Дескоска им порача на пратениците државните интереси да ги стават пред партиските. Законот за јавно обвинителство, вели, сега кога се реши судбината на предметите на СЈО веќе не е ургентен, но е потребен за реформа во правосудството.
За опозицијата денешното преземање на предметите е незаконско. Одбивањето на нивните предлози за Законот за јавно обвинителство, според партијата, е доказ дека премиерот се плаши од кадровски решенија кои нема да се во корист на владините функционери.
Предметите на СЈО мора да добијат разврска, но и сите нови поврзани со корупцијата – смета евроамбасадорот Самуел Жбогар.
Решение за иднината на СЈО сè уште не е постигнато. Но, немањето решение не е решение. Подобро сега отколку подоцна, политиката мора да се договори како овие случаи ќе продолжат кредибилно и независно. Законската одговорност за случаите на СЈО мора да се финализира.
Најава за нова лидерска средба засега нема. И од двете страни велат дека нема да ги поминат црвените линии во позициите. Собраниската процедура е со скратени рокови, но нема да продолжи без да се најде решението за законот.