше отстранување на бесправни градби, исто така од страна на општинските инспектори е утврдено законско прекршување, при што се изречени глоби против исто пет правни субјекти, со идентичен износ од по седум илјади евра во денарска противвредност.

Од Локалната самоуправа посочуваат дека и во текот на наредниот период инспекторатот ќе спроведува интензивни контроли на угостителските објекти и плажите на Охридското крајбрежје и ќе ги санкционира сите прекршувања на законските одредби. /МИА

притисни ентер