Гугл мора да плати рекордна казна од 170 милиони долари

Поради кршење на одредбите за приватност на децата на Јутјуб, Гугл ќе мора да плати казна од 170 милиони долари.

Гугл се согласи да плати рекордни 170 милиони долари парична казна за да се ослободи од обвиненијата дека Јутјуб го прекршил Законот за заштита на приватноста на децата со свесно следење и продажба на реклами насочени кон децата, соопшти денес Сојузната комисија за трговија на САД.

Јутјуб е во сопственост на Гугл.

Според Си-Ен-Ен, со спогодбата  е одредена  најголема казна досега според законот што го прекршил ЈуТјуб и собирал податоци за деца корисници. Водечката светска видео платформа не добила дозвола од родители на деца под 13-годишна возраст за собирање на нивните податоци.

Судска постапка е поднесена против Јутјуб од групи активисти кои се борат за приватност на Интернетот. Ова е најголемата казна досега кога станува збор за приватност на децата.

Филипче уверува дека ќе се изнајде решение за матичен гинеколог во Шуто Оризари

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека ќе се реши проблемот и оти наскоро жените во Општина Шуто Оризари ќе добијат матичен гинеколог.

На новинарско прашање за заминувањето на гинекологот од Општина Шуто Оризари, Филипче изјави дека претпоставува оти тоа е одлука на гинекологот.

– Претпоставувам дека тоа е одлука на гинекологот. Најави пред една недела дека сака да отвори ординација на друго место. Разговараме интензивно со неколку институции дали може да обезбедиме гинеколог по системот на ротација. Доколку не може ќе обезбедиме средства за дополнителна стимулација преку програма во Министерството за здравство за таму да има еден гинеколог, изјави Филипче пред почетокот на 11. трибина за ракот на грлото на матка.

Појасни дека има голем број специјализанти кои се при крај на специјализација и најави дека ќе разговараат и со нив во следните денови.

-Верувам дека ќе најдеме решение. Овој систем на ротација кој го дозволивме со измена на законот е нешто што многу олеснува за лекарите да можат да одат во места каде недостасуваат лекари од такви специјалности. Тоа веќе почна да се спроведува во некои градови во Источна Македонија меѓу здравствените домови и болниците. На пример во Радовиш, Валандово, Струмичката болница, невролози и останати интернисти, специјалисти. Верувам дека ќе се изнајде решение. Мислам дека ова нема да биде прашање кое нема да може да се изменаџира и жените таму ќе добијат матичен гинеколог, потенцира Филипче. /МИА

Тимот на „Медена земја“ на вечера со сите номинирани за „Оскар“

Тимот на „Медена земја“ беше дел од традиционалниот ручек во театарот Долби во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и науки во пресрет на доделувањето на Оскарите што ќе се одржи на 9 февруари.

Режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов, заедно со кинематограферите Самир Љума и Фејми Даут и продуцентот Атанас Георгиев се фотографираа со најдобрите од светската кинематографија Роберт Де Ниро, Ал Пачино, Леонардо Ди Каприо, Бред Пит, Квентин Тарантино.

Тимот на „Медена земја“ беше дел од традиционалниот ручек во театарот Долби во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и науки во пресрет на доделувањето на Оскарите што ќе се одржи на 9 февруари.

Котевска на „Фејсбук“ објави заедничка фотографија со познати холивудски ѕвезди, меѓу кои и Леонардо Ди Каприо.„Да биде јасно. Јас не стоев до него. Тој стоеше до мене. Имам две номинации оваа година“, се пошегува Котевска за фотографиите на кои стои до Ди Каприо.

„Медена земја“ има две номинации за оскар – за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм.

Филмот е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, во продукција на Атанас Георгиев, кој е и монтажер.

Кинематографијата е на Фејми Даут и Самир Љума кои ја освоија наградата за најдобра кинематографија за документарен филм на 34 доделување на ASC (The American society of cinematographers) наградите.

После подолго време, американско летало ќе превезува луѓе во вселената

Компанијата „Спејс Екс“ планира на пролет да прати двајца астронаути во вселената.

Тоа воедно ќе биде и прво американско вселенско летало кое ќе носи астронаути на НАСА од кога „спејс-шатл“ програмата е запрена во 2011 година.

Даг Харли и Боб Бенкен ќе се најдат во леталото „Кру дрегон“ од компанијата „Спејс Екс“ а нивниот лет многумина го опишуваат како почеток на нова ера во американското истражување на вселената.

Освен тоа, тоа ќе биде и прв пат вселенско летало од приватна компанија да пренесува луѓе.

“Боб и јас бевме доволно среќни да не одберат. Додека се приближуваме до лансирањето, прилично сме возбудени. Се повеќе време поминуваме во Калифорнија, затоа што таму се обавува најголемата работа во врска со „Кру дрегон“, рекол Даг.

За време на подготовките, ги поминале сите процедури во итни случаеви, се увежбале на механизмите на леталото и ги испробале новите одела.

Двата астронаути за летот се одбрани во 2018 година. Извршниот директор на „Спејс Екс“ очекува дека Бенкен и Харли ќе ги прати на Меѓународната вселенска станица во април, мај или јуни.

притисни ентер