Премиерите од Вишеградската група: Македонија и Албанија час поскоро да ги започнат преговорите со ЕУ за полноправно членство

Премиерите на државите кои се дел од Вишеградската група преку декларација од ЕУ бараат Македонија и Албанија час поскоро да ги започне преговорите со унијата за полноправно членство. 

Интеграцијата на Западен Балкан според дел од нив е најсилна гаранција за безбедноста и просперитетот на регионот, а со влезот на државите од западен Балкан ќе се спречи и нелегалната миграција кон земјите од Западна Европа.

,,Ако Европа не заспиеше и до сега ги вклучеше Северна Македонија, Црна Гора и Србија, немаше денес да има милиони илегални мигранти во Западна Европа.

,,Интеграцијата на Западен Балкан во Европската унија е важна за безбедноста на целиот континент, заради миграцијата. Влезот на земјите од западен Балкан е исто така шанса и за државите од Вишеградската група.

,,Мораме да ги убедиме останатите земји членки на ЕУ дека проширувањето не носи проблеми, како што лидерите на останатите, постари земји-членки велат. Напротив, проширувањето на ЕУ кон земјите од западен Балкан е стратегиска инвестиција на Унијата во безбедносен и економски аспект.

Поддршка за почеток на преговори пристигна и од Берлин. Условите за земјава да добие датум за почеток на преговори во октомври се исполнети, порача првиот човек на германското МНР Хајко Мас, по средбата со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Европската агенда на Македонија предвидено е да се најде на дневниот ред на германскиот Бундестаг на 25 и 26 септември. Евентуалната позитивната одлука на Берлин, вклучително и на останатите 27 земји – членки, најпрво ќе се најдат пред Советот на министри на ЕУ на 15 октомври, а нивната одлука, два дена подоцна ќе ја потврди и Европскиот совет. Сепак, се уште останува неизвесен ставот на најголемите скептици на проширувањето, Франција и Холандија.

Агелер: Медиумите имаат клучна улога, особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес.  

- Денес е Светски ден на слободата на медумите, а изборите ја истакнуваат клучната улога што медиумите треба и мора да ја играат во текот на процесот. Слободен и жив печат кој ги испитува фактите, соопштува идеи и предлози до јавноста и ги притиска официјалните лица да ја објаснат својата позиција за прашања кои се важни за животите на граѓаните и за одредување на текот на државата, потенцира амбасадорката Агелер во објава на платформата X.

Македонија е рангирана на 36-то место на Индексот за слобода на медиумите за 2024 година во извештајот на „Репортери без граници“, што е за две места скок во однос на 38-то место лани. Од земјите во регионот, Северна Македонија е најдобро оценета, по што следат Црна Гора (40), Словенија (42), Хрватска (48), Косово (75), БиХ (81), Србија (98) и Албанија (99).

- Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Понатаму, владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите, стои во оценката за земјава.

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска упати честитка до медиумите и медиумските работници по повод Светскиот ден на слободата на медиумите го поздрави растот кој го бележи земјата на согласно извештајот на „Репортери без граници” .

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска упати честитка до медиумите и медиумските работници по повод Светскиот ден на слободата на медиумите го поздрави растот кој го бележи земјата на согласно извештајот на „Репортери без граници” и позиционирањето на Македонија на 36-то место заедно со останатите развиени европски демократии.

„Денешниот Светски ден на слободата на медиумите го одбележуваме како земја која повторно постигнува раст во медиумската слобода. Ние денес сме на 36-то место и сме најдобро позиционирани во регионот, а и пошироко, согласно извештајот на “Репортери без граници”. Ова е директна потврда дека со СДСМ, Македонија чекори по вистинскиот пат, дека ние сме земја во која се почитуваат демократските и европските вредности.” - посочи претседателот Ковачевски во својот пост на социјалните мрежи.

Ковачевски воедно се заблагодари до новинарите и медиумските работници, за нивната посветена работа посочувајќи дека стекнатиот статус беше партнерска и заедничка заложба на СДСМ, граѓаните и медиумите, како и медиумските организации.

„Пред само седум години бевме сведоци дека загорзената слобода на медиумите е вратата кон автократско владеење. Тоа време не смееме да дозволиме да се врати.” - истакна Ковачевски.

Ковачевски истакна дека СДСМ е, секогаш била, е и ќе биде страната на медиумите, на страната на демократијата и го насочи вниманието на важноста на продолжувањето на процесот на евроинтеграции со цел обезбедување подобар квалитет, професионалност и заштита за медиумите и новинарите.

„Единствено со продолжувањето по европскиот пат, ќе се продолжи и подобрувањето на квалитетот, заштитата и професионалноста на медиумите и ќе се продлабочи нашата заедничка борба против дезинформациите.” - порача Ковачевски по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, се наведува во партиското соопштение.

Направано е најголемото тирамису на светот, влезе во Гинисовата книга (ВИДЕО)

Нема некој што не сака тирамису, омилениот италијански десерт, а во чест на Светскиот ден на Тирамису, што се одбележуваа секоја година на 21 март, италијански ресторан во Лондон го направи највисокото тирамису на светот.

Тимот од ресторанот Луси во лондонскиот Ковент Гарден го помина целиот ден градејќи го највисокото тирамису на светот. И кога го „изградиле“, го измериле и бил висок два метри – повисок од просечниот маж – и така влегол во Гинисовата книга на рекорди.

Од страна на персоналот во ресторанот љубезно наречен „Торемису“ (доаѓа од италијанскиот збор „торе“, што значи кула), овој џиновски десерт е направен од сите класични состојки на тирамису и е целосно јадлив. Биле потребни пет часа за да се состави, но дури 24 часа за да се подготват сите состојки.

„Торемису“ стана толкав хит што тимот направил уште една реплика неколку дена подоцна, а тој ден решија сите што вечераат во овој ресторан да ги почестат со бесплатно тирамису.

@viziesfizii #CapCut ♬ suono originale - Viziiesfizii

Инаку, италијанскиот ресторан Luci во Ковент Гарден е познат по широкиот избор на италијански колачи, меѓу кои најмногу се издвојува тирамисуто. Но, освен десерти, овде наутро може да се купи свеж леб и пецива, а од пладне во понудата има фокача, чабата и италијанска пица.

притисни ентер