Џорџ Клуни ќе се бори против корупцијата во Јужен Судан

,,Не знам дали САД и ЕУ можат да ја запрат корупцијата , но секако може да ја направат многу потешка “ , рече Клуни на прес конференцијата.

Американската филмска ѕвезда , Џорџ Клуни ја повика вчера меѓународната заедница да интервенира против корупцијата во Јужен Судан. Тој ги критикуваше мултинационалните компании , магнатите , странските влади и домашните власти за формирање корупциска мрежа во оваа сиромашна африканска земја.

Презентирајќи го извештајот на антикорупциската невладина организација „ The Sentry “ на прес конференција во Лондон, ги повика Соединетите држави и Европската унија да ги казнат одговорните за корупција и нивните мрежи во таа земја.

„Мислам дека (САД и ЕУ) треба да сторат повеќе. Не знам дали можам да го спречам тоа (корупцијата), но секако можат да го отежнат“, рече тој на прес-конференцијата во Лондон, на која присуствуваше и неговата сопруга Амал, адвокат за човекови права.

Во извештајот на 64 страници со наслов „Окупација на Јужен Судан“, американска невладина организација обвинува голем број претприемачи и мултинационални компании дека се „воени профитери“ кои „рака под рака со домашното политичко и воено раководство“ ја уништуваат најмладата земја на светот.

„Овие профитери вклучуваат големи кинески и малезиски нафтени компании, британски магнати и американски претприемачи без чија помош ужасите не би се случиле во таков обем“, рече Клуни, кој долго време се залага за казнување на воените злосторства во Дарфур, западен Судан.

Јужен Судан, најмладата земја на светот прогласи независност во 2011 година, но две години подоцна, избувна граѓанска војна во која, според неодамнешната студија, загинале 380.000 луѓе, а повеќе од 4 милиони се раселени, што е скоро една третина од населението.

10 градови во Кина од денеска во изолација поради коронавирусот

Околу 30 милиони луѓе во 10 кинески градови од денеска се во изолација. Кина го проширува карантинот, кој треба да го спречи ширењето на корона вирусот. 

 Со затворање на приодите и целосен прекин на јавниот сообраќај се соочија повеќе градови во централната провинција Хубеи. Најдраматично е во 11-милонскиот Вухан, кој веќе нема капацитет да ги прими илјадниците пациенти, кои буквало ги преплавија болниците за да ја проверат здравствена состојба. 

-Сите што доаѓаат по резултати од тестови нека го следат ова момче до влезот и нека се наредат. Бидете трпеливи, вели на снимката жена од медицинскиот персона.

-Имам висока температура и кашлица. Се плашам дека сум заразен, изјави жител на Вухан

-Вухан е огромен град со огромна популација. Болничките капацитети не можат да ја издржат актуелната состојба, вели жител на Вухан

Но, властите во Вухан експресно одговорија на потребите. Со десетици багери и булдожери веќе почнаа изградба на специјална болница со капацитет за 1.000 луѓе, која треба да биде готова за најмногу пет дена. Бројот на починати е 26, најмладата жртва е 48, а најстарата 69 години. Вирусот почна брзо да се шири во последниве пет дена, кога од 100 билансот на заразени се искачи на 850. Заразата веќе се прошири во Тајланд, Јужна Кореја, Виетнам, Јапонија, Тајван и САД, а се уште не се потврдени 14-те сомнителни случаи во Британија. Светската здравствена организација синоќа соопшти дека се уште е рано да се прогласи вонредна состојба на меѓународно ниво, иако не исклучува можност за тоа.

-Да бидеме јасни. Иако постои вонредна состојба во Кина, се уште не се работи за глобална вонредна состојба, но има можност да стане. Засега нема докази за пренесување на вирусот од човек на човек надвор од Кина., вели Тедрос Аданом, генерален секретар на СЗО

Досега се знае дека вирусот мутира, се шири и за него нема вакцина. Дел од научниците сметаат дека можен извор на заразата може да се змиите или лилјаците.

Сека Алексиќ ги разнежни фановите со семејна фотографија

Пеачката Сека Алексиќ и нејзиниот сопруг Вељко Пиљикиќ пред некој ден по втор пат станаа родители.

Пеачката на свет донесе уште едно момче, кое одлучиле да му го крстат Јован. Сека својата среќа веднаш ја сподели на социјалните мрежи објавувајќи фотографија со бебето по породувањето.

Пеачката повторни ги разнежни своите фанови, и тоа со семејна фотографија на Инстаграм упатувајќи емотивна порака.

-Господе, благодарни сме секоја минута, секоја секунда за овој подарок! Благословен да си, сине наш, нека те штити Св. Јован каде и да чекориш низ животот, мама и тато се тука да се грижат за тебе и да те негуваат, како и братот Јаков. Имаш вистински заштитни дома, кој со нетрпение те чека, твојот брат, стои во објавата на пеачката.

Оваа фотографија предизвика лавина позитивни коментари. Бројни фанови на Сека Алексиќ преку коментари и ја честитаа приновата на пеачката.

Форд Мондео не е „мртов“, нова генерација доаѓа во 2021

Иако се шпекулираше дека Форд целосно би можел да го укине овој модел, сепак изгледа дека се подготвува нов Мондео.

Со само 30.782 продадени примероци во првите девет месеци од 2019, Форд Мондео не може да се пофали дека се носи добро со конкуренцијата во „Д“ автомобилскиот сегмент во Европа.

За споредба, лидерот во оваа класа Фоксваген Пасат, во истиот период е испорачан во 90.621 примерок во Европа а второпласирана е Шкода Суперб со 51.734 примероци.

Така Мондео заврши на петто место во класата, малку пред Пежо 508.

Сепак, според пишувањата на магазинот „Аутокар“, тоа би можело да се промени со новата генерација на Мондео, за оја овој извор тврди дека ќе пристигне во втората половина на 2021.

„Аутокар“ се повикува на интерен документ од европската филијала на Форд кој се појавил на интернет, а во кој се споменува фабричката ознака „ Mondeo CD542“ меѓу моделите за 2022 година. Инаку ознаката „CD542“, претходно е користена за наследникот на Форд Фјужен (американската верзија од актуелниот Мондео), од кој Форд во меѓувреме се откажа.

Се верува дека наследниот на сегашниот европски Мондео ќе користи „C2“ модуларна механичка платформа, на која е заснован новиот Фокус.

притисни ентер