Наум Стоилковски: Институциите се политички притиснати и парализирани

Владата тоне во корупција и во афери.

Институциите се политички притиснати и парализирани. Ниту имаат капацитет, ниту имаат храброст, ниту пак волја за да го истражуваат криминалот на власта, мноштвото криминогени – корупциски скандали на државната мафија.

Нема никаков напредок во расчистувањето во скандалот „Леонардо" – корупциски скандал од меѓународни димензии, во кој што, според аудио доказите, директно е вмешан Генералниот секретар на државната мафија, Драги Рашковски. ДКСК се уште предметот го држи отворен! Колку време им треба на антикорупционерите во Комисијата за спречување на корупцијата за да едноставно заклучат дека не му е местото на Драги Рашковски да договара средба која компанија да добие тендер, потоа средби среде тендер за тоа какви документи да се дособерат за тендерската документација да се дополни, па средби со компанијата која што е договорено да добие тендер да се договара аванта. Комисијата отвори предмет „по допрен глас" по правдањата на Драги Рашковски за скандалот, на 4 јули! Од 4 јули до сега изминаа 50 дена, а од Комисијата ниту глас! Зар и ДКСК ќе чека четири месеци за да се зачистат сите докази и сведоци за „Леонардо"?

Нема никаков напредок ниту за „Тополки"! ДКСК на 9 мај оваа година отвори предмет за Кочо Анѓушев, вицепремиер во државната мафија, за случајот „Тополки", во кој што директно се вклучени Кочо Анѓушев како вицепремиер и неговиот брат Тодор Анѓушев. Од 9 мај, ден четврток, до овој четврток денеска, 23 август, три ипол месеци, Комисијата има отворен предмет и ама нема никаков резултат. Во меѓувреме насловните страници во медиумите гласат „Браќата Анѓушеви ја убедија владата да им дозволи бизнис", Владата каде вицепремиер е Кочо на 11 јуни одлучува да им даде 9 илјади квадратни метри државно земјиште на Анѓушеви, во непосредна спогодба, потпишала Радмила Шекеринска, на 21 јуни одлуката се објавува во „Службен весник", а Комисијата за борба против корупцијата, уште молчи. Нашироко медиумите објавуваат документи дека фирмата „Тополки" ја управува братот на вицепремиерот Кочо Анѓушев, а е во сопственост на две компании од кои едната „Феро Инвест" е компанија на Кочо и на брат му Тодор Анѓушев! Ама ДКСК се уште собира докази, или поверојатно не прави ништо, додека и покрај оформениот случај, под нос на Комисијата, државната мафија и во овој случај повеќе од четири месеци си го тера бизнисот.

ДКСК не смее да биде тампон зона, не смее да биде алиби за криминалот, за корупцијата и за бизнисите на државната мафија. Не смее да презема улога да биде алиби за обвинителите да не реагираат. Уште повеќе, доколку Комисијата сама отвора предмети по сопствени сознанија или допрен глас. Вака ниту има борба со корупцијата, ниту комисијата го оправдува своето постоење. Притисоците кои што ги вршат членови на државната мафија, како настапот на министерот за внатрешни работи пред вратите на Комисијата мора да сопрат, а антикорупционерите мора да си ја сработат работата. Се друго е соучесништво.

Право, правда и борба со криминалот и корупција не е можна додека државната мафија ја држи власта и институциите кои што треба да се борат за право и правда. На Македонија и се потребни итни избори по кои секој еден случај ќе биде разгледан од независни институции. И ќе има и одговори и ќе има и одговорност!

Прашање: Вчера премиерот Зоран Заев најави работни средби за новиот Закон за јавно обвинителство за денеска или евентуално во недела. Дали има договорени средби помеѓу власта и опозицијата, имајќи предвид дека Законот е веќе ставен во вторник и од друга страна првиот човек на СЈО е во притвор, како би функционирало ова обвинителство?

Одговор: Во однос на средбите на работните групи, запознат сум дека се уште немаше договорен, до оној момент до кога се информирав, немаше договорен термин кога би имало средба, но се очекува средба наското во однос да се постигне некаков напредок или доколку е возможно и консензус за Законот за јавна обвинителската сфера. Сами рековте дека во вторник ќе започнат собраниските тела да работат по однос на тоа законско решение. Во однос на тоа каков законски текст ќе биде вклучен за да се донесе потребен е консензус, за да биде постигнат консензус прашање е колку власта сака и натаму да турка скриена амнестија за државната мафија и оние кои што се вклучени во „Рекет", „Леонардо" и останатите други корупциски скандали или сака вистински Закон за борба против корупцијата и криминалот. /МИА

Шведска треба да го зголеми воениот буџет за 4,6 милијарди евра до 2030 година

Шведска треба да го зголеми воениот буџет за речиси 54 милијарди круни (4,6 милијарди евра) до 2030 година за да ја зајакне противвоздушната одбрана и да го зголеми бројот на регрути, препорача Комитетот за одбрана на шведскиот Парламент.

