Македонските туристи остануваат на Халкидики, нема поголеми откажувања на аранжманите

Ги контактираме туристите и  копартнерите во хотелите каде што се сметени и засега нема пријава за проблем.

Со македонските туристите кои се на одмор во регионот Халкидики што беше зафатен од силно невреме се контактира и им се нуди помош, но досега нема такви пријави, ниту пак поголеми откажувања на туристичките аранжмани, велат за МИА дел од туристичките агенции од државава.

Од туристичката агенција „Атлантис" изјавија дека досега не добиле повик за помош од туристи и оти изутрината е откажан еден аранжман, но и се склучуваат нови за тој регион.

– Ги контактираме туристите и копартнерите во хотелите каде што се сметени и засега нема пријава за проблем. Утрово имаше клиенти кои најавија дека нема да одат затоа што имале аранжани токму на тие локации, но тоа е личен избор. Активни сме, им праќаме пораки и нудиме помош, информираат од „Атлантис".

И на дежурната телефонска линија на „Савана турс" досега нема повик за асистенција и помош, ниту пак откажувања на аранжаманите.

– Отворени сме за каква било поддршка . Подготвени сме да испратиме вонреден транспорт на туристите доколку тоа биде потребно, изјави за МИА Ана Крстевска Каламадевска, диреектор на продажба во „Савана турс".

На граничниот премин „Богородица" денеска не е забележана поголема фреквенција и вараќање на турстите.

– Сообраќајната фреквенција е вообичаена што значи дека поради невремето нема зголемена фреквенција за влез во земјата ниту од македонски ниту од странски туристи, велат за МИА од ГП „Богородица".

Како што информираа претходно од Министерството за надворешни работи, досега нема информации за настрадани државјани на Македонија во невремето. Засега ниеден македонски државјанин не пријавил ниту штета од невремето. Во тек се дополнителни проверки од надлежните институции.

Во невремето што го погоди Халкидики, една најпосетуваните летни дестинации на македонските туристи животот го загубија најмалку шест лица, меѓу кои и две деца. Едно лице се води како исчезнато, десетици се повредени, причинета е голема материјална штета и има прекин на снабдувањето со електрична енергија./МИА.

Костадиновска-Стојчевска: Велигден нѐ обединува околу вистинските вредности за подобра иднина

Велигден нѐ обединува околу вистинските вредности за подобра иднина и напредок.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска го честита големиот христијански празник Велигден на сите сограѓани кои денес го празнуват Христовото воскресение.

-„Христос Воскресе! Честит и вековит нека ни е најголемиот христијански празник Велигден. На сите сограѓани кои денес го празнувате Христовото воскресение ви посакувам семејна хармонија, здравје, среќа, благодостојба и духовен мир. Велигден е празник кој ја симболизира победата на доброто над злото, но и празник на надежта кој постојано потсетува дека имаме сила и обвска да се бориме за вистинските вредности и дека сите носиме одговорност за подобра иднина и напредок, се наведува во честитката, соопшти Министерството за култура.

Овие денови, се додава, нека бидат денови на почеток на нашите заеднички победи, на светла иднина, на доброто, убавото и сѐ што е благородно и во користи и интерес на нашите деца и идните генерации.

-Со мудрост, трпение и одлучност да истраеме пред искушенијата и да продолжиме да гледаме напред, за мир, хармонија и просперитет, стои во честитката на министерката за култура Костадиновска-Стојчевска по повод празникот Велигден.

Пендаровски: Сè додека го зборуваме, создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои

Сè додека го зборуваме, создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни.

Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни, стои меѓу другото во пораката од претседателот на Стево Пендаровски по повод 5 Мај - Денот на македонскиот јазик.

-Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на македонскиот јазик низ вековите конечно добива своја рамка и се формализира. Од првите црковнословенски ракописи од 10 век, преку јасно пројавената свест за неговата посебност во деветнаесеттиот век, што кулминира со делото на Мисирков, па понатаму преку Рацин до Конески, Кепески, Лапе..., сè до ден-денешен, македонскиот јазик се развива и се збогатува зацврстувајќи ја својата позиција во светското семејство на јазиците, се наведува во порака.

Македонскиот јазик како официјален јазик во нашата татковина, се посочува, го зборуваат нашите граѓани, многубројните Македонци во дијаспората, но и многу вљубеници и почитувачи слависти-македонисти низ целиот свет.

-Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни. Сè додека се живи говорителите ќе биде жив и јазикот, и сè додека е жив македонскиот јазик ќе постои и нашиот македонски идентитет. Затоа да го чуваме и да го негуваме, и секогаш да ги ползуваме најблагите и најубавите зборови изразувајќи си почит, внимание и љубов, стои во пораката од претседателот Стево Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик.

Семејствата на заложниците го повикуваат Нетанјаху да обезбеди договор за примирје

Од Форумот сметаат дека сега е време да се „предводи, покаже храброст и да се обезбеди враќање на сите 132 (луѓе) кои ги држи Хамас, живи, поради рехабилитација и на убиените за да бидат погребани“.

Форумот на семејства на заложници и исчезнати лица денеска на Денот на сеќавањето на Холокаустот, апелираше до премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху „да го игнорира целиот политички притисок“ и да се потсети на ветувањето „никогаш повеќе “ и да обезбеди договор за ослободување на Израелците земени како заложници во Газа.

Од Форумот сметаат дека сега е време да се „предводи, покаже храброст и да се обезбеди враќање на сите 132 (луѓе) кои ги држи Хамас, живи, поради рехабилитација и на убиените за да бидат погребани“.

Соопштението дојде на денот кога се очекува да продолжат разговорите во Каиро за потенцијалниот договор.

Се верува дека договорот за кој се разговара се состои во неколку фази. Во првата фаза би биле ослободени ограничен број таканаречени „хуманитарни“ заложници за неколкунеделно примирје.

Во следните фази, уште повеќе затвореници би биле ослободени во замена за Палестинците во израелските затвори, а постои можност и за воспоставување поцврсто примирје.

Хамас, сепак, инсистира дека нема да се согласи на договор кој не вклучува крај на војната.

притисни ентер