Претставници на Националното здружение за МС одржаа состанок со министерот Филипче

Претставници на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза денеска одржаа состанок со министерот за здравство Венко Филипче .

на состанокот разговараа за актуелните потреби и грижата за пациентите со мултипла склероза (МС) кај нас, информираат од Здружението.

Националното здружение му се заблагодари на министерот и неговиот тим за континуираната грижа за пациентите со мултипла склероза, како и унапредувањето на квалитетот на живот, и му врачи благодарница, пред сè поради зголемување на достапноста на лекови за мултипла склероза.

Како што соопшти Здружението, според податоците од ЈЗУ Универзитетската клиника за неврологија, Скопје во октомври 2017 година имало 362 пациенти на терапија, додека денес се вкупно 516 пациенти, а тоа е раст на бројот на пациенти на третман за 42 отсто.

Од Здружението го информирале министерот за идните активности, „Национални денови за МС", и го поканиле да земе активно учество.

Министерот, наведуваат од Здружението, изразил подготвеност да им помогне во унапредување на квалитетот на живот на пациентите со МС и нивните семејства.

– Ова го сметаме како позитивен сигнал дека пациентите се секогаш во фокусот на заложбите на Министерството и дека во иднина ќе се решат дел од нашите проблеми и потреби, се наведува во соопштението. /МИА

Секс-бомбата бара момче: Треба да биде богат и убав

Откако пропадна љубовната врска на познатата манекенка Ирина Шајк и играчот на НФЛ Том Брејди, таа сега бара ново момче, изјави извор за „Page Six“.

- Потребна и е позната личност која изгледа добро и има пари. Колку такви има? Пет, десет? - изјави изворот.

Изворот како една од можностите го предложи од неодамна слободниот Том Круз. Ѕвездата од „Топ Ган“ неодамна раскина со Русинката Елсина Каирова.

Извор: Аваз

Анкета: Поддршката за членството на Полска во ЕУ - најмала во последнава декада

Поддршката за членството на Полска во Европската Унија падна на најниско ниво во повеќе од една деценија, според анкетата објавена денеска.

Според најновата анкета на институтот ЦБОС, и покрај победата на про-ЕУ коалицијата, поддршката за членството на земјата во Унијата падна на 77 отсто, што е најниско ниво од 2013 година.

Поддршката лани беше 85 отсто, а најголема беше во 2022 година, кога изнесуваше 92 проценти.

Про-ЕУ коалицијата дојде на власт во Полска на изборите во октомври по осум години владеење на партијата Право и правда (ПиС), ветувајќи дека ќе ги поништи законите воведени од десницата.

ПиС често беше во судир со западните сојузници на Полска и институциите на ЕУ во Брисел поради нивната загриженост за владеењето на правото во оваа земја. /МИА

Претставник на ОН тврди дека ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Газа

Претставникот на Обединетите нации, Пјер Лодамар денеска изјави дека ќе бидат потребни 14 години да се расчисти огромното количество урнатини, вклучително и неексплодирани експлозивни направи, што ги остави Израел за време на војната во Појасот Газа.

Лодамар, висок офицер во Службата за мини на ОН (УНМАС), на брифинг во Женева рече дека војната оставила околу 37 милиони тони отпад во широко урбанизирана, густо населена област.

Тој истакна дека иако не е можно да се одреди точниот број на неексплодирани убојни средства се смета дека под одредени услови, би можеле да бидат потребни 14 години да се расчистат остатоците, вклучувајќи ги и урнатините од уништените згради.

„Знаеме дека вообичаено има стапка од 10 проценти за неуспех, односно неактивирање на муницијата. Станува збор за 14 години работа со 100 камиони“, рече Лодамар. /МИА

притисни ентер