Комитетот, составен од претставници на осум парламентарни партии, наведува дека членството во НАТО и сериозната безбедносна состојба бараат поголеми амбиции. Шведска стана членка на НАТО минатиот месец, напуштајќи ја децениската политика на воена неутралност по руската инвазија врз Украина.

Напад врз Шведска или врз нашите сојузници не може да се исклучи, истакна Комитетот во денеска објавениот извештај.

Во документот, иста така се истакнува дека шведската противвоздушна одбрана мора да се прошири за да одговори на заканите со беспилотни летала, оти треба да се набават повеќе крстосувачки ракети, а морнарицата треба да добие повеќе персонал. Исто така, се предлага постепено зголемување на бројот на регрути од сегашните 8.000 на 12.000 до 2032 година. /МИА

Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп

Пет клучни донатори инвестирале повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Доналд Трамп.

Тимоти Мелон, наследник на банкарското семејство Мелон, од 2022 година инвестираше најмалку 16,5 милиони долари во организацијата „Мага“ блиска до Трамп. Тој исто така има инвестирано најмалку 20 милиони долари во организацијата за време на претседателските избори во САД во 2020 година.

„Форбс“ го проценува богатството на Мелон на 14,1 милијарди долари, а познато е дека тој инвестирал и најмалку 20 милиони долари во кандидатурата на Роберт Кенеди за претседател на САД.

„Форбс“ го проценува богатството на Мелон на 14,1 милијарди долари, а познато е дека тој инвестирал и најмалку 20 милиони долари во кандидатурата на Роберт Кенеди за претседател на САД.

Брачниот пар Исак и Лара Перлмутер во актуелната кампања на Трамп инвестирале повеќе од 10 милиони долари, а во 2020 година во неговата кандидатура вложиле 21 милион долари.

Трета на листата е претприемачката Линда Мекмахон, која донираше повеќе од 10 милиони долари на Трамп овој изборен циклус, а во 2019 и 2020 година инвестираше повеќе од 15 милиони долари.

Успешниот хотелиер Роберт Бигелоу во овој изборен циклус вложил девет милиони долари во организацијата „Мага“, а вети дека ќе вложи вкупно 20 милиони долари.

Додека Патриша Дуган во сегашната кандидатура на Трамп инвестираше повеќе од пет милиони долари, а претходно таа и нејзиниот поранешен сопруг Роберт веќе инвестираа во кампањата на Трамп во 2020 година. /МИА

Анализа: Вештачката интелигенција силно ќе влијае на 65 отсто од работните места во Белгија

Вештачката интелигенција (ВИ) во голема мера ќе влијае на 65 отсто од работните места во Белгија, според проценката на една од најголемите банки во земјата, објавена во локалните медиуми. 

Во текстот се наведува дека денес 3,3 милиони белгиски вработени работат во области директно поврзани со развојот на вештачката интелигенција.

Секој трет работник во Белгија има позитивни очекувања од распространувањето на вештачката интелигенција за подобрување на економијата во следните пет години, но 42 отсто стравуваат дека тоа ќе доведе до губење на работни места. Проценката покажува дека во една третина од работните места (1,6 милиони) денес, имплементацијата на вештачката интелигенција ќе помогне да се зголеми продуктивноста, но во 34 проценти (1,7 милиони) може да биде потребна целосна автоматизација.

Најпогодени се очекува да бидат вработени во администрацијата, каде најверојатно ќе има отпуштања, додека вештачката интелигенција ќе може да им помогне на директорите на компаниите, хирурзите и судиите без да ги смени. Досега, само 3 отсто од работниците во Белгија стравуваат дека ќе бидат погодени поради вештачката интелигенција во следните пет години, а најрелаксирани се хонорарците, покажуваат податоците. Според проценките, може да се очекува дека воведувањето на вештачката интелигенција ќе ја зголеми економијата за 0,1-0,5 отсто годишно.

Цитираните експерти прецизираат дека европското законодавство за вештачка интелигенција не и дава предност на ЕУ во однос на САД. Според нив, промените на европскиот пазар на труд ќе бидат постепени и може да се очекува појава на нови професии. /МИА

притисни ентер