Криминал од „соништата": Како човек без ден стаж и без ниедна трансакција на сопствена сметка, рекетираше половина држава?

Боки Тредичи и Сињора Катица последователно во Понеделник и Вторник ќе одат на „муабет" кај Вилма Рускоска.

Јавноста во Македонија како да не може да поверува во капацитетите на Бојан и Катица и нивната умешност да изнудат пари на ваков начин, и како да бара нови „жртви"

Кој е „Големото Око" на оваа акција? Можно ли е познати бизнис „ѕверки" да паднат на фоловите на Боки 13, а притоа да немаат дополнителен притисок?

Извори блиски до пријателите на Боки тврдат дека тој до ден денешен нема ниту ден работен стаж, дека никогаш немал ниту денар на својата трансакциска сметка, која патем повеќе години му е блокирана?

Како е можно политичката елита но и бизнис заедницата, заедно со т.н. новинарски ведети да не го знаат овој момент ? Или дали сево ова им било познато но имале дополнителен „мотив" ?

До нашата редакција доаѓаат огромен број на информации поврзани со овок мега скандал , особено оние кои се поврзани со исказите на лицата кои давале исказ во обвинителството.

Во интерес на истрагат, но и со цел да не повредиме некој од законските прописи во Македонија, а особено поради фактот што немаме конкретни докази за истите, нема да објавиме ниту една од тие непроверени и непотврдени информации.

Но доколку има барем малку вистина во нив, сигурни сме дека исказите на една повозрасна госпоѓа, еден бизнисмен од југот на земјава како и исказот на една друга госпоѓа ќе бидат сериозно интересни за обвинителката Вилма Русковска

Особено интересен е моментот на распит на една продавачка од салон за мебел. Логиката вели дека е повикана затоа што Боки Тредичи најверојатно купувал мебел во истата плаќајки во кеш. Но дколку плаќал во кеш сума поголема од 500 евра, дали тоа го правел и за другиот движен и недвижен имот?

На крај , дали јавноста ќе дознае зошто дел од бизнис заедницата правела договори со Меѓународниот Сојуз на Боки 13 , и дали парите ги префрлале на приватни сметки?

Мега скандалот познат како „Рекет“ изгледа дека навистина за некого ќе биде „пандорина кутија", како што впрочем и најави  Бојан Јовановски во своето последно, засега, интервју , на телевизијата на својот татко и Јасна Мандиќ.

Истражување: Еден процент од граѓаните можат да купат стан, 12 немаат ниту за храна

Само еден процент од граѓаните во земјава може да си дозволат да купат стан или викендичка, 57 отсто имаат доволно за храна и облека, 12 проценти немаат доволно средства ниту за храна, 44 проценти немаат средства за штедење.

Ова се резултатите од истражувањето за финансиска писменост кое е спроведено од Истражувачкиоит институт – Тим институт, а денеска беа претсавени од Асоцијацијата на финансиски друштва, која е барател на истражувањето.

Филип Димитровска, претседател на Асоцијацијата потенцира дека иако голем дел од населението немаат средства, истражувањето покажува дека мал дел од нив ги користат расположливите финансиски услуги, но во исто време и не располагаат со информации за можнсотите што им се нудат.

-Тоа е евидентно во резултатите дека само шест отсто земале кредит од небанкарско финансиско друштво во изминатите 12 месеци и високи 52 отсто не користеле ниту една финансиска услуга од понудените во изминатите три години.

Димитровски посочи на растот на финансиските друштва, кои пак учествуваат само со 0,44 отсто од финансискиот сектор. Го наведе податокот од истражувањето дека две третини од оние кои зеле кредит од финансиско друшто се изјасниле дека доколку тоа не постоеле ќе позајмеле од роднини или пријатели.

Корисници на услугите од финансиските друштва се шест проценти од кредитоспособното население. Најчесто, како што рече Димитровски, ги одбираат услугите на финансиските друштва заради брзината на работењето, полесни поразбирливи услуги, подобра вредност за парите и желбата да пробуваат нови иновативни финансиски услуги. Најчеста причина заради која ги земаат средствата се поправки во домот, итни поправки и слично, различни поважни набавки како мобилен, апарата за домаќиснтва, домаќинство, мебел. итн и сервисирање на други обврски./МИА

„Катимерини": Ќе се формира меѓународна комисија на експерти за трговските ознаки

Формирање меѓународна комисија на експерти е предвидено со Договорот од Преспа и како таква ќе се промовира, пишува денешното издание на грчкиот весник „Катимерини".

Весникот се повикува на надлежни извори, во однос на отворената дискусија откако Грција го промовираше слоганот и логото за производите од северниот дел на земјата под етикетата „Macedonia the Great", јави дописничката на МИА од Атина.

Истите извори посочија дека премиерот Киријакос Мицотакис јавно најави формирање на  меѓународна комисија за оваа цел. Во секој случај, прашањето за трговските имиња е особено сложени прашање и ќе биде потребно време, но и активно вклучување компаниите, пишува „Катимерини".

Весникот објаснува дека дискусијата почнала во неделата кога, „Министерството за надворешни работи на Македонија издаде соопштение во кое ја обвини грчката влада за еднострани активности" за кампањата „Macedonia the Great".

Паралелно, „Катимерини" пренесува и дел од ставот на нашето МНР за Радио Слободна Европа, но и дел од вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев./МИА

Зголемување на капацитетот на Охридскиот аеродром и Стратегијата за транспарентност на владина седница

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи редовната 166-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес за граѓаните.

На оваа седница Владата ќе ја разгледа информацијата во врска со барањето за согласност на ТАВ Македонија за зголемување на капацитетот на аеродромот „Св. Апостол Павле" Охрид.

Владата на Македонија за оваа седница на дневен ред ја има точката Информација со текст на Предлог-закон за стратешки инвестиции во Република Македонија, како и Предлог-стратегијата за транспарентност на Владата на Република Македонија за што Владата треба да донесе мислење.

На предлог на Министерство за труд и социјална политика на оваа седница ќе биде разгледана Предлог-уредбата за методологијата за утврдување на критериумите за распределба на блок дотации за јавните установи за деца-детски градинки и центри за ран детски развој во состав на јавни детски градинки по општини за 2020 година, а Министерството за здравство ќе ја презентира информацијата со барање за отпочнување постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка и акционен план за Реализација на проект за изградба на два нови болнички објекта за потребите на ЈЗУ Психијатриска болница во Демир Хисар.

На агендата за оваа 166-та седница е и информацијата за добивање на одобрение за отпочнување на постапка за јавна набавка за склучување на повеќегодишен договор за продолжување со изградба на ООУ „Димитар Македонски", Општина Аеродром, Скопје, на Министерството за образование и наука.

Министерството за надворешни работи за оваа седница ги става точките Предлог-одлука за давање согласност за отворање Генерален конзулат на Република Албанија во Република Македонија, со седиште во Струга, и Предлог-одлука за отворање Генерален конзулат на Република Косово во Република Македонија, исто така во Струга./МИА

притисни ентер