Национална конференција за безбедност и здравје при работа и колективните договори

 Во организација на Асоцијацијата за правно – економски истражувања и едукација „Јуридика" денеска ќе се оддржи Национална конференција на тема „Колективни договори – клуч за успешен систем на Безбедност и здравје при работа".

На конференцијата, како што соопштуваат организаторите, во пленарната сесија ќе биде презентирана кратката анализа и предлог мерките за улогата на колективните договори за подобрување на системот на безбедност и здравје при работа.

Во рамките на двата панела со свои излагања ќе имаат претставници од науката, синдикатите, работодавачите, претставници од Министерството за труд и социјална политика, инспекторатот и стручните лица од областа на безбедност и здравје при работа.

– Визијата на тимот на Јуридика е создавање на ефикасен и практично применлив систем на Безбедност и здравје при работа кој како крајна цел ќе креира безбедни и здрави работни места. Работниците и работодавачите имаат право и обврска со помош на останатите политичко – правни и социјално – општествени актери да градат достоинствени работни места. Ние сме овде да помогнеме!, се вели во соопштението на „Јуридика"./МИА.

Затворени училишта и попречен сообраќај поради обилни врнежи од снег во Техеран

Отежнато е движењето по улиците, попречен е и воздушниот сообраќај, затворени се училишта.

Обилните снежни врнежи ги обелија улиците во Техеран, отежнувајќи им го на жителите секојдневието во градот, известуваат градските власти.

Снегот започнал да паѓа рано наутро и веднаш го попречил движењето во главниот град.

Сите летови или доцнат или се откажани.

Заради обилниот снег затворени се и сите училишта во главниот град и во некои околни подрачја.

Обилниот снег ќе продолжи да паѓа до утре.

Без струја утре дел од Драчево и Ѓорче Петров

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа утре во одредени временски интервали без струја ќе останат дел од жителите во Драчево и Ѓорче Петров.

Од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од улиците Иван Хаџиниколов (поранешна Ратко Митровиќ), Скендербег и Радое Дакиќ  во населбата Драчево, а од 9 до 15 часот дел од улиците Ибе Паликуќа, Кичевска и Зејнел Ајдини во општина Ѓорче Петров./МИА

Полицијата во Хонг Конг со солзавец ги растерува демонстрантите

Полицијата на денешните протесни користеше солзавец за да ги растера илјадниците антивладини демонстранти кои се собраа во Хонг Конг.

Пред да започнат демонстрациите, полицијата интервенирала кога митингот прераснал во импровизиран марш. Видено е како неколку полициски единици апсат демонстранти.

Организаторите на почетокот побарале дозвола за марш, но полицијата се согласила само на статичен митинг во паркот, велејќи дека изминатите маршови се  претвориле во насилство.

притисни ентер