На ,,Очајната домаќинка “ и се заканува затворска казна

Актерката Фелисити Хофман , позната по една од главните улоги во серијата ,,Очајни домаќинки” , се соочува со затворска казна .

Оваа недела треба да почне судскиот процес за еден од најголемите скандали за плаќање милионски поткупи на елитни факултети за таму да се запишат децата на славните. Фелисити и нејзиниот сопруг, актерот Вилијам Х. Мејси платиле поткуп за упис на нивната ќерка на елитен факултет. Фелисити и нејзиниот сопруг , кои беа дел од холивудкската елита, додека таа заработуваше о 275 000 долари по епизода во ,,Очајни домаќинки”, сега се фрлени во немилост .

Тие на судијката и пратиле писмо на 161 страница , во кое велат дека им е жал за кривичното дело .

Во „признанието“ на злосторството, Хафман и нејзиниот сопруг велат дека се обиделе да бидат добри родители, а покрај тоа што се изјаснила за виновна, Хафман исто така признала дека го срами семејството.

„Целосно ја прифаќам одговорноста за моите постапки и ги прифаќам последиците од моите постапки. Се срамам од болката што и ја нанесов на мојата ќерка, семејството, пријателите, колегите и академијата. Сакам да им се извинам и особено сакам да им се извинам на студентите кои напорно работат секој ден за да се запишат на нивниот посакуван колеџ и на нивните родители кои се жртвуваат себеси за да ги поддржат “, напиша Хафман во изјавата до судот.

Обвинителите на Масачусетс објаснија дека измамата, која траела со години, вклучува околу 30 родители кои плаќале мито на колеџите за да ги запишат своите деца на елитни факултети.

Вкупно 51 лице беше обвинето во т.н. Скандалот на Варсиси Блуз и 23 се изјаснија за виновни. Хафман е обвинет дека платила 15,000 долари на советник за запишување во колеџ за да ги „подобри“ резултатите од тестот САТ (стандардизиран тест за способност, користен како упис за прием во многу американски студии) од нејзината ќерка Софи Грејс.

Судскиот процес почнува оваа недела, со тоа што Хафман се соочува со еден месец затвор и казна од 20.000 американски долари.

притисни ентер