Железничка несреќа во Пакистан , 11 загинати десетици повредени

Најмалку 11 луѓе загинаа, а повеќе од  70 се повредени откако патнички воз изутринава удрил во товарен вагон, паркиран на пругата, во источниот дел на Пакистан, соопштија официјални претставници.

– Патничкиот воз патувал од источниот град Лахоре до југозападниот дел на провинцијата Балочистан – изјави шефот на полицијата Умер Саламат, додавајќи дека при судирот моторот на возот речиси целосно е оштетен, а три вагони излетале од шините.

Според полицискиот службеник Хафез Буги, бројот на жртвите би можел да се зголеми, имајќи предвид дека тројца од повредените се наоѓаат во критична состојба, а има и патници кои се блокирани во внатрешноста на оштетените вагони.

притисни ентер