Продолжуваат преговорите за Венецуела

Норвешка соопшти дека венецуелската влада и опозициските претставници ќе ги продолжат мировните разговори откако двете страни не постигнаа договор на состанокот на Барбадос.

Овие разговори следеа по првиот круг преговори во средината на мај во Осло, кој исто така заврши без договор.

Социјалистичкиот претседател на Венецуела Николас Мадуро, успева да се одржи на власт и покрај протестите против неговото владеење.

Лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо, кој го води Националното собрание, се прогласи за привремен претседател во јануари и доби поддршка од големите сили, вклучувајќи ги САД и повеќе од 50 други земји.

притисни ентер