Лукаревска: Од институција за репресија и пресметки, УЈП денес е партнер со фирмите и носител на концептот „Парите кај граѓаните“ - Канал 5

Лукаревска: Од институција за репресија и пресметки, УЈП денес е партнер со фирмите и носител на концептот „Парите кај граѓаните“

СДСМ како одговорна партија, пред граѓаните презеде обврска за професионализација на државните институции и зајакнување на нивните капацитети.

Лукаревска: Од институција за репресија и пресметки, УЈП денес е партнер со фирмите и носител на концептот  „Парите кај граѓаните“

Изминатите 2 години Управата за јавни приходи беше соочена со решавање на низа проблеми и недостатоци како резултат од лошото работење во изминатите години, но паралелно и со реализирање на повеќе реформи во корист на даночните обврзници.

Во УЈП начекавме урнисан систем, непрофесионално работење и злоупотреби на позиции поради што нашата примарна цел беше насочување на капацитетите кон основната надлежност на Управата за јавни приходи, а тоа е прибирање на даноците и трансформација на институцијата во современа и модерна даночнa администрација.

Управата за јавни приходи беше синоним за репресија, уцени, закани и беше во служба на ВМРО ДПМНЕ за пресметување со неистомислениците.

Додека едни фирми се фаворизираа, други беа уценувани, рекетирани и репресирани, поради што се презедоа мерки и сега имаме видоизменета структура по однос на инспекторирањето и севкупното работење на Управата!

Презедовме мерки во насока на зголемување на довербата на даночните обврзници во Управата за јавни приходи.

Денес УЈП е отворена институција и за фирмите и за граѓаните, одговорна за реализација на реформи кои се од корист на граѓаните, на сите даночни обврзници!

Тоа го потврдуваат фактите и бројките.

Повратот на ДДВ кон фирмите се врши редовно и неселективно кон секој даночен обврзник.

Така што во 2019 заклучно со август извршен е поврат за 49.7 отсто повисок во однос на 2016 година. Односно годинава во стопанството се инјектирани 17 милијарди ,43 милиони денари (17,042,453,348), додека во 2016 година во истиот период, повратот изнесувал 11 милијарди 906 милиони денари (11,905,621,064).

Во изминатиот период УЈП разви и Модул за автоматски поврат на ДДВ кон фирмите и пребивање на претплата на даноци кон сите даночни обврзници преку којшто целосно се намалува можноста од субјективност во постапката.

За граѓаните овозможивме едноставни и лесни процедури при пријавувањето на Годишни даночни пријави преку воведувањето на електронскиот систем е-ПДД. Имено, оваа година Управата за јавни приходи за прв пат ги изготви Годишните даночни пријави на граѓаните кои се регистрирани на системот е-Персонален данок. Со оваа реформа граѓаните се ослободени од административните процедури и долгото чекање на шалтери, а исто така имаат увид во своите приливи, платени или неплатени придонеси како и можност за коригирање на податоците од дома.

Преку овој електронски систем веќе од 1 Јануари 2018 -та исплатувачите на приходите до Управата за јавни приходи доставуваат пресметки на аконтации на данокот на доход, коишто треба да ги платат при исплата на приходите на граѓаните. Со овој процес се олесни и се скрати постапката за пресметка и се елиминира можноста за настанување на грешки при уплата на данокот и можноста за појава на непрокнижени или погрешно прокнижени уплати на данокот.

За фирмите и за граѓаните Управата за јавни приходи ги обезбеди и услугите „ЗАКАЖИ СРЕДБА" и „ИНФОРМА" преку којашто секоја заинтересирана странка има можност он-лајн да закаже средба со даночен агент во време кое нему му одговара.

УЈП е една од клучните институции во реализација на една од главните мерки во Програмата на СДСМ, Парите назад кај граѓаните.

Ја укинавме радиодифузната такса којашто претставуваше несоодветен административен товар на Управата за јавни приходи и трошок на граѓаните, а од 1 јануари 2019 година го спроведуваме и прогресивниот данок што ги опфаќа најдоходовните еден процент од населението во Република Северна Македонија кои имаат вкупна ефективна даночна стапка која е пониска од стапката на останатите и што не беше праведно, тие кои добиваат најмногу од општеството, да плаќаат најмалку.

Почитувани граѓани,

Од 1 јули Управата за јави приходи ја спроведува и мерката МојДДВ за поврат на 15 отсто од платеното ДДВ назад кај граѓаните. Креирана е мобилна апликација под името МојДДВ преку којашто граѓаните може да ги скенираат фискалните сметки со што го остваруват правото на поврат на 15 % од платениот ДДВ.

Со задоволство може да се пофалиме со успешноста на МојДДВ и согласно податоците да заклучиме дека мерката веќе ги дава резултатите за целите за кои е воведена – влијае на намалување на сивата економија и враќа пари на граѓаните.

Заклучно со 19.09.2019 скенирани се 19,905,878 фискални сметки, остварен е промет од 10,073,372,640 ден ,вкупен ДДВ 1,093,180,972 ден , додека повратот на 15 % од платениот ДДВ изнесува 163,977,146 ден или 2.666.000 ЕУР.

Само во првите месеци од воведувањето на МојДДВ, јули и август, наплатата на ДДВ е зголемена за 10 % во однос на минатата година.

Податоците говорат и дека вкупната наплата на даноци од година во година расте.

За илустрација, наплатата на вкупниот даночен приход во 2019 година заклучно со август изнесува 53,4 милијарди денари што е за 9, 2 милијарди денари повеќе , односно за 20.08 отсто повисока во однос на истиот период во 2015 -та година.

Со цел професионално, обејктивно, непристрасно и продуктивно работење, Управата за јавни приходи тежнее и работи кон целосна дигитализација на процесите.

Како донација од австриската Агенција, во Генералниот даночен инспекторат во примена е софтвер за Евалуација на Ризици, којшто овозможува електронска селекција на даночни обврзници за контрола врз претходно утврдени критериуми за ризик. Со овој софтвер значително се намалува човечкиот фактор, а со тоа и субјективноста во процесот на селекција на даночни обврзници кај кого ќе се врши контрола.

Со ова Управата за јавни приходи е во позиција да врши квалитетни и ефикасни контроли кои за разлика од минатото не служат за сеење страв,туку се насочени кон откривање на реални нерегуралности во работењето на даночните обврзници.

Наместо драконски казни и репресија, посветени сме и на делот на превенција.

Во изминативе 2 години, Управата за јавни приходи успеа да изгради партнерски однос со приватниот сектор, со граѓаните и здруженијата со цел заеднички да придонесуваме за стабилно економско општество.

Така што, со предложените измени и дополнувања на Законот за данокот на добивка коишто се во примена од Јануари 2019 година, со цел да се овозможи донирање во спортот преку системот на ваучери, се воведе можност за даночниот обврзник кој донирал финансиски средства на спортски субјекти врз основа на ваучер добиен од спортскиот субјект, да му се намали пресметаниот данок на добивка во износот на извршената донација, но најмногу до 50% од пресметаниот данок.

Со цел да се даде поддршка за развој на земјоделството, од 1 јануари 2018 година лицата кои остваруваат приходи од продажба на сопствени земјоделски производи имаат право на враќање на платениот данок за остварените приходи од земјоделска дејност, доколку во текот на една календарска година тие приходи се помали од 1.000.000 денари.

Во наредниот период Управата за јавни приходи ќе биде надлежна и за спроведување на новата мерка за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување за работодавачите кои ќе извршат зголемување на платата за своите вработени.

Управата за јавни приходи е главниот столб за обезбедување средства во буџетот на Република Северна Македонија!

Сите капацитети на Управата се насочени кон реализирање на добра наплата, фер однос и поврат на дел од ДДВ кај граѓаните и фирмите и намалување на сивата економија со цел да создадеме поволна бизнис клима во која успешно ќе се развиваат малите и средни бизниси, како и целокупното општество.

Токму затоа потпишавме и Меморандуми за соработка со, Сојузот на Стопански Комори на Македонија со косовската и црногорската даночна администрација, а во преговори сме за потпишување на меморандуми за соработка и со други даночни управи од соседството и институции се со цел откривање на даночна евазија преку размена на информации.

Сите досегашни реализирани проекти се постулати за идниот реформски процес на Управата за јавни приходи во чиј фокус и натаму ќе бидат подобрени услови и услуги за граѓаните и сите даночни обврзници!

Како партија предводник на промените, остануваме посветени на реализација на мерки што ги професионализираат институциите, но истовремено обезбедуваат и придобивки за граѓаните.

За нас, зборот важи!

Сања Лукаревска, членка на Централниот Одбор на СДСМ

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема дупка се отвори пред луксузната вила на Николас Кејџ, наредена е итна евакуација

Силна бура што го погоди брегот на Лос Анџелес сериозно им се закани на неколку домови во Малибу, вклучувајќи ја и вилата на Николас Кејџ. 

Голема дупка се отвори пред луксузната вила на Николас Кејџ, наредена е итна евакуација

Голема дупка во земјата се отвори во непосредна близина на домот на актерот, поради што властите наредија евакуација на жителите од погодената област.

Бурното море, плимата и силните бранови предизвикаа уривање на дел од брегот и приодите кон куќите лоцирани покрај океанот. Вилата на Кејџ, вредна 10,5 милиони долари, е еден од петте имоти што се обележани со црвена ознака, што значи дека во моментов се забранети поради безбедносни ризици.

Голема дупка се отвори веднаш до куќата

Според Page Six, пред имотот на актерот имало дупка широка и долга околу девет метри. Фотографиите направени на местото на настанот покажуваат дека срушената област е многу блиску до куќата.

Скеле може да се видат и околу вилата, што укажува дека одредени работи веќе биле во тек на имотот пред бурата дополнително да ја искомплицира ситуацијата.

За среќа, никој не е повреден во уривањето. Сепак, обемот на штетата и заканата од понатамошни лизгања на земјиштето беа доволни градот Малибу да прогласи вонредна состојба во вторник вечерта.

„Наредба за евакуација е на сила за сите погодени имоти. Шерифските заменици лично ги известија жителите и е издадено дигитално предупредување“, се вели во официјалното соопштение.

Службите за итни случаи се обидуваат да спречат понатамошно уривање

Екипите на терен се обидуваат да го обезбедат срушениот дел од брегот пред следната плима бидејќи постојат стравувања дека морето би можело да однесе повеќе земја и дополнително да ги загрози домовите.

Штетата на цевките за природен гас беше откриена и за време на интервенцијата, но дефектот оттогаш е поправен.

Според „Њујорк пост“, бурата што го погоди брегот на Лос Анџелес во вторник е поврзана со остатоците од ураганот Мари.

Кејџ ја купи куќата во Малибу во 2024 година за 10,5 милиони долари. Вилата е од околу 370 квадратни метри и се наоѓа веднаш до океанот. Меѓу нејзините главни адути се погледот на морето и приватната тераса на покривот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп се воодушеви од победата на АфД- Мерц се налути и му го откажа телефонскиот разговор

Германската влада го одложи планираниот телефонски разговор меѓу канцеларот Фридрих Мерц и американскиот претседател Доналд Трамп за претстојната годишнина од нападите на 11 септември.

Трамп се воодушеви од победата на АфД- Мерц се налути и му го откажа телефонскиот разговор

Германската влада го одложи планираниот телефонски разговор меѓу канцеларот Фридрих Мерц и американскиот претседател Доналд Трамп за претстојната годишнина од нападите на 11 септември, изјави портпаролот на владата, додавајќи дека не е одреден нов датум за разговорот.

Портпаролот не даде причина за одложувањето.

Во вторник, Трамп ја припиша победата на крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AфД) на неделните покраински избори во Саксонија-Анхалт на германските правила за имиграција, кои ги опиша како „ужасни“.

Трамп е воодушевен од победата на AfD

„Воау! Популистичката партија во Германија штотуку имаше навистина голема ноќ“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, осврнувајќи се на неделните избори. Трамп не ја спомена конкретно AfD, но беше јасно на која партија мислеше.

AfD и нејзините поддржувачи се презаситени од „апсолутно ужасните правила за имиграција“ на Германија, рече Трамп. „ТИЕ СЕ ВО ПОГОЛЕМУВАЊЕ и повеќе нема да го толерираат тоа“, напиша тој.

Џ.Д. Венс се сретна со лидерот на АфД

Откако Трамп ја презеде функцијата во јануари 2025 година, се смета дека АфД има поблиски врски со Вашингтон од кога било досега. Копретседателката на АфД, Алис Вајдел, го опиша Трамп како пример за углед по неговото враќање во Белата куќа, а претставници на АфД отпатуваа во Вашингтон за неговата инаугурација.

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, се сретна со Вајдел на маргините на Минхенската безбедносна конференција во февруари 2025 година. На конференцијата, Венс предупреди дека исклучувањето на популистичките партии и градењето политички „заштитни ѕидови“ ризикуваат игнорирање на волјата на милиони гласачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар во близина на Карпош 4 (ВИДЕО)

Попладневно избувна голем пожар во Карпош 4 во Скопје , во близина на бунарите Лепенец. 

Голем пожар во близина на Карпош 4 (ВИДЕО)

Голем пожар избувна пред половина час во близина на бунарите Лепенец, покрај кејот на Вардар во Карпош 4.

Според видеата, се гледа голем пожар и чад што зафати сува трева и грмушки во близина на објектот на ЈП Водовод.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер