Совет на амбасадори: Правилната судска разврска за „Рекет"ќе биде гаранат дека сме правна држава

Советот на aмбасадори денеска преку соопштение изрази поддршка за ставовите на претседателот на државата Стево Пендаровски во врска со случајот „Рекет".

За кој, како што велат, со големо внимание и загриженост ги следат расположивите информации поврзани со него, а во кој, се додава, покрај деловни и естрадни и новинарски личности се наводно инволвирани и членови на СЈО, правосудните власти и познати имиња на функционери од разни државни институции, но партиски членови на разни позиции.

-Советот на амбасадори дава целосна поддршка на претседателот на Републиката Стево Пендаровски за неговите цврсти ставови и пораки изразени на вчерашната конференција за медиумите. Недвосмислено Претседателот државнички застана зад принципите на правната држава и интересите на граѓаните, како и кредибилитетот на нашата држава со насочено внимание кон евроатланската агенда на Македонија. Ние, поранешните амбасадори кои членуваат во Советот на амбасадори би сакале да ја изразиме нашата определеност и заедно со истакнатите заложби на Претседателот Пендаровски да придонесеме за зачувување на довербата на меѓународната заедница која може да биде сочувана и почитувана со целосно расветлување на овој случај од страна на истражните и судските органи, се наведува во соопштението.

Според Советот, после три децении, на прагот сме да ги оствариме нашите декларирани стратешки надворешно-политички заложби – членство во НАТО и добивање датум за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ, а уште поважно е и враќањето на довербата на граѓаните дека градиме демократска држава по европските стандарди.

-Можни се натамошни непредвидени пречки во остварување на тие цели, но од своја страна треба да ги елиминираме сите можни пречки на тој пат. Правилната и вистинската судска разврска ќе биде гаранат дека сме правна држава во која владеењето на правото се применува врз секој граѓанин на Македонија, се посочува во соопштението од Извршниот одбор на Советот на амбасадори./МИА.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер