Формирање на посебно Одделение за гонење на висока корупција на кривични дела сторени од избрани и именувани лица и јавни функционери во рамките на веќе постоечкото основно Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е еден од предлозите кои ВМРО – ДПМНЕ ги става на маса, а кои се разликуваат од владиниот предлог кој предвидува основање на Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција со спојување на целокупното СЈО со Обвинителството за организиран криминал..
Во Предлог- Законот за јавно обвинителство изготвен од ВМРО - ДПМНЕ, до кој дојде Канал 5 , а за кој засега немаме потврда дали станува збор за финалната верзија на Законот стои дека предлогот за избор на раководителот на ова одделение преку Советот на јавните обвинители се доставува до Собранието и за негово именување треба да гласаат две третини од вкупниот број на пратеници.
Предлогот на ВМРО ДПМНЕ е обвиненијата поднесени до 30ти јуни 2017та година од страна на СЈО минуваат во надлежност на Државниот јавен обвинител, додека за постапките почнати по рокот од 18 месеци Државниот јавен обвинител е должен да постапи согласно Законот за кривична постапка и мислењето на Врховниот суд.
Канал 5 го контактираше и државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски. Тој вели дека обвинителството има капацитет да ги преземе предметите, но тоа според него не е рационално решение затоа што ќе се изгуби дополнително време, месеци за тие нови обвинители да ги проучат предметите.
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ , Мицкоски вчера на прес конференција рече дека за нив е неприфатливо обвинителите од СЈО да се приклучат на Обвинителстото за гонење на органзииран криминал, а специјланата обвиниетлка Јанева да се унапреди за две скалила во Републички јавен обвинител.
Мицкоски побара сите обвинители од СЈО да се вратат во матичните обвинителства согласно Законот за СЈО, и да се истражи инволвираноста на Јанева во случајот Рекет.
Премиерот Заев вчера најави дека викнедов ќе го разгледа предлогот на ВМРО - ДПМНЕ.
Ескпретите излегоа со различни оценки на објавениот Предлог -Закон од страна на Владата, додека невладините организаци од областа на правосудството порачаа законот да не се носи преку ноќ и дека за него е потребна јавна дебата.