Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на САД, Кејт Мери Брнс

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка наСоединетите Американски Држави во  Македонија, Кејт Мери Брнс.

По церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателот Пендаровски и амбасадорката Брнс истакнаа. 

-Ви посакам искрено добредојде во нашата земја, како новоименуван амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија. Ви посакувам успешно водење на оваа одговорна и ценета мисија.Ја користам оваа пригода да изразам задоволство од Вашето именување, како особено добар познавач на Регионот и на нашата земја. Вашето именување за Амбасадор на САД во  Македонија претставува уште една потврда на одличните политички односи и плодната соработка меѓу двете пријателски држави.Дипломатските односи меѓу нашите две земји успешно се развиваат повеќе од две децении, порача претседателот Пендаровски.

Амбасадорката Брнс  порача дека со нетрпение очекува, до крајот на годината, да и посака добредојде на Северна Македонија како 30-та членка на НАТО алијансата. 

-Претседателе Пендаровски, ми претставува задоволство да се запознаеме и да ви ги предадам моите акредитивни писма. Ви благодарам што сте домаќин на оваа свеченост. Чест ми е што го претставувам претседателот Трамп и американскиот народ како амбасадор на Соединетите Држави во Република С. Македонија.Ми претставува особено задоволство да го започнам мојот мандат во овој клучен период за односите помеѓу нашите две земји. Со нетрпение очекуваме, до крајот на годината, да и посакаме добредојде на  Македонија како 30-та членка на НАТО алијансата. Како сојузници, нашите односи ќе стануваат посилни, поврзани преку нашата заедничка заложба за мир, безбедност и просперитет во регионот и пошироко, изјави американската амбасадорка Брнс.

Запленет глисерот на Зоран Ќичеец

Глисерот на второ осомничениот во случајот “Рекет” -  Зоки Кичеец доцна синоќа бил запленет од обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Заплената е во рамки на истрагата која обвинителството ја отвори минатата недела против Боки 13 и Зоран Милески познат како Кичеец, кои се осомничени за рекет врз бизнисмени. Иако во јавноста се ширеа информации за заплена и на други предмети како џипови, мотори и скутери на вода, од обвинителството велат дека до овој момент запленет е само глисерот.

По налог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до овој момент е запленет глисер во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет". Глисерот е запленет синоќа.

Велат од Обвинителството. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак и денеска прашуваат кој се крие зад идентитетот на “Кики” и “Фрики”. Од таму велат и дека се уште го анализираат предлог-законот  за спојување на СЈО во редовното обвинителство, и остануваат на ставот дека се противат на предлогот Вилма Рускоска да раководи со новото обвинителство.

За тоа кој се крие зад идентитетот на фамозните “Кики” и “Фрики”, новинарот Бранко Геровски кој изминатиот период пишуваше за случајот рекет, најави дека ќе ги открие во текот на утрешниот ден.

Рекордно високи температури во САД

Екстремно топлото време предизвикува и проблеми во Соединетите Американски Државни.

Најмалку шест лица го загубиле својот живот поради рекордно високите температури во САД. Според властите, жртвите се од сојузните држави Мериленд, Аризона и Арканзас.

Националната метеоролошка служба предупреди од „опасен топлотен бран“, кој во комбинација со зголемена влажност во земјата може да доведе до топлотен удар, доколку не се преземат соодветни мерки. Голем број настани во САД, од фестивали и концерти до спортски средби, се одложени поради невообичаените високи температури. Медиумот потсетува дека за време на топлотниот бран во јули 1995 година загинаа повеќе од 700 луѓе во Чикаго, каде температурите надминуваа 36 степени Целзиусови.

Големи пожари во Португалија, осум повредени, наредена евакуација

Во екот на туристичката сезона Португалија мака мачи со пожарите.

Осум лица се повредени во пожарите кои од синоќа беснеат во централниот дел Португалија. Во гасењето учествуваат преку 1.000 пожарникари, а на помош пристигнала и војската.

Повредени се седум пожарникари. Еден од нив има изгореници од прв и втор степен и пренесен е во болница. наредена е делумна евакуација на села во околината на пожарот. Силниот ветер ги отежнува работите на пожарникарите.

притисни ентер