Општина Охрид : При крај се подготовките за уривање на дивоизградените објекти - Канал 5

Општина Охрид : При крај се подготовките за уривање на дивоизградените објекти

При крај се подготовките за започнување на акцијата за уривање на дивоизградени објекти на подрачјето на Општина Охрид,опфатени во регистарот.

Општина Охрид : При крај се подготовките за уривање на дивоизградените објекти

При крај се подготовките за започнување на акцијата за уривање на дивоизградени објекти на подрачјето на Општина Охрид,опфатени во регистарот кој беше изготвен според препораките од состанокот на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.За поефикасна координација на акцијата денеска се одржа средба на Градоначалнкот Константин Георгиески со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот без ресор Едмонд Адеми и нивните соработници.

Според динамичниот план паралелно ќе се рушат дивоградбите кој што се во тек и оние опфатени со регистарот на дивоизгредени објекти во охридското подрачје.

На почетокот,ќе се отстрануваат објекти кај кои не постојат правни пречки. Акцентот, како што беше речено, ќе биде ставен на активните дивоградби и објектите во активната зона на НП „Галичица“ и крајбрежјето

На средбата беше изразена согласност, активностите на Општина Охрид во справувањето со нелегално изградените објекти дека ќе бидат поддржани од надлежните државни институции , а се ќе се одвива со постојана меѓусебна координација, соопштува општината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. 

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните од западен, кој наместа повремено ќе засилува, а долж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во текот на новата седмица ќе преовладува топло време. Во вторник ќе има локален развој на нестабилна облачност, а во среда на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од четврток ќе преовладува сончево време со променлива облачност во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху му го честита 80-тиот роденден на Трамп: „Мирот доаѓа преку силата“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес му го честиташе 80-тиот роденден на американскиот претседател Доналд Трамп со пораката дека „мирот доаѓа преку силата“.

Нетанјаху му го честита 80-тиот роденден на Трамп: „Мирот доаѓа преку силата“

„Среќен роденден, Доналд“, напиша Нетанјаху на мрежата „X“, истакнувајќи дека роденденот на Трамп оваа година доаѓа во „соодветно време“, кога „Америка, голема нација изградена врз слободата и верата слави 250 години слобода“.

Нетанјаху рече дека мирот доаѓа преку силата, што е можен коментар за новиот Меморандум за разбирање со Иран.

„Ви посакувам континуирана сила и енергија додека ја водите Америка кон светла иднина на мир постигнат преку силата и додека продолжуваме да го воздигнуваме сојузот САД-Израел на сè поголеми височини“, напиша Нетанјаху.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

КОВЗРГ ќе ја одбележи 40-годишнината од упокојувањето на Архиепископот Ангелариј

Настанот ќе се одржи во храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје.

КОВЗРГ ќе ја одбележи 40-годишнината од упокојувањето на Архиепископот Ангелариј

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, во соработка со Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на 15 јуни 2026 година ќе организира одбележување на 40-годишнината од упокојувањето на блаженоупокоениот Архиепископ охридски и македонски г.г. Ангелариј.

Настанот ќе се одржи во храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје, каде што се наоѓа вечното почивалиште на Архиепископот Ангелариј, со почеток во 10:00 часот.

Во рамките на одбележувањето ќе биде отслужен помен со кој ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на архиереи и свештенство. По поменот е предвидено кратко обраќање на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, по што ќе следи полагање свежо цвеќе пред гробот на Архиепископот Ангелариј.

Одбележувањето претставува израз на почит кон животот, духовното дело и историското наследство на Архиепископот Ангелариј, кој со своето архипастирско служење остави значаен белег во современата историја на Македонската Православна Црква.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер