Убиецот на Мартин Нешковски една година не е во затвор - Канал 5

Убиецот на Мартин Нешковски една година не е во затвор

Осудениот за убиството на Мартин Нешковски, Игор Спасов не е в затвор затоа што се лекува, потврдуваат за Канал 5 од Управата за извршување на санкции.

Убиецот на Мартин Нешковски една година не е во затвор

Според информациите тој е на лекување речиси една година. Судот му го продолжувал отпустот во неколку наврати.

Прекинот на казната му е одобрен од судијата за извршување на санкции во истиот суд кој е надлежен според местото на живеење, а причината е неговата здравствена состојба, додаваат од управата за извршување на санкции.

Спасов е осуден на 14 години затвор за убиство на Мартин Нешкоски за време на прославата на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во 2011 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. 

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните од западен, кој наместа повремено ќе засилува, а долж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во текот на новата седмица ќе преовладува топло време. Во вторник ќе има локален развој на нестабилна облачност, а во среда на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од четврток ќе преовладува сончево време со променлива облачност во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху му го честита 80-тиот роденден на Трамп: „Мирот доаѓа преку силата“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес му го честиташе 80-тиот роденден на американскиот претседател Доналд Трамп со пораката дека „мирот доаѓа преку силата“.

Нетанјаху му го честита 80-тиот роденден на Трамп: „Мирот доаѓа преку силата“

„Среќен роденден, Доналд“, напиша Нетанјаху на мрежата „X“, истакнувајќи дека роденденот на Трамп оваа година доаѓа во „соодветно време“, кога „Америка, голема нација изградена врз слободата и верата слави 250 години слобода“.

Нетанјаху рече дека мирот доаѓа преку силата, што е можен коментар за новиот Меморандум за разбирање со Иран.

„Ви посакувам континуирана сила и енергија додека ја водите Америка кон светла иднина на мир постигнат преку силата и додека продолжуваме да го воздигнуваме сојузот САД-Израел на сè поголеми височини“, напиша Нетанјаху.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

КОВЗРГ ќе ја одбележи 40-годишнината од упокојувањето на Архиепископот Ангелариј

Настанот ќе се одржи во храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје.

КОВЗРГ ќе ја одбележи 40-годишнината од упокојувањето на Архиепископот Ангелариј

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, во соработка со Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на 15 јуни 2026 година ќе организира одбележување на 40-годишнината од упокојувањето на блаженоупокоениот Архиепископ охридски и македонски г.г. Ангелариј.

Настанот ќе се одржи во храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје, каде што се наоѓа вечното почивалиште на Архиепископот Ангелариј, со почеток во 10:00 часот.

Во рамките на одбележувањето ќе биде отслужен помен со кој ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на архиереи и свештенство. По поменот е предвидено кратко обраќање на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, по што ќе следи полагање свежо цвеќе пред гробот на Архиепископот Ангелариј.

Одбележувањето претставува израз на почит кон животот, духовното дело и историското наследство на Архиепископот Ангелариј, кој со своето архипастирско служење остави значаен белег во современата историја на Македонската Православна Црква.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер