Нов скандал во СЈО на повидок: Се работело ли без почитување на безбедносните протоколи?

Во СЈО со години со дозвола на шефицата  Катица Јанева, се работело речиси без да се запазат безбедносните протоколи, тврдат за Канал 5 извори во институцијата.

Според безбедносниот правилник на СЈО, секој обвинител или истражител, кој имал потреба да подигне одреден доказ, пишан или особено аудио доказ од т.н. бомба, задолжително морал да пополни и архивира формулар на кој ќе биде назначено името на лицето кое го подига доказот, како и денот и часот на ова дејание, но имало многу случаи во кои ова не се почитувало. Вработените во СЈО едноставно во секој момент можеле да ги преслушуваат бомбите од било кој компјутер.

Истата процедура морала да биде запазена и кога се враќал доказот во депото односно архивата на СЈО. Информацијата на нашите извори вели дека оваа операција не се почитувала, односно за многу од материјалите не постои пишан траг кој и кога подигнал бомби за одреден предмет.

Дополнително, безбедносниот протокол предвидувал забрана за вмрежување на компјутерите во СЈО, пред се за да се избегне протекување на бомбите, истовремено вработените неовластено да вршат увид во работата на своите колеги. Но и оваа безбедносна мерка воопшто не била почитувана, односно само мал број на компјутери не биле вмрежени, како што е оној во архивата.

Изворите тврдат дека голем број на обвинители дури и ги изнесувале аудио бомбите и си ги носеле дома за, како што објаснувале, во мирна атмосфера да работат на нив.

На крај, во моментот кога беше детонирана аферата Рекет, лично Катица Јанева барала да се бришат форензички голем дел од компјутерите, што веќе е и познато на јавноста..

Но Јанева, според нашите извори не застанала тука.. Барала со помош на антидатирање, да се подготват приемни формулари, за наводна запазеност на безбедносниот протокол, при што сите вклучени обвинители и истражители, требале да се потпишат и лажно да потврдат дека во 2015, 2016 земале документи и аудуо “бомби” за обработка, што претставува сериозно кривично дело. Нашите извори тврдат дека само екстремно мал број на вработени се согласиле на ова, додека поголемиот дел одбиле.

Канал 5 контактираше со прес службата и дел од поранешните обвинители во СЈО. Тие тврдат дека лично Катица Јанева ги делела бомбите по претходно направен распоред по обвинители и истражители, но уверуваат дека можноситте за злоупотреби биле речиси невозможни.. Потврдуваат дека компјутерите биле вмрежени, но достапни биле само материјалните докази, но не и бомбите кои се чувале под посебен режим..

Од СЈО официјално остануваат на ставот дека се почитувале безбедносните протоколи, но засега нема начин како да се утврди вистината, со оглед дека станува збор за податоци недостапни за медиумите.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер