Во следниот период интензивно ќе се работи на изградба на автопатите Кичево –Охрид и Скопје – Блаце

Власта најавува забрзана динамика на изградбата на автопатишта низ земјава. 

Иако без конректни рокови, уверуваат дека во следниот период интензивно ќе се работи на Кичево –Охрид и Скопје – Блаце .

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески уверува дека првите 2км од автопатот кон Блаце ќе бидат отпочнати оваа година. Се чека одобрение на проектот за конечно да се објави тендерот. Во меѓувреме се работи на проектирање на останатите 10,5км.

-Ревизијата на градежен завршува доколку нема забелешки веднаш ќе се објави тендерот. Најбрзо очекуваме првите 2км оваа година да бидат отпочнати. Другите 10,5км се работи, наредна година да се заврши проектот за кога ќе се завршат тие 2км, паралелно да се почне и со тие 10,5км, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Откако кинеската Ексим банка одобри ефтин кредит за да продолжи Кичево – Охрид, министерот очекува веќе наредната година возачите да може да возат и по половина од автопатот. Очекувањата се првите 30км од Охрид до Врбјани да бидат оспособени за возење.

Ние сме известени дека се одобрени парите и очекуваме овој период да се пристапни и да се динамизира процесот. Планираме наредната година да пробаме тие 30км од Охрид до Врбјани да ги оспособиме да се вози тој пат. Половина автопат да биде во функција, а другиот дел согласно рокот 2021 да е целосно завршен, истакна Горан Сугарески, министер за транспорт.

Сугарески денеска со градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, извршија увид во градежните работи во индустриската зона Визбегово, каде се поставува нова водоводна мрежа, која според најавите треба да биде целосно изградена до март следната година. До сега поставени се 25%, а до септември годинава треба да биде објавен тендер и за нов канализациски систем.

Албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од еден милион долари

Уапсени двајца Италијанци.

На граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од милион долари.

Уапсени се двајца италијанските државјани во чиј автомобил биле откриени фалсификуваните чекови.

Фалсификуваните чекови се одземени како материјален доказ заедно со возилото, 1700 евра, печати и два мобилни телефона и се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност Скадар за понатамошни дејствија. /МИА

Легендарната бразилска фудбалерка Марта заминува во пензија

 Најдобриот стрелец во историјата на Бразил во машки и женски фудбал, 38-годишната Марта, одлучи да се пензионира оваа година.

Марта, која од 2017 година настапува за американскиот клуб Орландо Прајд, изрази надеж дека пред повлекувањето од фудбалот ќе може да настапи на претстојната Олимпијадата во Париз.

„Ако одам на Олимпијадата, ќе уживам во секој момент, бидејќи, без разлика дали ќе бидам во Париз ова ми е последна година со репрезентацијата, изјави Марта во интервју за Си-Ен-Ен.

„Од 2025 година Марта повеќе ќе ја нема во репрезентацијата. Многу сум смирена поради тоа бидејќи со голем оптимизам гледам на развојот на спортот што го имаме во однос на младите спортисти“, додаде таа.

Марта, позната како „Кралица Марта“, е најдобар стрелец на сите времиња во Бразил со 116 гола на 175 натпревари. Таа е и најдобар стрелец на женските мундијали со 17 голови. /МИА

Франција и Германија потпишаа договор за заеднички проект за вооружување

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. 

Францускиот министер за одбрана и неговиот германски, Себастијан Лекорну и Борис Писториус на денешната средба во Париз потпишаа договор за заеднички проект за вооружување во вредност од една милијарда евра, кој вклучува развој на главен борбен тенк од следната генерација.

Министрите потпишаа меморандум за развој на Главен копнен борбен систем (МГЦС), кој има за цел да ги замени сегашните борбени тенкови во Франција и во Германија.

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. /МИА

притисни ентер