„Сите сме деца на Илинден“ е мотото што ги обединува чествувањата на Денот на Републикат

Владата ја утврди програмата за одбележување на Илинден , за што е задолжена Владата , во координација со Собранието и со Претсеедателот , во која што се предвидуваат голем број свечености , чествувања и обраќања.   

На предлог на Организациониот одбор, Владата на Република Северна Македонија на својата редовна 146-та седница ја утврди Програмата за одбележување на Денот на Републиката - 2 Август Илинден, за која е задолжена Владата на РСМ, и која, во координација со Собранието на Република Северна Македонија и со Претседателот на Република Северна Македонија, предвидува голем број свечености, чествувања и обраќања.

Слоганот под кој се обединети сите чествувања, е „Сите сме деца на Илинден“ како концепт кој ги опишува заедничките вредности кои сите ги славиме, празнуваме, кои не обединуваат и поврзуваат, не прават горди и сплотени граѓани на нашата заедничка држава.

Свеченостите по повод Денот на Републиката започнуваат со активностите на Претседателот на Република Северна Македонија, кој заедно со делегациите ќе положи свежо цвеќе пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев и ќе се поклонат пред споменикот на првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ Методиј Андонов Ченто.

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, заедно со Сојузот на борците ќе положи цвеќе на Алејата на славните, по што ќе следува прием за гостите и за делегацијата на борците во претседателската вила на Водно, каде што Претседателот на Република Северна Македонија и претставник на Сојузот на борците ќе имаат и свои обраќања по повод празникот.

Одбележувањето на празникот истиот ден се чествува и во Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце. На свеченоста по повод Денот на Републиката – 2 Август, и по повод 75 годишнината од првото заседание на АСНОМ ќе говори претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, по што следува културно-уметничка програма.

Централната свеченост по повод државниот празник Ден на Републиката – 2 Август во Крушево ќе се одржи на Мечкин Камен, каде после положувањето свежо цвеќе на споменикот на Мечкин Камен, следува обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев. По обраќањето е предвидена и свечена културно-уметничка програма.

Како дел од Програмата за одбележување на Денот на Републиката – 2 Август, се и активностите во Смилево, со кои ќе се одбележат 116 години Илинден и 77 години од првата борбена акција на Битолско – Преспанскиот Партизански Одред „Даме Груев“. Свечената програма предвидува положување на свежо цвеќе на спомен обележјата, по што следи посета на меморијалниот музеј Смилево.

Екипата од Туминец повторно најуспешна на велигденскиот фудбалски турнир на Општина Пустец

Фудбалската екипа од село Туминец е победник на годинaшниот турнир одржан во Долна Горица, општина Пустец. Младите фудбалери од Туминец беа подобри во финалето против екипата на Горна Горица.

Фудбалскиот турнир организиран од Општина Пустец, традиционално се одржува по повод големиот празник Христовото воскресение - Велигден, кога Македонците, кои живеат и работат во други земји, главно во соседните, се враќаат во родните села.

На турнирот, што годинава беше посветен на Васил Јанкула, кој почина на трети минатиот месец, учествуваa екипи од сите села на општината.

Градоначалникот Пали Колефски ѝ го врачи пехарот на фудбалската екипа на Туминец, предводена од капитенот Драган Вурмо, која повеќе години по ред е победник на велигденскиот фудбалски турнир.

- Најпрво ви го честитам големиот празник, Христовото Воскресение - Велигден, со желби за здравје и благосостојба. Честитки за победата, а и на сите учесници за фер однесувањето на натпреварите. Моја порака и голема желба, е, да продолжиме со оваа убава традиција, посака Колефски.

Сите екипи, учесници, како и досега, соодветно беа наградени од општината.

Мицковски го посети централниот штаб на Вреди

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го посети централниот штаб на Вреди на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, јавува ТВ21.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

Фон дер Лајен: ЕУ смета дека Кина ќе изврши притисок врз Русија да ја прекине војната

 Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Европската унија смета дека Кина ќе изврши притисок врз Русија да ја прекине војната против Украина.

„Сметаме на Кина да го искористи сето свое влијание врз Русија за да стави крај на руската агресивна војна против Украина“, рече фон дер Лајен по средбата со кинескиот претседател Кси Џингпинг и францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата.

„Претседателот Си одигра важна улога во деескалацијата на неодговорните нуклеарни закани на Русија и уверена сум дека ќе продолжи да го прави тоа во контекст на тековните нуклеарни закани на Русија“, додаде Фон дер Лајен.

притисни ентер