Шеста жртва на невремето во Шпанија (ВИДЕО)

41- годишен маж загина на југоистокот на Шпанија , а локалните власти јавуваат дека тој е шестата жртва на поплавите , што ја погодија земјата.

Над 1100 војници се распоредени во областа Мурсија и Валенсија , за да им помогнат на луѓето кои се отсечени или кои се евакуираат поради поплавите и невремето. Последната жртва е од местото Орихуела , на 55 километри од Аликанте , каде жителите го посети премиерот Педро Санчез.

„За жал, тагуваме по уште една жртва во Орихуела“, напиша Санчез на Твитер.

Претходно, тројца мртви мажи беа пронајдени во петокот. Меѓу нив беше и еден човек кој се обидувал да вози низ поплавен тунел. Во четвртокот две лица загинаа додека автомобилите им ги однеле надојдените води.

Националната агенција за временска прогноза сè уште има предупредување за ризик од трет степен од максималните четири, за неколку региони во централна и јужна Шпанија.

притисни ентер