Боки 13 повторно однесен во болница

Бојан Јовановски денеска повторно бил пренесен на скопките клиники. Откако бил прегледан, вратен е во затворот во Шутка и е во добра состојба, велат од управата. 

Ова е трет пат откако е во притвор, тој да биде пренесен на прегледи.. Првите два пати бешена Торакална клиника, поради болки во желудникот кои му се јавуваат како последица на оперативен зафат.

30 дневниот притвор, кој му беше определен по втор патистекува во понеделник. Дали обвинителството ќе побара негово продолжување засега останува непознато. Од таму единствено велат дека во моментов ги анализираат материјалните и вербалните докази.

За случајот “Рекет” освен Боки 13, притворени беа и Зоран Милевски - Кичеец и обвинителката Катица Јанева, која веќе 23 дена се наоѓа во притворското одделение во Шутка. Дали оваа мерка ќе биде продолжена исто така не е познато, но пратеникот на ВМРО- ДПМНЕ Антонио Милошоски денеска рече дека премиерот Заев на лидерската средба рекол дека за 10 дена притворот на Јанева ќе биде заменет со куќен притвор. Тој праша како може премиерот да ги знае одлуките на Судот пред да бидат донесени.

За аферата “Рекет”минатата недела беа сослушани двајца пратеници од редовите на СДСМ, Фросина Ременски и Александар Кирацовски, а претходно и пријателката на Боки 13, Лила Филиповска како и првите луѓе на фирмите од Битола и Струга што дале околу еден милион евра за наводна изградба на старечки домови. За оваа недела од обвинителството велат дека не е планирано да се вршат сослушувања.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер