Полските доктори прогласија вонредна состојба во здравството

Во време кога Полска се приближува до парламентарните избори , закажани за 31. октомври, лекарските здуженија прогласија вонредна состојба во здравството.

Докторите бараат непартиско решение за недостатоците во здравствениот систем.

„И додека политичарите си играат политички игри, здравствената состојба се влошува“, изјави Лукаш Јанковски, претседател на Регионалната медицинска комора на Варшава.

Неговото здружение, заедно со слични здруженија на лекари, фармацевти, медицински сестри и пациенти, на пратениците им го претставија манифестот со барања и започнаа кампања преку билборди.

„Јавните трошоци за здравствена заштита: половина од просекот на ЕУ“ и „Чекам ендокринолог 24 месеци“ се некои од постерите објавени во Варшава.

Меѓу барањата од лекарите во манифестот се зголемувањето на трошоците за здравствена заштита на 6,8% од БДП до крајот на 2021 година и до 9% до крајот на 2030 година, воведување максимално време на чекање за скрининг и обезбедување на доволно кревети за геријатриските пациенти што би го достигнал европскиот просек до 2024 година.

Во февруари 2018 година, заврши повеќемесечниот протест на лекарите, откако владата се согласи да ги зголеми трошоците за здравство на 6 проценти од БДП до 2024 година, но лекарите се подготвени повторно да протестираат ако владата избегне да ги исполни своите ветувања.

Според Европскиот индекс за потрошувачка за здравство (ЕХЦИ), кој го мери квалитетот и достапноста на здравствената заштита преку анализа на 45 индикатори, Полска се најде на 29-то место во 2017 година.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер