ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството мора да се ослободи од стегите на власта

Се додека аболицираниот криминалец Зоран Заев е на власт во Македонија не може да има правда. 

Од човек кој три пати е амнестиран за тежок криминал не може да се очекува дека ќе воспостави владеење на правото.

Никој во Македонија не верува дека криминален ум каков што е Зоран Заев не е вмешаш во најголемата криминална афера во независна Македонија, случајот рекет.

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод!

Странски медиуми објавија снимка на која јасно се гледа како Боки 13 или по ново Боки Тредичи зема милионски суми рекет во име на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Целата јавност говори за улогата на обвинителката во случајот, за улогите на Кики, Фрики, Шеки и сите останати, а обвинителството останува глуво и слепо пред овие наводи.

Русковска во екот на најголемата криминална афера во историјата на Македонија замина на одмор. Ваквото несериозно однесување на обвинителството во најмала рака е срамно. Омилената обвинителка на Зоран Заев цел месец ја убедува македонската јавност дека Боки Тредичи сам без поддршка на највисоките структури во власта и без поддршка на Јанева „мавал" рекет низ цела Македонија.

Одговорност за овој скандал мора да има. Обвинителството мора да се ослободи од стегите на власта во спротивно станува соучесник во криминалот на Зоран Заев.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

Танц парада и мини концерт во Струга по повод Светскиот ден на танцот

Со танц парада и мини концерт на отворено, под мотото „Струга танцува“ студиото за танц „Бах“ денеска по четврти пат ќе го одбележи Светскиот ден на танцот - 29 април.

Тања Бах, кореограф и идеен творец на студиото за танц информира дека членовите на „Бах“ ќе тргнат од центарот за култура „Браќа Миладиновци“, покрај кејот на реката Црн Дрим ќе продефилираат низ Струшката чаршија, а потоа ќе одржат концерт во Паркот на поезијата.

-Танц парадата е еден креативен начин да го одбележиме Светскиот ден на танцот. Парадата е нашиот придонес во културните настани во градот на мостовите. Ќе приредиме едно вистинско уживање за публиката и на за нас својствен начин ќе потсетиме за физичките и психичките придобивки од танцувањето, изјави Бах.

Во Паркот на поезијата, додаде, 100-тината членови на „Бах“ ќе ја продолжат танцовата традиција во Струга.

Светскиот ден на танцот за прв пат е прославен на 29 април 1982 годинаа, оттогаш, секоја година на овој ден ширум светот се читаат меѓународни и национални пораки за танцот. Оваа иницијатива ја покрена Меѓународниот одбор за танц на Меѓународниот инститиут за танц на УНЕСКО, а го избра денот според роденденот на зачетникот на модерниот балет и еден од најголемите танцови реформатори, Жан Жорж Новер. /МИА

притисни ентер