УЈП ќе почне контроли кај физичките и правните лица поврзани со „Рекет"

Управата за јавни приходи (УЈП) до петок ќе даде налози за отпочнување на контроли кај физичките и правните лица поврзани со случајот „Рекет", најави денеска директорката на УЈП Сања Лукаревска.

-Ќе постапиме во делот кој се однесува на даноците. До петок би требало да ги дадеме налозите за отпочување на контролата во Меѓународниот сојуз, 1ТВ, БМЈ груп и сите останати даночни обврзници за кои преку анализите сме утврдиле дека постоеле одредени деловни односи и соработка. Ќе направиме и контрола на сите засегнати физички лица во телата и органите на Меѓународниот сојуз за кои ќе ги утврдиме и исплатите кои се правени, рече Лукаревска во одговор на прашање на денешата прес-конференција во УЈП.

Таа прецизира дека физичките лица ќе бидат контролирани по основ на остварените приходи и по основ на Законот за персонален данок, а останатите даночни обврзници преку ДДВ, данок на добивка, пресметки, деловни односи, задржан данок,…

-Преку исплатите што ги правел Меѓународниот сојуз ќе видиме на чија сметка од физичките лица се легнати тие пари и дали воопшто се пријавени. Доколку се утврдат даночни затајувања УЈП ќе започне постапки за потекло на имот, посочи Лукаревска.

Директорката на УЈП информираше дека при вчерашната контрола на дуќаните во Пластичарката улица и во Општина Чаир, постапувајќи по пријава на граѓани за нерегуларности со фискалните сметки, била извршена контрола на фискалните апарати кај 42 даночни обврзници.

-Кај 12 даночни обврзници се констатирани неправилности согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања.Од нив девет не издавале фискални сметки, еден не поседувал фискална опрема, а два не воделе книга за дневни финансиски извештаи. Во два објекти констатирано е дека физичкото лице врши дејност трговија, без регистрирана фирма, рече Лукаревска и додаде дека против нив се преземени соодветни мерки.

Потенцира дека во Пластичарската улица се заклучувале објектите откако ги виделе возилата на УЈП со што биле оневозможени да изврат контроли. Во објектите каде извршиле контроли нашле на добра соработка од вработените.

УЈП досега спроведе контроли и во Дебар, Кичево, Струга, Охрид, Тетово, Гостивар, Струмица, Куманово, Крива Паланка, Дојран, Гевгелија, Прилеп и во повеќе скопски општини. Предмет на контола биле и повеќе фестивали во Охрид, Прилеп, Дојран, Струмица и Струга каде Управата делувала превентивно.

Директорката информираше дека за речиси три пати е зголемен бројот на пријавите за неправилности и неиздавање на фискални сметки од страна на граѓаните со воведувањето на мерката за поврат на15 отсто од пресметаниот ДДВ. Од 1 до 20 август се регистрирани 97 пријави за неиздвање сметки, а лани во овој период имало само 26. Од 1 јули со стартот на Мој ДДВ до сега се поднесени вкупно 310 пријави, а во истиот период лани 112. Најголем дел од нив се за Скопје, поточно за Општина Чаир и за Охрид и Струга.

Заклучно со вчера бројот на скенирани фискални сметки е 12.371.552 со кои е остварен промет од 6.360.382.050 денари за кои вкупниот ДДВ изнесува 690.603.831 денар, а повратот од 15 отсто е во износ од 103.590.575 денари.

– Веб апликацијата „Мој ДДВ" преку која граѓаните ќе имаат детален увид за се што скенирале изминатиот период, како и колку поврат може да остварат е веќе изработена и тестирана и ќе биде пуштена во употреба. Преку неа граѓаните ќе можат да ги повлечат, односно да ги поништат погрешно скеираните фискални сметки, потенцира Лукаревска и апелираше дел од поголемите супермаркети, за кои граѓаните се жалат дека не можат да ги скенираат сметките, бидејќи се бледи, да ги сервисираат своите фискални апарати./МИА

Електричниот Lotus Evija X го направи третиот најбрз круг на Нирбургринг (ВИДЕО)

Lotus Evija X, мошне модифициран и уникатен електричен хиперавтомобил, го помина германскиот Нирбургринг за само 6 минути и 24.047 секунди, а Lotus верува дека тоа може да го направи уште побрзо.

Овој пат го прави третото најбрзо возило досега што ја покривало патеката, зад само наменските тркачки автомобили.

Lotus објави многу малку технички информации за Evia X, кој е наведен како прототип во официјалната табела за рекорди во Нирбургринг.

Измените вклучуваат екстремни аеродинамични надградби и соголена внатрешност, фокусирана на перформанси.

Автомобилот наводно ги има истите батерии и електрични мотори како и патничката верзија, што значи 1500 kW/2039 КС и 1704 Nm вртежен момент.

Единствените автомобили побрзи од Evia X се Volkswagen ID.R (6:05.336 минути) и Porsche 919 Hybrid Evo (5:19.546 минути), и двата произведени од основата како тркачки автомобили.

Лотус верува дека Evija X може да постигне подобро време на Нирбургринг. Производителот известува дека возењето било забележано на влажен ден, па очекувањата биле мали. Сепак, кругот беше доволно добар, што Лотус сакаше да го сподели.

Во моментов не е јасно што планира производителот да направи следно со Evia X. Довербата на Lotus сугерира дека може да се обиде да ги подобри времињата на круговите или да се обиде да постави рекорди на кругови на различни патеки. Исто така, може да претвори уникатен автомобил во специјално издание.

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево.

„Борбата почнува од нула, како да немало прв круг“, рече Пендаровски пред крушевчани негирајќи ги обвинувањата на опозицијата дека ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори.

„Дали е логично да дојдам јас во Крушево, ако мислам да бојкотирам? Јас мислам со сите вас да победам! Кој сака нека бојкотира, ниту сум бојкотирал 2014-та, ни 2019-та, ни 2016-та, ни оваа 2024-та нема да бојкотирам. Тие нека му ја мислат за крајниот резултат. Ние сите го знаеме и наместо бојкот ние ќе прославуваме’, истакна Пендаровски денеска во Крушево,соопшти неговиот тим.

Костадиновска-Стојчевска: „Правината се танчи, ама не се кинит“ - нов мурал во Прилеп

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска на промоцијата на новиот мурал на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска на промоцијата на новиот мурал на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, порача дека младите преку уметноста оддаваат почит кон личностите кои имаат непроценливо значење за нашиот идентитет, култура и историја.

− „Цртај на македонски“ со креативни уметнички идеи го заштитува и го промовира македонскиот јазик. Насликан е уште еден мурал преку кој младите уметници оддаваат почит кон личностите со непроценливо значење за нашиот идентитет, култура и историја − рече Костадиновска-Стојчевска, која додаде дека во изминатите три години младите со своите креативни идеи на автентичен начин ги популаризираат македонскиот јазик и нашата уникатна народна мудрост.

Муралот е дел од конкурсот на Министерството за култура, „Цртај на македонски“, а го изработи визуелната уметница Ивана Самандова, во организација на „Факултет за работи што не се учат – ФРУ“. Муралот, на кој е насликан цитатот „Правината се танчи, ама не се кинит“ од македонскиот културен деец, собирач на умотворби и фолклорист Марко Цепенков, е дел од поддржаниот проект на Самандова, „Јазикот коски нема, ама коски кршит“.

– Преку конкурсот „Цртај на македонски“ во изминатите три години ги поттикнавме младите на креативност. Отворивме нови можности за поддршка и презентација на нивниот талент – рече министерката за култура и додаде дека за три години преку овој конкурс се доделени пет милиони денари за реализација на над 60 дела.

„Министерството за култура останува посветено кон младите автори за чие творештво секогаш имаме посебна почит и обврска да го прикажеме на публиката“, истакна Костадиновска-Стојчевска денеска на промоцијата на новиот мурал на предната фасада на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, соопшти Министерството за култура.

притисни ентер