Грција ја укина децениската забрана за влез на полицијата на факултетите

Грчките пратеници денеска ги отфрлија законите со кои факултетите беа зона каде полицијата не смееше да влегува.

Властите овој потег го претставија како борба против безаконието , но за опозицијата станува збор за сузбивање на демократијата. Ова е еден од првите потези на новата Влада на Киријакос Мицотакис , кој лично се залагаше за укинување на студентскиот имунитет.

„Не сакаме полиција на факултетите. Но, сакаме да се ослободиме од групите што го загрозуваат животот на студентите“, рече Мицотакис во грчкиот парламент, мислејќи на анархистите.

Конзервативците веќе долго време тврдат дека идејата за факултети како засолништа веќе одамна го изгубила своето значење и се злоупотребува од криминалци, на што многу универзитетски професори се жалат за насилство и земање наркотици на јавни места без да се кријат.

Мицотакис додаде дека за време на нивното факултетско образование, студентите имале можност да видат како овие простори ги контролираат различни групи поврзани со дрога и дека подрумите на различни факултети се користат за производство на молотови коктели.

Азил на факултет е историско наследство од владеењето на диктаторот Пападопулос. Полицијата честопати вршела упад на факултетите, па на крајот на 1973 година студентите се дигнаа против неговиот режим и од тогаш полицијата нема пристап.

Универзитетот Колумбија го одложи рокот што им го даде на демонстрантите против војната во Газа

Американскиот универзитет Колумбија го одложи рокот, кој истекува на полноќ, што им го даде на пропалестинските студенти да го расчистат кампусот, каде што протестираат против војната во Газа.

- Преговорите напредуваа и продолжуваат според планираното, соопшти кабинетот на претседателот на Универзитетот во Њујорк Минуш Шафик, негирајќи дека била побарана полициска интервенција.

- Не нарекуваат терористи, нè нарекуваат насилници. Но единствената алатка што ја имаме е нашиот глас, рече еден од студентите на собирот.

Пропалестинските студентски демонстрации во САД, кои се проширија на неколку универзитети, почнаа на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Некои од најпрестижните универзитети во светот, како Харвард, Јеил и Принстон, се приклучија на студентското движење и демонстрации.

Блинкен за неколку дена во Израел, седми пат од почетокот на војната

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник ќе го посети Израел, седми пат по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше како одговор на Израел во Појасот Газа.

Јавниот сервис Кан денеска јави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафа, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држи Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа, ние ќе продолжиме да се бориме.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа.

Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија.

Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен.

Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.

Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.

Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард.

Нема откажување од иднината!

СДСМ

притисни ентер