СДСМ: ВМРО – ДПМНЕ е синоним за политички прогон и пресметки со неистомислениците

Јавноста можеше да слушне и се уште памети како од белиот дворец се нарачуваа казни, судски предмети и пресуди, се наведува во соопштението на СДСМ.

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ заканите и уцените кон граѓаните беа секојдневие.

Пиштење вриштење, нарачување инспекции, ендеци за жени и деца и палења ресторани, исклучување лифтови на изборен ден, “влечење за уши на гласање” се само дел од начините на кој ВМРО-ДПМНЕ владееше и се однесуваше со граѓаните.

Денес ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски и раководството се уште седат во белиот дворец што е симбол на криминал и расипништво.

Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и осуден криминалец во бегство Никола Груевски се уште се заканува со пресметки и пресретнување во темни улички, а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не само што не се оградуваат од него, туку и работат по негови насоки.

Се е исто во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и раководството на партијата остануваат послушници на Груевски, осамени во деструктивното делување и одбраната на криминалот.

Но наредбите од Будимпешта и антидржавното однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да го спречат напредокот.

Институциите по 11 години заробеништво, конечно функционираат независно и неселективно, без разлика колку тоа да не им се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Во Белград се одржа досега најмасовниот „Прајд“ (ФОТО)

Годинешната Недела на гордоста се одржува од 2 до 8 септември, а прошетката се одвива денеска на релација од паркот Мањеж до зградата на Владата на Србија.

Од шетачите од сите генерации најголемо внимание привлекоа драг кралиците, пишува Телеграф.

Долга коса, впечатлива шминка, вртоглави потпетици, костими кои привлекуваат внимание, а еден од нив носеше лента со натпис „дебел пе**р“. Всушност, на нив нема детал што не привлекува внимание:

Кума на овогодинешната Парада на гордоста е пејачката Зејна Муркиќ.

Камионот на гордоста ја водеше прошетката низ Немањина. Ана Јовановиќ од Белград Прајд изјави дека е горда транс жена Ромка и дека зборува во име на оние чии гласови ретко се слушаат.

Како што вели, како Ромка е маргинализирана поради нејзината етничка припадност, како жена е ограничена од патријархатот, како транс личност нема права или не се почитуваат.

Ангелов: Попладневните дождови помогнаа во гаснењето на пожарот во прилепско Мариово

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов информираше дека денеска на територијата на државата регистрирани се 13 пожари на отворено, од кои 9 од нив се активни. 

Ангелов посочи дека попладневните дождови помогнаа во гаснењето на пожарот во прилепско Мариово, кој претходно денеска тој го посочи како најкомплициран.

– Рано утрово таму се упатени 100 припадници на армијата, 25 припадници на полициските специјалци „Тигри“, 30 вработени во „Национални шуми“, како и два тима од Дирекцијата за заштита и спасување со повеќе од 25 лица. На терен се и прилепските пожарникари, а помош има и од пожарните од околните градови, рече Ангелов.

Истакна дека во моментов функционален е само еден „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, додека другите два авиони на ДЗС, како и двата полициски хеликоптери се неисправни.

– Околу 10 часот во гаснењето на пожарот помогна и еден „Ер трактор“ на ДЗС. За жал, другите два се неисправни и не можат да летаат. Истото се случува и со двата полициски хеликоптера кои се неисправни, но оптимисти сме дека во текот на утрешниот ден големиот полициски хеликоптер ќе биде функционален и ќе можеме да го користиме во текот на утрешниот ден, рече Ангелов.

Поголеми пожари има и во Дервен, селото Смолане, Општина Долнени и во скопско Катланово. Пожарот кај Катланово е активен од вчера бидејќи тежок е теренот за гасење, но Ангелов вели дека нема закана и опасност да бидат загрозени куќи.

МД „Илинден“-Тирана: 8 Септември го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава

По повод 8 Септември-Денот на независноста,  македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка, посакувајќи „да е вечен овој голем ден, да го почитуваме и славиме“.

-Во мое лично име и во името на македонското друштво „Илинден“ – Тирана срдечни честитки по повод 8 Септември – Денот на независноста на татковината Македонија. Пред точно 33 година македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава, стои во честитката.

Овој историски ден, се додава во честитката, е симбол на одлучноста и непоколебливоста на македонскиот народ да го оствари својот вековен стремеж и да изгради независна и суверена држава.

-Нека ни е честит и вековит денешниот празник, нека е вечна нашата татковина, Република Македонија, се наведува во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

притисни ентер