Како што соопшти СВР Тетово, возилото со тетовски регистарски таблици, што го управувал 16-годишник кој немал положено за возачка дозвола, излетало од коловоз и удрило во ѕид од куќа.
Двајца сопатници од „Голфот" со друго возило биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на помош. Извршен е увид, информира СВР Тетово.
Тетовската полиција бележи и случај на 27-годишник кој без возачка дозвола управувал возило „Бе-Ем-Ве" и удрил и повредил велосипедист на улица „Благоја Тоска" во Тетово синоќа околу 19 часот и 20 минути.
СВР Тетово информира дека 27-годишниот А.И. од тетовско Селце, удрил во 70-годишниот тетовец Н.Е., по што го напуштил местото на настанот, но потоа самиот се пријавил во тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај.
Велосипедистот Н.Е. поради здобиените повреди е задржан на болничко лекување во тетовската клиничка болница. /МИА