Единственото образложение за оваа одлука на судот е дека таа е донесена врз основа на досегашната воспоставена судска пракса и меѓународното право.. Повеќе детали нема, па останува нејасно кои се точните причини за отфрлањето на барањето од Белград..
Сега, случајот се сели пред Врховниот суд, а дотогаш Морина сепак останува во притворот во Шутка.. Но, каква одлука и да донесе највисокиот суд таа нема да биде обврзувачка, затоа што конечниот збор го има министерката за правда Рената Дескоска.
Ваквата одлука доаѓа 14 дена по апсењето на граничниот премин Блаце по потерница на Интерпол и жестоки притисоци и од Белград и од Приштина, но и од внатре, од албанските партии..
Особено деновиве се истакна вицепремиерот Бујар Османи кој во енколку наврати порача дека екстрадицијата на поранешниот борец на УЧК не е опција и дека доколку таа се случи ќе предизвика дестабилизација на регионот - став кој правните експерти го оценија како директно мешање на извршната во судската власт и тоа во период кога очекуваме датум за почеток на преговори со ЕУ.
Вчера, по претходно одобрение на судот него го посети косовскиот амбасадор во земјава, кој по средбата рече дека очекува институциите да донесеат правилна одлука и наместо да го екстрадираат во Србија, тој како слободен човек да се врати дома.
Доколку денешната одлука на Кривичен ги издржи сите истанци и стане официјална, за очекување е жестока реакција од Белград, со оглед дека тамошниот министер за внатрешни Стефановиќ пред неколку дена рече дека не сака ни да помисли дека Морина нема да и биде екстрадиран на Србија, затоа што како што рече Македонија има обврска тоа да го направи врз основа на потреницата од Интерпол, распишана заради сомнежи за поврзаност со воени злосторства против цивили на Косово во 1999тата година