Џеј Ло во најгламурозно издание , за малку ќе настрадаше во Торонто (ВИДЕО)

Актерката и пејачка , Џенифер Лопез неодамна наполни 50 години , но изгледа двојно помладо .

Џеј Ло блескаше на црвениот тепих во Kанада на премиерата на нејзиниот најнов филм ,,Hustler”.

Актерката и пејачка наскоро ќе ja гледаме како стриптизета во долгоочекуваниот филм „Измамничките од Вол Стрит“, а последните неколку дена таа покажа дека нејзиното тело и лице изгледаат подобро од кога било.

Пејачката и актерка го покажа своето славно деколте на премиерата на филмот во Торонто, а жолтиот фустан што го носеше ќе биде запаметен.

Таа лично ќе го памети и гафот што и с еслучи на галеријата во Торонто , кога во обид да ги поздрави фановите , за малку ќе паднеше од неколку метри височина.

Откако го воодушеви светот во фустанот, Џенифер остава без здив со новата фотографија на Инстаграм каде позира со шолја кафе каде личи на божица.

Блинкен за неколку дена во Израел, седми пат од почетокот на војната

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник ќе го посети Израел, седми пат по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше како одговор на Израел во Појасот Газа.

Јавниот сервис Кан денеска јави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафа, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држи Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа, ние ќе продолжиме да се бориме.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа.

Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија.

Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен.

Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.

Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.

Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард.

Нема откажување од иднината!

СДСМ

Јанчев: Се поставуваат сливници и решетки во село Возарци

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, објави на социјалните мрежи првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, беа асфалтирани сите споредни улици како и комплетно целата главна улица.

Инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 20.000.000 денари, а изведувач е фирмата Жикол.

За убаво Кавадарци. [🍀], напиша Јанчев на Фејсбук.

притисни ентер