„Ла Верита“ Сињора Катица: Лиле не може без мене да направи ништо

Новите разговори од дигиталните издание на весникот „Ла верита“ открива нови моменти од случајот „Рекет “.

Во дел од снимките повторно се слуша гласот на Катица Јанева.

Во еден разговор помеѓу Бојан Јовановски и бизнисменот Орце Камчев, најверојатно се слуша гласот на обвинтелката Јанева за која се открива дека наводно ја користела својата позиција да врши влијание врз обвинтелката Лиле Стефанова која го води случајот ,,Империја” , чие име и вчера беше спомнато во дел од разговорите, аза кои таа тврдеше дека наводно Камчев намерно ја спомнува за да ја компромитира .Во новообјавените разговори се договара и враќање на пасошот на Камчев бидејќи како што вели тој треба да оди во Турција.

БЈ: Какво е тоа однесување?

ЗМ: Дај да ги видам пораките!

ЈК: Боже сачувај, човече, нема ништо. Ниту имало, ниту има нешто. Што збориш?!

БЈ: Добро, ама мислам дека ова сакав само него да му покажам. Ете, направил грешка, кажува, и нема да ја повтори.

ЈК: Ниту сум видел, ниту ме интересира, ниту сум кажал, ниту знам... Тоа е договорот. Мене ми треба да идам до Турска, да го завршам...

БЈ: Еее!

КЈ: Еее

БЈ: Во ред е, еве ги изразговаравме сите, сите работи, ги апсолвиравме сите работи и нејаснотии.

КЈ: Добро.

БЈ: Они, точно така, поднеле кај оваа.. се повикале врз основа на членот за правно мислење, кај Димишкова.

КЈ: Добро.

БЈ: Во случај она да не одлучи, он ќе го прати Тони, среда – четврток, со гаранциите за пасошот. После со спогодбата ќе иде и тоа другото, а во однос на другиот дел – се почитува!

ЈК: Све е договорено. Као што со Боки е договорено, така и да биде.

КЈ: Добро, добро.

ЈК: Добро, добра вечер, важи... Пријатно.

КЈ: Другото јас сè го држам под контрола и ...

БЈ: Не, он се плаши од Лиле.

ЈК: Не се плашам бе, се „плашам“...

БЈ: Не „не се плаши“, туку дека он е под тебе...

КЈ: Ја сум периодов многу ангажирана, затоа не ја држам така редовно под контрола. Инаку, без мене она не може ништо.

ЈК: Така е, така е...

БЈ: Му кажав јас дека она е тука под тебе и не смее.

ЈК: Да, добро.

БЈ: Знае, му кажав.

ЈК: ОК, добра вечер, добро, чао...

КЈ: Ајде...

Во друг телефонски разговор меѓу бизнисменот Камчев и Јовановски кога наводно бизнисменот кажува дека осум лица добиле покана од СЈО, меѓу кои ги споменува „братот на Ана“,и „Миро од Графички центар. Од другата страна на линијата Јовановски не е сам туку со женско лице за кое весникот тврди дека е гласот на Катица Јанева.

Ј.К:Извини сега пак . Денеска на 8 души Катица пуштила покани за 11-ти, 12-ти за брат и на Ана .

Б.Ј:На 8луѓети си им пуштила покани на Ана..

Б.Ј :А,за увид

Ј.К: Не за увид не осмничени забрат и на Ана, не е увид , брат и на Ана е како осомничен.

Б.Ј Брат и на Ана е како сведок

К.Ј: Сведок

Ј.К:Сведок, осомничен па не знам.

Б.Ј : Не еве вика дека нема осомничени .

Ј.К Миро 8 души ми дојдоа , ,,Графички центар” Миро , овој , оној

Б.Ј Графички центар Миро не знам кај кој што биле дел сведоци . Тоа е подобро ради постапката за на крај да биде силна спогодбата , за малку да пројде постапката .

К.Ј: За малку активности да има во април.

Б.Ј За малку активности да има во април, вика за тоа.

К. Ј Значи техничко прашање . Шминка, шминка !

Во третиот разговор бизнисменот Камчев му вели на Јовановски дека имаат заеднички интерес и оти тој е кооперативен со СЈО .Во еден дел од конверзацијата Јовановски се сомнева дека можеби го прислушуваат.

БЈ: Има други околности околу надлежноста на предметот „Империја“.

ЈК: И?

БЈ: Каде (ќе останува?) дефинитивно.

ЈК: Не е спорно никогаш барањето.

БЈ: Ние секако ќе се видиме во недела.

ЈК: ОК.

БЈ: И во недела ќе ти кажам дал да пуштиш, што да пуштиш и во која форма.

ЈК : Боки, ти ми кажа со Катица да пуштам барање за четврток, ти ми кажа дека оваа судијката ќе биде отсутна дента, дека ќе биде Реџепагиќ. Ја да те цитирам шо зборевме ја и ти? Ја напраив све како што ми кажавте. Така беше?

БЈ: Све тоа си стои. Па јас у твоја полза сум дошол овде бе пријател.

ЈК: Добро бе, ја не ти кажувам дека не си... Значи ние збориме зазаеднички интерес цело време. Тоа е тоа. Ја имам еден интерес, вие имате друг интерес и заедничкиот интерес не спојува двете страни да го решиме проблемот. Ја сум кооперативен цело време и со СЈО и со вас и со сите работи и сакам све да се реши као што сме се договориле ја и ти и толку е... неам... ниту притискам, еве глеаш, ниту напињам, ниту праам... Само сакам тоа што ќе си го кажеме, да си го завршиме, тоа ме интересира, ништо друго. ОК.

БЈ: Друго е коа би зборувале вака, очи во очи, друго е вака по телефон, затоа што ја се устручавам не можам да зборам све.

ЈК: Важи, важи. Јави се ако...

БЈ: Ти си на пат.

ЈК: Јави се ако треба нешто ај. Шо да ти кажам.

БЈ: Не знам со кој си...

КЈ: А бе уживај сеа ти.

БЈ: ... пред кого зборуваш.

ЈК: Сам зборувам Боки, немам пред кого да зборувам, овие работи не се зборат пред никого.

БЈ: Па ради тоа што слушам дека се возиш, а не верувам дека...

КЈ: Ама сам сум човек. Значи сам, лично и персонално, возам кола. Сеа ќе ги зборам овие работи пред било кого, ајде мислим.

БЈ: Овај, така чувствувам... што коа зборевме и она коа не пушти на ова ... почувствував дека разговорот ни го слуша уште некој.

ЈК: Па може да претчувствуваш. Ја да ти гарантирам у себе дека никој не го слуша разговорот. Ја сам сум, на пат. Ти се колнам, неам ни шофер, неам ни никој. Моеш да провериш, нејќам да ти се правдам, некои работи не се зборат и не се кажуваат и тоа е тоа. Ваљда си свесен за шо збориме и шо праиме, мислам, не сме деца. Не за***вај!

БЈ: Овај, така да, од таа причина, ја ти реков, да ја завршам мислата...

ЈК: Важи, важи.

БЈ: Тони си го кажал тоа што си го кажал. Дури не се издоговориме, не мораш да...

ЈК: Не, ама јас ти кажав дека ќе му се јавам на Тони, не те лажам јас, мислам нема тука шо да зборам за тие работи, глупости.

БЈ: Во секој случај ти кажувам дека не е сега тоа најважното.

ЈК: ОК, ќе праиме муабет коа ќе се видиме, ОК.

БЈ: Ете така.

По тридневното објавување разговори за случајот „Рекет“ кое ја разбранува јавноста на распит во вторник е повикана Јавната обвнителска Лиле Стаефанова, а извори од истрагата за Канал 5 информираат дека ќе биде повикана и Специјалната обвинителка Катица Јанева.

ЕУ одвои 68 милиони евра дополнителна хуманитарна помош за Палестинците

ЕУ донесе одлука за одвои дополнителни 68 милиони евра помош за Палестинците со цел справување со тешката хуманитарна криза во Газа и со постојаниот пораст на потребите на цивилите на теренот, соопшти Европската комисија. 

Според еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич, во Газа се случува на вистинска хуманитарна катастрофа која претставува екстремна опасност што може да ги доведе Палестинците во критична состојба.

- Драматичниот биланс на жртви и повредени меѓу цивилите, од кои повеќето се жени и деца, уништувањето на виталните инфраструктури и претстојниот глад во Газа мора да бидат аларм за будење за целата меѓународна заедница, истакна Ленарчич.

Според него, цивилите не треба да бидат тие што ја плаќаат цената на конфликтите.

- Палестинците не можат повеќе да чекаат да пристигне значајна помош, Израел мора да стори повеќе за да се избегне понатамошна човечка катастрофа. Почитувањето на меѓународното право е најважно, заклучи еврокомесарот Ленарчич.

Оваа дополнителна хуманитарна помош ќе се дистрибуира преку партнерски организации на ЕУ кои веќе им помагаат на Палестинците во Газа и во целиот регион. Помошта првенствено е наменета за задоволување на потребите за храна и вода, здравствена заштита, санитарии и објекти за сместување.

Со овие 68 милиони евра вкупната хуманитарна помош што ЕУ ја обезбеди за Палестинците во Газа и во целиот регион во 2024 година достигна 193 милиони евра. /МИА

Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот да преземе одговорнст

Хаваријата со цевката од парно на Токсикологија е санирана. Не е законски ако Клиниката не е осигурена и менаџментот на институцијата треба да преземе одговорност, изјави попладнево министерот за здравство Илир Демири.

- Ако зборувате за хаваријата со цевката од парно таа е санирана уште вчера од страна на Заеднички служби. А пропо вашата изјава дали е потпишан договор или не, тоа се интерни договори на клиниките со кои не располагам. Морам да ги проверам, па после да ви кажам дали е така или не, изјави денеска Демири.

Одговарајќи на новинарки прашања, Демири рече дека треба да се провери дали имало договор за осигурување или не.

Прашан за болничарот кој требаше да биде суспендиран, Демири рече дека голема неправда е направена на Токсикологија, затоа што не е обезбедена согласност од страна на менаџментот за обезбедување на договорите за работа за 18-те вработени кои четири месеци работат во Клиниката, а не добиваат економски надомест.

- Јас кажав тоа што имам забележано и за што имам факти и тоа е изјава дадена во јавноста, меѓутоа сме во предизборие, во тек е изборна кампања, не сакам да се прекрши ниедна законска процедура. Чекам да дојде извештајот на инспекцискиот надзор кој ги има обврзано во тек на пет дена менаџментот на институцијава да најде решение за 18-те луѓе кои се вработени таму, кои работат, а не добиваат економски надомест, изјави Демири.

Рече дека не се точни наводите дека економската директорка доаѓала на работа четири часа.

- Според моите сознанија, економската директорка оди на работа и не се паркира на влезот на Клиниката. Проверено е, рече Демири.

Киев: Русија ги напаѓа украинските железници за да го „парализира“ товарот со помош од Западот

Русија ги засили нападите врз украинската железничка инфраструктура со цел да го попречи движењето на воениот товар што вклучува помош од Западот, изјави денеска висок украински безбедносен извор, јавија француските медиуми, пренесува порталот Баронс.

Зголемувањето на смртоносните напади има за цел да ги уништи железничките постројки и да ги „парализира испораката и движењето на воениот товар“ пред планираната руска офанзива, тврди изворот. - Тоа се стандардни чекори пред офанзива, додава тој.

Русија денеска соопшти дека користела проектили и артилерија за да ја таргетира железничката инфраструктура и западното оружје што се транспортира по железница во Украина.

Московското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините сили го погодиле „западното оружје и воената опрема“ што се транспортирале по железница еден ден претходно во регионот на Доњецк, а цел биле и железничките објекти во регионот Харков. /МИА

притисни ентер