ВМРО-ДПМНЕ: На Заев му е потребно ЈО кое е продолжена рака на власта

Зоран Заев ги минираше преговорите за да го заштити својот и криминалот во своите редови. 

Затоа не сака независно обвинителство водено од обвинител на предлог на опозицијата, туку сака уште една компромитирана институција како СЈО преку која ќе си го прикрива криминалот.

Зоран Заев се плаши од независна истрага за случајот „Рекет", затоа што знае дека исказите на жртвите и вмешаните водат до главата на криминално рекетарската банда. Никој веќе не верува дека Боки или Катица на своја рака, без насоки и заштита од политичкиот врв влегле во ова крими авантура.

На Заев му е потребно ЈО кое е продолжена рака на власта, на Заев му е потребно баш вакво јавно обвинителство за да го затвори случајот „Рекет", без притоа јавноста да ги дознае вистинските нарачатели.

Власта се плаши од независна истрага, зошто така ќе се дознае и каде завршиле парите од снимката која сите ја видовме, но и каде завршиле сите останати рекетирани пари за кои има сериозни индиции. Заев е исплашен да не се дознае и дали токму со тие пари е финансирана кампањата на Пендаровски!?

Заев се плаши од независно обвинителство затоа што знае дека со разврска на случајот „Рекет" јавноста ќе дознае дека рекетот е вршен со амин и за потребите на криминално рекетарската власт.

Заев е во паника и затоа не сака независно обвинителство. Паниката и стравот се вистинскиот мотив поради која Заев ја спасува Катица Јанева во Собранието.

Зоран Заев со своето однесување, а воден од себичните побуди да се спаси од одговорност за криминалите по не знам кој пат, ја загрозува европската иднина на Македонија.

Доколку Заев навистина е за примена на европските вредности, а не за заштита на криминалот тој ќе ги прифатеше предлозите на ВМРО-ДПМНЕ кои се во насока на заштита на Уставот, законите но и меѓународните конвенции и пракси.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ будно го следи случајот и целата негова разврска. Доколку власта продолжи да го одолговлекува случајот и се обиде на било каков начин да влијае на истрагата, ќе ги објавиме документите кои до нас ги доставија свиркачи, а кои ги има исто така и ЈО.

Порачуваме никој да не се осмелува да си игра со правдата, зошто одговорност за ова незаконие ќе има, и секој индивидуално ќе се соочи со санкциите.

Прашања

Прашање: Од СДСМ ве обвинуваат дека со тоа што велите дека поседувате некои документи за исказите од случајот „Рекет", со тоа ја поткупувате истрагата од случајот „Рекет", како го коментирате вие тоа? И за некои медиуми од обвинителството велат станува збор за кривично дело?

Одговор: Благодарам на прашањето. Видете, во изминативе години се изнагледавме буквално стотици, илјадници емисии по речиси сите медиуми каде што се објавуваа записници со имиња и презимиња, значи никој не го покрена ова прашање. За нас како што кажав и сега, како што кажа и претседателот Мицкоски вчера овие документи се доставени од свиркачи. Ние и имаме регулатива за тоа. Од друга страна оние што ги доставиле увиделе дека станува збор за прикривање, станува збор за водење на постапка на незаконит начин. И исто како и нас борејќи се за правда и правичност, за доследна примена на законите ги доставиле затоа што веруваат дека нема да оставиме така да се заврши. Меѓутоа еве ги повикувам доколку навистина сметаат дека станува збор за кривично дело нека дојдат тука, знаат каде живееме, нека не уапсат.

Прашање: Повикан ли е Христијан Мицкоски за да даде некои информации?

Одговор: Од она што знам, со информациите со кои што располагам до овој момент до прес конференцијата, не.

Прашање: Очекувате ли да ве повикаат?

Одговор: Видете во оваа држава веќе и најнеочекуваното очекувано е. Не гледам никаква причина освен нели паничниот, небулозен обид на Заев, на некој начин да се обиде да го сврти вниманието од себе, можеби и помалце или повеќе онаа несреќна изјава која што ја кажа дека можеби на крај случајот водел до Мицкоски. Така да се е очекувано во оваа држава, со оваа влада криминално рекетарска како што неколкупати напоменав.

Прашање: А, свиркачите ви се од обвинителство?

Одговор: Значи тие информации барем сега за сега ќе останат за тие што ги знаат.

Прашање: Значи очекуваме да има правда, но еве излегуваат документи, значи де факто судството нешто не е како што треба?

Одговор: Тука се согласувам со вас апсолутно дека ниту судството, ниту обвинителството е како што треба. Поголема нефункционалност, компромитираност, постапување по исклучиво политичката волја на поединец или поединци во оваа криминално рекетарска власт никогаш немало во историјата на Република Македонија. Токму затоа предупредуваме и кажуваме дека будно ќе го следиме случајот и доколку видиме дека било какво постапување има со кое што се обидуваат да скријат нешто, дека ќе излеземе и ќе ги објавиме.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, говорник: Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Германска компанија лансира во вселената ракета на парафински погон (ВИДЕО)

Германската компанија HyImpulse денеска успешно лансираше ракета напојувана со парафински восок која ќе може да носи комерцијални сателити.

„Ја покажуваме силата на Германија како вселенска нација и го прошируваме пристапот на Европа до вселената“, објави шефот на компанијата Марио Кобалд.

Дванаесет метри долгата и 2,5 тони тешка ракета наречена SR75 беше лансирана околу 5 часот по европско време од Куниба, Австралија.

Може да носи помали сателити со тежина до 250 килограми до височина до 250 километри, а може да работи на парафински восок или течен кислород.

Парафинскиот восок се користи како поевтино и побезбедно алтернативно ракетно гориво. HyImpulse тврди дека заштедиле до 50 проценти.

Германската компанија со околу 65 вработени објави дека веќе добила преднарачки за лансирање на сателити во вредност од над 100 милиони евра.

HyImpulse сака да го прошири својот бизнис бидејќи расте побарувачката за транспорт на комерцијални сателити, па до 2032 година сака да оствари приходи од 700 милиони евра.

Маричиќ-Стевановиќ: На Собранието му требаат современи патриоти и борци за еднаквост

Во заедничката изјава за медиумите, Милена Стевановиќ и Бојан Маричиќ од листата на кандидати за пратеници во Изборната единица 1, порачуваат дека „реформите ни носат системски промени и европски фондови“.

Во заедничката изјава за медиумите, Милена Стевановиќ и Бојан Маричиќ од листата на кандидати за пратеници во Изборната единица 1, порачуваат дека „реформите ни носат системски промени и европски фондови“, но и „демократски вредности со кои се пробиваат границите за еднакви можности за жените како докажана заложба на СДСМ.

Доктор Милена Стевановиќ во својот дел на изјавата истакнува дека „СДСМ, Ковачевски, Пендаровски, Маричиќ и другарите социјадемократи се оние кои со знаење и капацитет можат да ја придвижат земјата напред“.

„Нам ни требаат луѓе како Бојан. Со исклучително познавање на институциите на ЕУ, со чиста и прогресивна мисла, вистински современи патриоти кои додека ја внесуваат земјата во ЕУ го штитат и промовираат македонскиот идентитет“, истакнува во видео пораката д-р Милена Стевановиќ.

Во ова видео обраќање таа ги повикува сите македонски демократи „во среда на 8 мај сите кои се за подобра, современа и демократска македонија да го заокружат бројот 1 за европска Македонија“.

Бојан Маричиќ во ова заедничко обраќање ја посочува Милена Стевановиќ како „претставник на прогресивното женско движење“.

Маричиќ порачува со д-р Стевановиќ Македонија и македонското општество ќе „напредок на полето на јавното здравје, на полето на женското здравје и машкото здравје“.

„На Собранието и треба Милена Стевановиќ, врвен професионалец кој го предводеше целиот тим на Инфективната криза за време на пандемијата од Ковид и која во исто време се докажа како храбар и непоколеблив борец за постојано унапредување на правата на жените“, истакнува Маричиќ во видео пораката.

Маричиќ порачува дека е важен гласот на жените, девојките, демократи и демократки.

„Вашиот глас за СДСМ и за Милена Стевановиќ на овие избори е глас за жените како еднаква силна движечка сила на општеството“, нагласува Маричиќ во заедничката изјава со д-р Милена Стевановиќ, како кандидати за пратеници на СДСМ и на Коалицијата за европска иднина во изборната единица 1, се наведува во партиското соопштение.

ОН: Израелски копнен напад на Рафа би можело да доведе до масакр

Израелски копнен напад врз Рафа ќе ги доведе во опасност животите на стотици илјади жители на Газа и ќе им нанесе огромен удар на хуманитарните активности низ палестинската енклава.

Израелски копнен напад врз Рафа ќе ги доведе во опасност животите на стотици илјади жители на Газа и ќе им нанесе огромен удар на хуманитарните активности низ палестинската енклава, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

Израел се заканува дека ќе изврши копнен напад врз Хамас во Рафа, каде што се засолниле речиси милион луѓе.

„Тоа би можело да биде масакр на цивили и неверојатен удар за хуманитарните операции во целиот појас, бидејќи тие се управуваат главно од Рафа“, рече портпаролот на ОЦХА, Јенс Лаерке, на брифингот во Женева.

Хуманитарните активности од Рафа вклучуваат медицински клиники и пунктови за дистрибуција на храна и центри за неухранети деца, рече тој.

Претставник на Светската здравствена организација (СЗО) на истиот брифинг изјави дека е подготвен план за копнен напад, кој вклучува нова полска болница, но предупреди дека тоа нема да биде доволно за да се спречи големиот број жртви.

„Тоа апсолутно нема да спречи значителни дополнителни смртни случаи“, рече Рик Пиперкорн, претставник на СЗО за палестинските територии.

Тој додаде дека е „многу загрижен“ што нападот ќе го затвори граничниот премин Рафа меѓу Појасот Газа и Египет, кој се користи за увоз на лекови и медицинска опрема.

притисни ентер