Се уште гори кај село Крупиште - Канал 5

Се уште гори кај село Крупиште

Се уште е активен пожарот меѓу селата Крупиште, Пишица и Горни Балван во општините Карбинци и Пробиштип.

Се уште гори кај село Крупиште

Во моментов пожарникарите се во атарот на село Крупиште каде што гори сува трева, дрвја и нискостеблеста шума. Пожарот се гасне само со рачни пумпи и метли. Теренот е непристапен, бидејќи станува збор за ридски предел.

Пожарот е активен од вчера од 16 часот, а во моментов, како што велат пожарникарите, нема материјална штета. Изгорена е сува трева, дрвја и нискостеблеста шума.

Станува збор за голема површина за која што, како што велат пожарникарите, се уште не може да се утврди колку хектари изгореа.

Причините за пожарот, како што велат, дополнително ќе се утврдуваат.

Во гаснењето на пожарот учествуваа пожарникари од Штип, Пробиштип, Кочани, комуналните претпријатија и вработени во ЈП „Национални шуми". /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко Филипче и СДС напаѓаат сѐ што е добро за државата, секоја идеја, секој проект, иста е ситуацијата и со дата центрите. Ширењето на лаги и хистерија не изостанува.

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Идејата за развој на овој вид на индустрија ја напаѓаат со некои работи кои датираат од повеќе од пред една декада. Сега Македонија е пазарна економија и јасен е начинот на постигнување на цената на струјата и кој ја плаќа истата. Исто така сега има низа на начни за ладење на водата кои зависат од тоа за што се наменети дата центрите.

Значи, по овие прашања СДС само шири паника во јавноста.

Очигледно е дека СДС се против се што е корисно за напредокот на државата или тие се против Македонија.

Од она што го гледавме во време на нивното владеење тие знаат само за развој на марихуана Македонија, за разлика од нив ВМРО-ДПМНЕ развива индустрии како онаа со дата центрите кои се иднината на Македонија, која иако е релативно нова, сепак е развиена индустрија во светот.

Ова кажува се, какви се намерите на СДС, а какви се на ВМРО-ДПМНЕ. Притоа јасно е дека при развојот на оваа индустрија Владата нема да дозволи тој развој да влијае на квалитетот на живот на граѓаните во негативна смисла, туку сосема спротивно, рече Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ: Заменик-министерот кукла лаже: 105 албански кандидати аплицирале во средното полициско училиште

Податоците и листите на кандидатите јавно ја демаскираат лагата на Астрит Исени и ВЛЕН дека Албанците немале интерес или не конкурирале за прием во средното полициско училиште. 

ДУИ: Заменик-министерот кукла лаже: 105 албански кандидати аплицирале во средното полициско училиште

Дури 105 албански кандидати аплицирале и ги исполнувале условите за прием, но не биле примени. Со ова дефинитивно паѓа во вода оправдувањето на Астрит Исени, кој, за да одбрани одлука што сериозно ја нарушува застапеноста на Албанците, избра да ја манипулира јавноста со невистини.

Астрит Исени јавно застана во одбрана на скандалозната одлука, според која од 310 примени кандидати, само минимален број се Албанци. За да ја оправда оваа дискриминација, тој се обиде да ја манипулира јавноста со тврдењето дека Албанците не аплицирале или немале доволен интерес, прикажувајќи бројки што не се совпаѓаат со реалноста и со листите на кандидатите кои аплицирале и ги исполнувале условите.

Но, уште потежок од самата антиалбанска одлука е начинот на кој Астрит Исени ја брани. Еве ги целосните листи: 105 албански кандидати аплицирале и ги исполнувале условите, но сепак биле оставени надвор. Наместо да бара одговорност за ова исклучување и да го брани правото на Албанците на правична застапеност, Астрит Исени избра да ја брани одлуката ширејќи дезинформации и невистини.

Заменик-министер кој тврди дека ги претставува Албанците не смее да служи како портпарол за оправдување на секоја одлука што е на штета на Албанците, на штета на другите заедници и спротивна на духот на Охридскиот мировен договор. Астрит Исени, со својата политичка и институционална неспособност, се однесува како кукла-заменик министер, кој пред јавноста излегува само за да ги оправдува, релативизира и брани штетните одлуки кон Албанците, дури и кога за тоа мора да користи лаги и невистини.

ДИИ бара јасен одговор: зошто 105 албански кандидати кои ги исполнувале условите не биле примени и зошто од 310 примени кандидати Албанците се застапени во толку занемарлив број?

Астрит Исени и ВЛЕН можат да продолжат со лаги, но листите и фактите се пред јавноста. Албанците не се исклучуваат затоа што не конкурираат; Албанците се исклучуваат, а потоа нивното исклучување се брани со лаги, рече Арта Билали Зендели од ДУИ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Каква хипокризија на Филипче, додека обвинува за српски свет, советник на Заев фатен како соработник на БИА

Каква хипокризија на Филипче, додека обвинува за српски свет, советник на Заев фатен како соработник на БИА, градоначалниците на СДС прават концерти со пејачите на Вучиќ.

ВМРО-ДПМНЕ: Каква хипокризија на Филипче, додека обвинува за српски свет, советник на Заев фатен како соработник на БИА

Каква хипокризија на Венко Филипче и СДС. Додека обвинуваат за српски свет во Македонија, советник на Зоран Заев е фатен соработник на БИА, а од друга страна градоначалници на СДС прават концерти со пејачите на Вучиќ.

Поранешниот советник на Заев за локална самоуправа, Виктор Петрушевски и поранешен член на високите партиски тела на СДС, е вклучен во последната шпионска афера во соседна земја, каде што тамошни јавни личности испаднаа дека се дел од тајната српска служба, за што е поднесено и обвинение.

Во истиот предмет за соработници на БИА, се појавува и името на Петрушевски, советникот на менторот на Венко Филипче, Зоран Заев.

Од друга страна пак, градоначалниците на СДС, како тој во Крива Паланка кој деновиве прави концерти токму со пејачите на Александар Вучиќ, за кого велат сака да го прошири неговото влијание и на наша територија. А, оттука и од случајот со Петрушевски се гледа кој е извршител и соработник на српските служби.

Токму хипокризијата да биде поголема, Љупчо Николовски Путерот и градоначалникот на Крива Паланка ќе се забавуваат на плоштад со концерт на Лепа Брена која и пееше на војската на Младиќ. А, Ацо Пејовиќ, исто така, ќе пее на плоштадот во Македонка Каменица.

Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, ние како политичка партија немаме ништо против, но вредно е да се нотира дека овие пејачи српската опозиција ги прогласи за режимски на Александар Вучиќ, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер