( ВИДЕО ) Анализа на Канал 5 за можното влијание врз ,,Империја“ од Боки 13 во случајот,,Рекет“

Канал 5 подготви анализа за тоа како се одвивал судскиот процес Империја и дали во неговото судско процесуирање имало влијание исказите на првоосомничениот Боки 13.

Случаите Рекет и Империја се прилично комплексни и по се изгледа меѓусебно испреплетени. За да можеме подобро да ги разбереме потребно е да се вратиме дури до ноември минатата година.

Тогаш на 9.11 Специјалното Јавно Обвинителство под водство на Катица Јанева го објави предметот против Камчев, Мијалков и други лица под името „Империја“ кои се осомничени за повеќе дела меѓу кој и злоупотреба на положба и перење пари.

Камчев е веднаш уапсен и судот му определува 30 дневен притвор.

Еден месец подоцна односно на 10 Декември притворот му е продолжен, но тоа на Камчев му даде законска можност да се жали на одлуката во апелација и тоа го прави.

Неколку дена пред Нова Година, односно на 27 Декември судот го пушта Камчев од затвор и му одредува куќен притвор. За ова СЈО на изнанадување на сите, дава позитивно мислење Камчев да оди во куќен притвор, а според обвинителството тоа се направило бидејќи тој повеќе не можел да влијае врз сведоци...

Токму во овие месеци пред Нова Години според истрагата на Обвинителството за организиран криминал, се направени првите контакти меѓу Боки 13 и Камчев, а тоа во изјава веднаш по објавувањето на случајот „Рекет“ го кажа и обвинителката Вилма Рускоска...

На 8ми февруари куќниот притвор на Камчев е продолжен за 30 дена. Тука повторно се отвора законската можност тој на Врховен да ја обжали одлуката.

Врховен го укинува притворот на познатиот бизнисмен, но пасошот му е задржан во Кривичниот суд, како гаранција дека нема да побегне.

Во меѓувреме се поплавува подрумот на СЈО а според информациите уништен е доказен материјал токму за случајот „Империја“. СЈО демантираше дека се уништени важни документи, но никогаш не се откри кои докази беа уништени или оштетени.

Следен симптоматичен настан се случува на втори Мај, кога СЈО му издава привремен пасош на Камчев со образложение дека треба да оди на неодложни службени патување како член да управен одбор и поради едукација.

После месец и половина сите го видоа Камчев како заедно со ракометарите на Вардар во Келн ја прославува шампионската титула... Потоа следуваа бурни рекации кај јавноста и одговор на Јанева..

17 Јули. Следува настанот кој ја разбранува домашната јавност. Уапсени Боки 13 и Кичеец, отворен случајот „Рекет“. Веднаш одземен беше и телефонот на Јанева. Вториот нејзин телефон и покрај тоа што се велеше дека бил изгубен во Белград, сепак после повеќе денови е пронајден во земјава,

Другите обвинители од СЈО кажаа дека потписи за одлуките на СЈО ги ставала исклучиво Јанева

Само два месеца пред објавувањето на РЕКЕТ, Катица Јанева беше убедена дека е недопирлива, дека заслужувала да го води СЈО со својот интегритет и дека никој не можел да ја промени.

Инаку, последниот развој на случајот „Рекет“ може дополнително да ги отежни преговорите меѓу власта и опозицијата за законот за обвинителство, кој е единствениот преостанат закон и треба да се донесе час побрзо доколку земјава сака во Октомври да добие датум за преговори.

Велигден - зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Велигден е празник со непостојана дата за празнување. Празник неврзан за датум. 

Тој е секогаш во недела, но која недела и на кој датум? Денот не го менува, а датумот го менува. Може да биде во април, а и во мај. Зошто е така и како се определува тоа? Временското растојание, од кога до кога може да се падне Велигден е определено и тоа се движи од 4 април до 8 мај, односно, најрано: три дена пред Благовец, а најдоцна: два дена по Ѓурѓовден. Тоа значи дека Велигден може да се падне на 35 различни датуми.

Велигден е Празник над празниците. Тој не се вбројува во ниедна група на празници, бидејќи му нема рамен на него – тој е над сите. Но, со Велигден се поврзани најмногу празници во годината. Тие произлегуваат од него – или му претходат, како подготовка за празникот. Тие постојат од неговото постоење. И едните и другите се датираат според Велигден. На пример, најконкретно и неиздвоиво се поврзани со Велигден празниците 50 дена пред него и 50 дена по него. Секогаш, педесеттиот ден пред Велигден е Прочка и секогаш педесеттиот ден по Велигден е Дуовден (Педесетница). Потоа, празниците по Дуовден се нарекуваат недели по Дуовден, од првата до триесет и првата – втората, но зар не е и тоа поврзано со Велигден, кога Дуовден се определува според Велигден? Тој му ги отстапил тие недели на Дуовден. А и Спасовден е секогаш на 40 ден по Велигден, Цветници е неделата пред Велигден, а саботата е Лазарева сабота итн. Е сега, замислете, сите тие празници – толкав број на празнувања, зависат од определената дата за Велигден. Тие постојат за него и ќе се празнуваат кога ќе каже тој. А кој кажува кога ќе биде Велигден и како тоа го определува? Светата Црква кажува кога ќе биде Велигден и тоа го определила за сите и за секогаш, на два Вселенски собора: на Првиот и на Шестиот.

Во почетокот на христијанството, уште веднаш почнало да се празнува Велигден. Тоа е првиот празник на христијаните. Најстариот празник. Почетниот празник. Но, во првите векови, немало ускладеност и еднообразност во празнувањето. Не го празнувале Велигден сите во исто време. Така било цели три века. Христијаните на Исток, во Азија: Ерусалимската, Антиохиската и Александриската црква го празнувале Велигден во исто време и на ист датум, но другите не. Тоа бил датумот на Старозаветната Пасха. Велигден се празнувал секогаш на 14 ден од првиот пролетен месец, без разлика во кој ден од седмицата ќе се падне тој датум. Значи, Велигден можело да падне и во петок и во вторник… А, уште повеќе што тоа било истовремено празнување на Велигден со Јудејската Пасха. Христијаните, пак, во Европа велеле дека е неприлично да го славиме нашиот најголем празник Велигден, заедно со најголемиот празник на Евреите – Пасха. Затоа, се определиле да го слават Велигден секогаш во неделниот ден по првата пролетна полна месечина. Тоа значело дека Велигден ќе биде секогаш во недела.

Зошто во недела?

Затоа што во тој ден Христос воскреснал. Воскреснал во недела и треба да се празнува во недела. Поделбата започнала. Настанале спорови, расправии, кавги, непријателства и прекари, именувања едни кон други: едните ги викале „кватродецими“, на латински, што значи „четиринаестодневници“, другите „доминикани“ – „неделници“. Значи, календарското неединство е од дамнина. Не е нешто ново и нешто што ни се случува нам, сега, туку постоело со векови. Овие две различни празнувања на Велигден постоеле во првите три века, па дури на Првиот вселенски собор, во 325 година, било поставено и решавано прашањето за едно и заедничко празнување на Велигден за сите христијани. Соборот донел одлука: Велигден да се празнува насекаде во првата недела по Пасхалната полна месечина. Тоа, веднаш значело дека Велигден ќе биде секогаш по јудејската Пасха. Не треба да биде заедно со неа. Значи, Соборот ги определил: Денот – недела; периодот – пролет; денски, сонцев знак – пролетната рамнодневница; ноќен, месечев знак – полна месечина, првата полна месечина во пролетта, по пролетната рамнодневница; споредбен празник – Пасха јудејска, секогаш во неделата по неа, но никогаш со неа, ни пред неа. Таа е старозаветна, а Велигден новозаветен. Таа претходи, а Велигден следи. Тој е Новата Пасха.

Ова правило од Соборот важи и до ден денес. Тоа не се темели на ничија мудрост или било каква поврзаност со нешто и со некого, освен со законите на вселената. Богомудро решиле светите отци и го поврзале Христовото воскресение со вселената, што значи дека тоа е од вселенско значење – за сите луѓе и за цел свет.

Велигден е дел од космосот и тој е неодвоиво поврзан со космичките движења, од дневното вртење на Земјата околу Сонцето. Тоа движење е непрестајно и ни ја претставува вечноста, и најголемиот христијански празник Велигден е слика на вечноста. Воскресението Христово и Распнувањето е со значење за целата вселена, за сето време и за вечноста. Тоа се решило така и започнале сите да празнуваат на ист ден. Настанало единство во сето христијанство – единство за Празникот над празниците. Но, не за долго. Всушност, уште веднаш се појавиле разлики по прашањето за часот и времето од денот. Спореле: Кога да почне празникот? Во недела, ама кога во недела? Имено, западните христијани – Римската црква рекла дека на полноќ се објавува Воскресението Христово и започнува Велигден. Буквално, на почетокот од денот недела. Христијаните на Исток, пак, започнувале еден час по полноќ, а некои, пред зори – во 4 часот наутро, по европско време. Оваа различност продолжила нови три и пол века. Дури на Шестиот вселенски собор, во 680/81 година, повторно било поставено за решавање разногласието за почетокот на Велигден. Соборот одлучил: Велигденскиот пост престанува на полноќ на Велика сабота и започнува Велигден на полноќ, веднаш, штом влегува во недела (89 Правило на Соборот). Оттогаш настанала истовременост на празнувањето. Започнала секаде еднообразност за Велигден. Христијанскиот свет имал ист празник, во исто време и час. Големината на Најголемиот празник се зголемила и со единството во празнувањето на празникот.

На полноќ, Црквата ги собира христијаните во едно празнување на Празникот над празниците. Зошто така одлучил Соборот?

Зошто на полноќ веднаш, а не дента?

Светите отци сакале да биде празникот, колку е можно, најблиску до времето на Христовото воскресение. Но, нам не ни е кажано точно времето и часот кога Христос воскреснал. Тоа не го пишува во Библијата. Евангелијата ја премолчиле оваа точност. Тогаш, како определувале на Соборот? Какво е објаснувањето? Точно е дека во евангелските текстови не се спомнува часот на Христовото воскресение, но се даваат одредени временски ориентири. На пример, за жените мироносици се вели дека „во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгреваше сонцето“ (Марко 16,2). Во Евангелието според Матеј пишува: „Кога измина саботата, на осамнување“ (Матеј 28,1). А Лука запишал: „Многу рано тие дојдоа на гробот“ (Лука 24,1). И најпосле, Јован, којшто последен го напишал Евангелието и ги прочитал претходните, запишал: „уште дури беше темно“ (Јован 20,1). Но, никој не вели: на полноќ. Можно е целото време од полноќ до 3-4 часот наутро, пред да зазори. Така е. Временска точност нема. Тогаш што нè води кон полноќта? Еве што. Прво, сигурно е дека тоа не се случило денски. Ова е јасно, бидејќи жените мироносици пошле „уште во темно“, а Христовото тело веќе не било во гробот и ангелот Божји што стоел кај влезниот камен рекол: Христос воскресе. За моментот на Христовото воскресение не е напишано, но за доаѓањето на ангелот Божји, којшто ги пречекал жените мироносици кај празниот гроб, се вели: „Стана голем потрес: ангел Господов слезе од небото…, а стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви “ (Матеј 28,2-4). Ним им е допуштено да го видат само ангелот и тоа во неопислив страв и трепет, а не и воскресението. Тоа и не можеле да го видат, не само тие, туку и никој со човечко око. Дури и најизбраните тројца апостоли: Петар, Јаков и Јован, кои ги зел Христос со Себе на Преображението, биле заслепени од Божјата светлина и ничкосани до земја, не можеле да видат ништо, а не стражарите. И, сепак, тоа било само Неговото преображение, а не Воскресението. Кој можел да ја поднесе таа светлина? Стражарите одвај го издржале јавувањето на ангелот Божји, а не… Потоа, во страв избегале и право отрчале кај првосвештениците да им кажат. Кога дошле жените, нив веќе ги немало таму. Сето ова траело некое време. Изминале неколку часа. В зори веќе било сè готово. Значи, настанот се случил порано, а можело и на полноќ, но сигурно не пред полноќ, вели светата Црква. Не пред полноќ, затоа што рекол Христос дека ќе остане во срцето на земјата, како што беше Јона во утробата на китот три дни (Матеј 12,40; Јона 3,5 сп. Матеј 26,61; 27,40; Јован 2,19). Бројот три има симболика на потполност, целина и довршеност. Народите на Исток, па и Евреите, верувале дека душата на покојниот два дена останува во близина на телото, а во третиот ден заминува. Тоа е уште еден доказ дека Он бил мртов и душата си заминала од кај телото. Не било тоа клиничка смрт или времена несвесност, туку вистинска смрт и умирање, вистинско погребение на мртвото тело и висинско воскресение.

А зошто воскреснал во почетокот на третиот ден? Воскресението во почетокот на означеното време значи сила и моќ – дека немало што да чека, туку ја имал Божјата сила и можел да воскресне; а тоа, ако се случело на крајот од денот, ќе значело немоќ – како да чекал да собере сила, како едвај воскресна. Затоа е земен терминот веднаш по полноќ, само што почнува неделата. Затоа тогаш се објавува Воскресението и гласно се вели: – Христос воскресе! Ова значи објавување на една голема вистина – му се објавува на целиот свет дека нашиот Бог и Спасител не е мртов, туку е жив и не е во гробот, туку воскресна. Тоа се кажува гласно и сеопшто, од сите и за сите во светот. Тоа значи одеднаш, јавно и најмасовно исповедање на верата на сиот свет дека Христос воскресе! На тоа се одговара: – Вистина воскресе! А отпоздравот значи потврдување на вистината за Христовото воскресение и потврдување на својата вера во тоа. Велигден е денот на најмасовното и најсилното јавно исповедање на верата христијанска, од сите христијани во светот: дека Христос воскресе. Но, тоа не е само меѓусебно кажување на христијаните, туку и нивно најголемо заедничко кажување на светот дека Христос воскресе. Тоа му го објавуваат на целиот свет и на сите луѓе во светот.

Велигденските таблици за пресметување на датумот на Велигден се нарекуваат и Пасхални таблици или Пасхалии. Оваа пресметка не е едноставна и има своја долга историја. На почетокот, тоа право ѝ го дале на Александриската црква, затоа што таа имало најмногу учени луѓе. Првите пресметувања ги направил свети Теофил Александриски во 385 г. и ја дал првата Пасхална таблица за 40 години. Тоа го дооформил свети Кирил Александриски и било дадено за целиот христијански свет, скоро два века. Во 526 година, пак, римскиот монах Дионисиј Мали ги зел новите пресметки од учениот александриски монах Анијан, ги преработил, ги прилагодил со јулијанскиот календар и ги направил конечните Велигденски таблици, со сите правила и редослед – точно и неизменливо. Тоа важи и до денес, и за секогаш. Формиран е Велигденски круг, Пасхален круг или Пасхалија која никогаш не завршува и е наречен Голем индикт (а станува збор за целосниот круг на Сонцето и Месечината, од еден до нов почеток, кога нивните кругови започнуваат заедно). Оваа вечна Пасхалија опфаќа циклус од 532 години. А кога ќе заврши овој круг, пак се повторува по истиот ред. Следат нови 532 години со истите дати за Велигден како во претходниот. Зошто се определени 532 години во кругот и како тие остануваат неизменети до бесконечност? Тоа е чиста астрономија и математика. Направено е според поставените закони во вселената. Монасите пресметале дека по 532 години, Сонцето и Месечината почнуваат заедно, а Велигден паѓа во ист ден како пред 532 години и сè се повторува од тој петвековен круг.

Како е добиен бројот 532? Со множење на кругот на Сонцето и на Месечината. Сончевиот круг има 28 години и потоа, пак во истите денови се паѓа недела. Кругот на Месечината трае 19 години и потоа исто се повторуваaт месечевите мени во следните 19 години итн. Помножени се овие години и добиен е Велигденскиот круг (28х19=532). Ние сега сме во 15 индикт – 15 Велигденски круг. Тој започнал 1941 година, а ќе заврши 2472 година. Зошто дури 15 круг? Па нема толку години и кругови од Христовото раѓање наваму. Да, нема. Но, пресметката на круговите е започната не од Христа наваму, туку од создавањето на светот, затоа сега е 15 круг. Почетна година е земена 5508 пред Христа. Најрано, пролетната рамнодневница може да дојде до 4 април, а најкасно до 8 мај. А и Месечината може да биде полна, најрано на 4 април. Па, ако тој ден е недела – тогаш ќе биде најраниот Велигден. Кога на небото ќе се сретнат и Сонцето и Месечината полна, во недела – таа недела е Велигден. Но, ако тоа се падне пред Пасха јудејска или заедно со неа, тогаш се одлага Велигден за првата недела по следната полна месечина, ама не подоцна од 8 мај. Во еден Велигденски круг од 532 години, може да се падне најраниот Велигден – на 4 април, петпати (во сегашниов круг во: 2010, 2105, 2200, 2213, 2447), а најдоцниот Велигден – на 8 мај, четирипати (1983, 2078, 2173, 2268). Откако е направена формулата, започнале да се прават и повеќегодишни таблици. Објавуван е датумот за Велигден за целиот последен Велигденски круг, во којшто сме и ние сега. Сега, откако е пронајдено компјутерското пресметување, има можност брзо да се задоволат љубопитствата и да се добие точниот датум за Велигден, за било која година и век.

* * *

Православните цркви го слават Велигден сите на ист датум. За среќа, овде не се направи поделба и Велигден остана заеднички празник, а тоа значи и сите празници поврзани со Велигден, иако црквите се раководат според два различни календари: јулијанскиот и грегоријанскиот. Празниците со одредените дати ги празнуваме различно, а Велигден и велигденските празници – заедно. Со новиот календар започнаа први Грците, од 1924 година и во почетокот го прифатија сите цркви кои имаат Грци поглавари, освен Ерусалимската патријаршија и Света Гора. Потоа, го прифатија и други цркви, но не сите, туку пола-пола, останувајќи поделени и до денес. Но, Велигден е во заеднички датум за сите православни цркви. И добро е што е така. Слава на Бога! Во Македонија, на ист датум со православните, го слават Велигден и протестантите од Евангелско-методистичката црква и католиците од источен обред.

* * *

Христос воскресе! – Вистина воскресе!

Грција во шок: Кум со години силувал момче, ги злоставувал и неговите две сестри

На 50-годишниот кум, кој е обвинет за сексуално вознемирување и силување на момче (18), од деветгодишна возраст, со согласност на истражителот и обвинителот на Ираклион, Крит, одредена му е мерка притвор.

Осомничениот маж признал дел од своите дејствија и сега се очекува да биде префрлен во затвор во Триполи.

Тој признал дека се случиле два од 10-те инциденти за кои неговото кумче, сега полнолетен, кажал дека се случиле.

Како што пренесува neakriti.gr, 50-годишникот тврдел дека тоа го предизвикал младиот човек и изјавил дека е „уништен и болен“.

Мажот е обвинет и за злоставување на уште две девојчиња, меѓу кои и сестрата на момчето што наводно ја силувал.

Информациите укажуваат дека има и порнографски материјал кој го покажува неговиот грозоморен чин. Поточно, видеото наводно го снимил 50-годишниот маж, за да докаже дека детето, кое тогаш имало 15 години, го провоцирало. Како што рече, на видеото се чини дека сексуалната иницијатива дошла од младиот човек. Тој исто така тврдел дека инцидентот се случил во неговата канцеларија и дека го снимал во случај во одреден момент да биде кривично гонет.

Во исто време, тој останал на ставот дека никогаш не ги малтретирал девојките.

Тој е уапсен вечерта на Велика среда, додека против него е поведена постапка за злоупотреба на малолетник кој не наполнил 14 години и на малолетник над 14 години.

Тој е обвинет и за детска порнографија во форма на производство и поседување видеа во кои има малолетник кој не наполнил 15 години.

Случајот бил откриен на Божиќ, кога кумот дошол да го посети семејството, но момчето одбило да седне на иста маса со него.

Кога родителите побарале од детето да го објасни своето однесување, тоа се скршило и открило што се случило и дека било жртва на малтретирање од страна на кумот.

Истовремено, има информации и за сестрата на младиот човек, која моментално има 24 години, како и за малолетната сестра, која моментално има 17 години. Според нивните пријави, делата ги извршил кога девојчињата имале 6 и 5 години.

Според податоците на полицијата, несоодветните дејствија првично се одвивале од 2006 до 2019 година.

Ибрахимовиќ искрено: Сега живеам поинаку, ми беше тешко поради моето его

Поминаа осум месеци откако Златан Ибрахимовиќ ги закачи копачките, а во неодамнешна изјава Златан се потсети колку му било тешко.

Како што вели, егото му правело проблем...

- Добро сум, имам добар живот. Престанав да играм пред осум месеци, сега имам поинаков живот. Прифатив да престанам што беше тешко поради моето его, начинот на кој размислувам за себе. Мислам дека сум најдобар, сепак најдобар, можев да продолжам, но избрав да престанам. Зошто? Затоа што сакам добар живот за моето семејство. Да имам време за моите синови, последица е што немаше да можам да го направам тоа бидејќи имав проблеми со колената. Така ја прифатив пензијата, стигнав дури до моментот кога си реков, океј, остави сѐ и почни ново поглавје во животот – започна Ибрахимовиќ.

Сепак, веднаш по завршувањето на кариерата доби нова функција ...

- Неколку месеци подоцна го запознав Гери Кардинале, кој го контролира фондот „Црвена птица“ што го купи Милан. Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Почнав да работам во Милано, таму сум три-четири месеци, добро се однесуваат со мене, морам да го кажам тоа.

Тој го допре и својот поранешен агент Мино Раиола, кој почина.

- Кога почина Мино, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев, се уште не престанувам бидејќи секогаш се сеќавам на некои работи. Многу ми недостига. Сите што ме познаваат знаат колку ми беше близок. Што би му рекол ако можам да му напишам порака токму сега? Ми недостигаш – подвлече Ибрахимовиќ.

притисни ентер