Видео:Најголем лав меѓу фудбалерите и најголем фудбалер меѓу лавовите

Овој лав покажа што знае со фудбалската топка.

Тој долго време не го покажувал својот талент но одеднаш кога дошол до топка, се покажал како најголем фудбалер меѓу лавовите.

ПРИЛЕПСКИ ЗЕЛНИК СО МЕСО

Рецепт на: ПАВЛИНА ТРАЈКОСКА

Потребни состојки :  800 гр. брашно, 700 гр. мелено месо, 1 главица кромид, 1 филџан масло, 1 квасец, 1 лажиче шеќер, 1 лажиче сол, 1 лажица оцет, 1 маргарин, малку сусам, вода по потреба и сол по вкус.

Постапка:

Во подлабок сад со брашно се додава: сол, шеќер, оцет, квасец и масло.

Се додава млака вода и се земесува тесто.

Откако тестото добро ќе се измеси се расукува и се премачкува со ½ маргарин.

Се сече на ленти и се ставаат едни врз други.

Потоа се сечат на 4 дела и се ставаат едни врз други.

Добиеното тесто се остава да отстои околу 5 минути во фрижидер.

За тоа време во тава со загреано масло се пропржува меленото месо со сечкан кромид и се зачинува во малку сол.

Откако тестото ќе отстои се дели на 2 дела.

Од едниот дел се сука кора во форма на плехот.

Во сад се става да се стопи ½ маргарин со малку масло.

Со стопениот маргарин се премачкува плехот.

Се реди кората и одозгора се става пропрженото месо.

Од вториот дел се сука поголема кора во форма на плехот.

Со стопениот маргарин се попрскува меленото месо и се става втората кора.

На краевите се прават витки и одозгора се попрскува со стопениот маргарин.

Се посипува со малку сусам и се пече во загреана рерна околу 15 минути на 250 степени.

Дневен хороскоп за 11. декември 2019 година

Дневен хороскоп за среда, 11. декември 2019 година. 

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Доколку се чувствувате повредено , обидете се подобро да ги разберете другите. Тогаш и тие подобро ќе ве разберат вас.

Кариера

Некои ваши колеги денеска би можеле да ја покажат својата слаба страна. Немојте да бидете премногу строги ,туку помогнете им.

Здравје и совет

Заслужувате одмор.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Откако се ви стана јасно, повторно ќе навлезете во реподна фаза на депресија и размислувања за смисолот на љубовта.

Кариера

Ситуацијата е зрела за вашето деловно напредување , па оваа шанса ќе ја искористите на најдобар можен начин.

Здравје и совет

Опуштете се.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете заинтересирани за се она што е апстрактно во односите , ќе читате меѓу редови и ќе откривате вибрации на поврзаност.

Кариера

Се што вклучува соработка, контакти и размена на идеи , денеска ќе ви оди од рака подобро од вообичаено.

Здравје и совет

Опуштете се со добра музика.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Нема да ја криете симпатијата што ја чувствувате за една личност. Таа засега ви е пријател , но би можела да стане нешто повеќе.

Кариера

Ако го отворите својот меил , ќе видите бројни пораки од странство. Некои содржат и деловни понуди.

Здравје и совет

Не одете преку своите можности.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Моментално не се симнувате од листата на најпопуларните во друштвото.Повторно ве викаат , ве сакаат и поддржуваат. Партнерот е малку љубоморен поради тоа.

Кариера

Цврсто стоите на земја и тешко дека нешто ќе ве одврати од вашиот план. Сигурни сте во себе и на таков начин продолжувате понатаму.

Здравје и совет

Не ги забрзувајте работите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ништо не може да ги загрози вашите скласдни односи со саканата личност , но нема да има ниту особени поттици за љубов.

Кариера

Преговортие течат добро , иако вие не сте расположени за тоа. Ви исгледа како луѓето околу вас да работат половично.

Здравје и совет

Добро ќе се најадете , внимавајте на притисокот.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашето семејство како да ве окупира за себе , па денеска немате многу време за партнерот. Организирајте се.

Кариера

Сега конешно се ви е јасно во врска со една деловна соработка и работите се зрели за можен договор.

Здравје и совет

Не можете вечно да живеете на стара слава.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Малите фрустрации ќе бидат поврзани со потребата за интимност и друштво во исто време , како и излегување во јавност. Одберете паметно.

Кариера

Доколку не сте сигурни како да се поставите во една деловна ситуација , потпрете се на својата интуиција.

Здравје и совет

Бидете умерени.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Денешниот ден ќе ви донесе многу шанси за дружење , па ако имате можност , излезете меѓу луѓе.

Кариера

Ќе ви пречат многу ситници на работното место и со нетрпение ќе дочекате сето тоа да заврши и да си заминете дома.

Здравје и совет

Бидете тактични.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе имате толку силна имагинација што без проблеми ќе ја надминете секоја празнина во личните односи.

Кариера

Работите си течат по свој ток и засега се е добро. Денеска занимнавајте се со мали поттици за да биде уште подобро.

Здравје  и совет

Анализирајте си ги соништата.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Една личност од вашата работна средина ќе ви биде наклонета или обратно. Можете да се доверите еден на друг.

Кариера

Ќе делувате на два фронта- оној редовниот и ониој што вклучува големи планови за иднината.

Здравје и совет

Не се срамете за да се изразите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашата врска добро функционира , а денеска ќе мора да изреагирате на една работа што ќе ви одземе дел од слободното време.

Кариера

Ќе размислувате дали да смените сдел од работата или нешто во самата постапка на работењето. Раширете ги и контактите.

Здравје и совет

Мали главоболки или тага.

Роби Вилијамс успеа да го достигне рекордот на Елвис Присли

Роби Вилијамс е меѓу најслушаните музичари во Велика Британија, бидејќи по 13-ти пат стигна до број еден на топ листите што му успеа само на кралот на рокенролот, Елвис Присли.

Албумот на Роби „Божиќен подарок“ се најде на второто место зад групата „Колдплеј“ минатата недела, но сега е број еден, пренесуваат британските медиуми.

Сепак, апсолутен носител на рекорд по бројот на албуми на прво место се уште се „Битлси“, кои имаа 15 вакви албуми.

Песната на австралиската пејачка Tones & I, Dance Monkey го изедначи рекордот за женски синглови, што десет недели ги собори топ листите.

Само американската пејачка Витни Хјустон во 1992 година со „Јас секогаш ќе те сакам“ и Ријана со нејзината „Чадор“ од 2007 година имаа таков успех.

Подемот на Роби значи дека само два од неговите соло албуми не успеале да го достигнат првото место. Неговиот албум во живо од 2003 година од Кневворт и Reality Killed Video Star  стигнаа до број два на топ листите.

Вилијамс исто така испеа четири албуми со групата Take That, кои исто така се најдоа на првото место, што значи дека тој се појавил на 17-те албуми на табелата како соло уметник или дел од групата.

Но, британскиот пејач сè уште е далеку зад Сер Пол Мекартни, кој е на топ листите како соло пејач, со „Битлси“ и „Вингс“ со вкупно 22 албуми на првите места.

притисни ентер