Анкета на Институтот „Тим“: СДСМ со најголема доверба

Опцијата и политиките што ги застапува и реализира СДСМ имаат најголема поддршка меѓу граѓаните, покажува најновата анкета на Институтот Тим, спроведена за потребите на СДСМ.

За коалицијата предводена од СДСМ би гласале 24,4 од испитаниците, додека за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ би гласале 21.1 од испитаниците.

На прашањето која партија сметате дека ќе победи на следните избори 26.6 одговориле дека тоа е коалицијата предводена од СДСМ , 23,9 насто сметаат дека би победила коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Теренската анкета е спроведена во периодот од 10 до 20 јули 2019, на 1024 испитаника. Од СДСМ велат дека во однос на главните приоритети, истражувањето покажува дека на граѓаните важни им се економијата, правдата,битката со корупцијата, здравството. Затоа како одговорна партија, работиме и зборуваме за економија, затоа се бориме за правда и борба против криминалот,

Кога и да има избори, СДСМ би победила, но добро е за државата, за економијата и граѓаните, мандатот да биде завршен до крај, велат од владеачката партија.

Згодната Никол покажа со што го завела Бред Пит

Освен убавото лице, полните усни, заради што неверојатно потсетува на Ирина Шајн, таа има и совршена фигура.

Откако во јавноста како бомба одекна веста за нејзината врска со Бред Пит, атрактивната Германка со полски корени Никол Потуралски стана вистинска сензација. Нема веќе кој не знае за нејзиното име, а згодната бринета тоа знае да го искористи.

Се до неодамна таа беше обичен модел со адреса на живеење во Берлин, а денес името Никол Потуралски и тоа како е познато. Заради врската со холивудскиот шармер, и се отворија многу врати во модната индустрија.

Но, не е само новата љубов заслужна за тоа. Потуралски дефинитивно има предиспозиции да стане нов супермодел.

Освен убавото лице, полните усни, заради што неверојатно потсетува на Ирина Шајн, таа има и совршена фигура.

Тоа сега и го покажа на јавноста преку својот јавен Инстаграм профил на кој ја следат неверојатни 230 илјади луѓе.

Додека во тоалетот од хотелската соба позираше пред последното снимање, многумина останаа без здив гледајќи го нејзиното совршено обликувано тело. Совршените пропорции дојдоа до израз,а на многумина им стана јасно со што таа успеала да го заведе хиливускиот актер.

Никол се фотоградираше во бикини со леопард принт и напиша дека не може да оди на плажа, но затоа себе ќе си дозволи ден во спа центар.

Видео: Студенти во Англија преку прозор бегаат од обезбедување

Студенти во Англија се снимени како скокаат низ прозорци за да побегнат од обезбедувањекое им ја попречило забавата во време на корона.

Снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат како студентите се спуштаат од голема височина додека пријателите се обидуваат да ги фатат.

Гласноговорникот на Универзитетот во Салдорд рекол дека се свесни за проблемот и дека преземаат мерки.

-Студентите ги потсетувавме и продолжуваме да ги потсетуваме на правилата и однесувањето кое од нив се очекува, рекол тој.

Гебрејесус: Наредните месеци ќе бидат посебно тешки

Наредните месеци ќе бидат посебно тешки кога станува збор за пандемијата со корнавирусот, изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Гебрејесус.

Гебрејесус на состанокот во Женева рекол дека ова е критичен момент кога станува збор за пандемијата, особено на северната хемисфера. Тој истакнал дека неколкуте наредни месеци ќе бидат многу тешки и дека некој земји се на опасен пат, пренесе „ТАС“.

Голем број земји бележат раст на бројот на заразени, што доведува до преоптоварување на здравствениот систем, истакна генералниот директор на СЗО.

Тој ги повика лидерите на државите да преземат итни чекори со цел спречување на понатамошно влошување, како и сеопфатна анализа на епидемиолошката ситуација и итно прилагодување на мерките во оние места кои бележат голем раст на бројот на новозаразени.

Освен тоа, властите мораат јасно да ја информираат јавноста за реалната епидемиолошка ситуација и да им помогнат на граѓаните и економијата, додава Гебрејесус.

Тој забележал дека има недостаток на кислород во многу болници низ светот.

Некои од најсиромашните држави на светот имаат само 5 до 20 отсто од потребниот кислород за лекување на пациенти, истакна генералниот директор на СЗО.

притисни ентер