Тошковски и Љамалари потпишаа договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија
2Тошковски и Љамалари потпишаа договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија
Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)
1Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)
МакедонијаКалајџиев за планот „Б“ за Законот за ЈО: Не треба да се избрзува со ад хок решенијаВласта не треба да брза со импровизирани модели за Законот за јавно обвинителство – дел од правните експерти сметаат дека без консензус и двотретинско мнозинство во Собрание, Законот не е на добар пат. За планот Б кој го најави министерката за правда Рената Дескоска доколку не се обезбедат пратеничките гласови, професорот Калајџиев вели дека владејачкото мнозинство треба да ја бара поддршката од пратениците, а не полесниот пат, од кој ќе произлезат нови проблеми. Дескоска вчера најави дека постои и можност СЈО да биде решено преку измени на друг закон кој се носи со обично мнозинство. За ова Калајџиев вели дека неопходно е правниците да бидат консултирани, без политичка заднина. Опозицијата обвинува дека власта бара начин да се избегне процедурата каде што е потребна и нивната поддршка. И ВМРО ДПМНЕ и БЕСА најавија амандмани за кои ќе расправаат од утре на комисијата за европски прашања. Најголемиот проблем и понатаму се постапките отворени од Специјалното јавно обвинителство кои се уште се во тек. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Бројките во земјоделието говорат за развој, а СДС зборува за негово уништувањеБројките во земјоделието говорат за развој, а СДС зборува за негово уништување, очигледно лажењето е карактерна особина на другарите на Филипче.СДС и портпаролката Богданка Кузеска очигледно немајќи што да прават денес, одлучија да одржат прес-конференција на тема земјоделие. Кузеска и СДС како да не се од Македонија, како да не живеат тука или пак лажењето им е стил на однесување, карактерна особина. Денеска се утепаа од лажење, како немало пари за земјоделците, немало инвестиции, немало откуп или бил намален, субвенциите биле намалени. Па одат и понатаму и заклучуваат повторно огромна глупост се уништувале сите области како градинарство, лозарство, сточарството итн. Да не ги набројуваме проблемите кои беа затекнати во земјоделието, тоа одзема многу време и место, ама затоа ќе се обидеме кратко да истакнеме дека говорат лаги. Со неколку податоци. За се има конкретни бројки и конкретни резултати. Има зголемен извоз на земјоделски производи и нивни преработки од 417 милиони евра во 2025 година, или суфицит од 215 милиони евра за истата година. Производството на кравјо млеко за 2025 година бележи раст од 2,7% споредбено со 2024 година. Произведени се вкупно 300.000 тони пченица во 2025 година што е еквивалент на она што е потребно на Македонија за задоволување на домашните потреби. Од преземањето на власта до денеска исплатени се над 15 милијарди денари субвенции кон земјоделците во државава. Ова се бројки, ова е прецизно и говори само едно, дека можеби раководството на СДС му удрило сонцето во глава и лаже, или едноставно лажењето е нивна карактерна особина, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПреку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
МакедонијаТошковски и Љамалари потпишаа договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и АлбанијаТошковски и Љамалари потпишаа договор за воспоставување заеднички гранични премини и заеднички гранични контроли меѓу Македонија и Албанија.Денеска (27.06.2026) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија Бесфорт Љамалари во Пешкопеја, Албанија потпишаа Договор за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу двете држави. Со овој договор се воспоставува современа и функционална рамка за поефикасно управување со заедничката граница, со цел олеснување на движењето на луѓе и стоки, унапредување на безбедноста и намалување на времето на чекање на граничните премини. Договорот предвидува формализирана институционална соработка, фазна имплементација преку протоколи приспособени на секоја локација, како и зајакнати механизми за координација и размена на информации меѓу надлежните служби. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека договорот претставува значаен чекор кон поефикасно, побезбедно и попредвидливо управување со границата, со директни придобивки за граѓаните, стопанството и институциите. Тој нагласи дека заедничките гранични процедури не само што го олеснуваат протокот, туку и ја зајакнуваат способноста на двете држави за справување со прекуграничен криминал, трговија со луѓе и други безбедносни ризици, преку координирано постапување и размена на информации. Посебно беше истакнато дека имплементацијата ќе се одвива постепено и контролирано, со цел секој заеднички граничен премин да биде целосно оперативно и правно подготвен пред стапување во примена. Министерот Тошковски упати благодарност до експертските тимови, правните советници, полициските службеници и сите институции од двете земји кои учествуваа во подготовката на договорот, нагласувајќи дека нивната работа е клучна за постигнатиот резултат. Потпишувањето на договорот на граничниот премин Блато претставува важна пресвртница во билатералната соработка меѓу Македонија и Албанија и потврда на заедничката заложба за модерно, ефикасно и безбедно управување со границите. Со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји на Република Македонија кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе успешно функционира со Србија и Косово, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВо Британија трет ден по ред се соборува температурен рекорд Британските власти го продолжија портокаловото предупредување за екстремна топлина до недела, откако денеска беше забележана највисоката јунска температура досега регистрирана во земјата трет ден по ред.Британските власти го продолжија портокаловото предупредување за екстремна топлина до недела, откако денеска беше забележана највисоката јунска температура досега регистрирана во земјата трет ден по ред, соопшти Метеоролошката служба. Предупредувањето, кое ги опфаќа Лондон, југоисточна Англија, Источна Англија и делови од Источен Мидлендс, останува на сила до 9 часот наутро по локално време во недела поради очекуваната уште една топла и влажна ноќ, иако температурите постепено почнуваат да се намалуваат. Продолжувањето доаѓа по реткото тридневно црвено предупредување за топлина кое заврши во петокот навечер, објави Скај њуз. Рекордот беше срушен трет пат по ред Во Велика Британија, јунскиот рекорд за температура од 37,3 степени Целзиусови беше привремено регистриран во петокот во Сантон Даунхам, Сафолк, откако рекордот беше срушен два дена претходно. До оваа недела, јунскиот рекорд за температура во Велика Британија беше 35,6 степени Целзиусови, кој беше регистриран во Саутемптон во 1976 година. Главниот метеоролог на Метеоролошката служба, Енди Пејџ, го опиша петокот како врв на топлотниот бран и трет ден по ред со рекордни јунски температури. „Овој невиден топлотен бран за јуни е уште еден показател за тоа како климатските промени ги менуваат границите на температурните екстреми во Велика Британија“, рече тој. Бури и прекини во сообраќајот Иако се очекува температурите постепено да опаѓаат во текот на викендот, метеоролозите предупредуваат на можни грмотевици што би можеле да донесат обилни врнежи од дожд, град, грмотевици и силни ветрови. Топлотниот бран ги наруши транспортните и јавните услуги низ Англија оваа недела. Повеќе од 570 училишта беа делумно или целосно затворени, неколку болници прогласија вонредни инциденти, а железничките оператори ги повикаа патниците да избегнуваат непотребни патувања поради ризикот од оштетување на инфраструктурата од високите температури. „Еуростар“, исто така, откажа некои услуги помеѓу Лондон и Париз поради екстремната топлина што го погоди поголемиот дел од Европа. Метеоролошката служба објави дека на почетокот на следната недела се очекува температурите да се вратат поблиску до сезонскиот просек.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook