Судијата Панчевски може да биде суспендиран додека трае процесот за АКМИС-от

На судијата Владимир Панчевски поради обвинението за злоупотребите со АКМИС-от му се заканува суспензија. 

Судскиот совет по службена должност ги побарал обвинението за екс претседателот на скопскиот Кривичен суд, и отвори предмет по поднесена иницијатива за нестручно и несовесно на судиската функција.

Панчевски е обвинет дека со негов амин од 2013та до 2016та, 40-тина предмети од организиран криминал, два од Скопското јавно обвинителство и два од СЈО биле доделени на судии по негов избор. Па оттука се поставува прашањето што ќе се случи со предметите ако се докаже дека биле им биле дадени на рака на подобните судии.

Адвокатот Звонко Давидовиќ вели - ако се докаже дека екс претседателот на судот ја злоупотребил функцијата може да се бара истиот суд да ја повтори постапката.

Периодот кој го опфаќа обвинението се поклопува со времето кога се судени случаите Шпион, Агент, Ликвидација, Фаланга 2 и Кражбата во музеј, за кои кои некои од граѓанските организации тврдеа дека се работи за судски монтирани процеси.

За Давидовиќ, како дел од адвокатите на осудените во овие случаи е симптоматично што дури и по извештајот на Министерството за правда, Судскиот совет не утврди одговорност.

Од предметите од СЈО кои биле дадени на рака, неофицијално станува збор за Шамарите во Општина Центар и Тврдина 2, кои првично беа распределени кај судијката Лидија Петрова која на јавноста и стана позната од прислушкуваните разговори и на Татјана Михајловска која кратко време беше претседател на судот.

Откако обвинителството соопшти дека покренало обвинение, Панчевски преку својот фејсбук профил ја обвини власта дека преку него амнестира криминалци.

МВР: Изборите поминаа во фер, демократска и слободна атмосфера, можеби најмирни досега

Во рамки на надлежност на МВР не се констатирани посериозни прекршувања на изборниот процес во текот на целиот ден. 

Се одржаа можеби најмирните, најдемократските и најфер избори кои што кога било се случиле, особено од безбедносен аспект, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на заедничка прес-конференција со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, по завршувањето на двојните избори.

Тошковски изрази благодарност до сите полициски службеници, набљудувачи и македонските граѓани кои, како што нагласи, на мирен, фер и демократски начин покажаа дека заслужуваме да бидеме дел од европското семејство.

- Огромна благодарност до сите кои што помогнаа овој ден да биде таков како што беше. Да се живи и здрави македонските граѓани, да ни е вечна Македонија, порача Тошковски.

Според, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, како што помина првиот круг од претседателските избори, така и денешниот втор круг и парламентарните избори поминаа во една фер, демократска и слободна атмосфера.

- Граѓаните можеа слободно да го изразат своето право да гласаат. Македонската полиција беше и овој пат на висина на својата задача и ги створи сите предуслови за денешниот ден да се одржи во еден демократски чин, изјави Бојмацалиев.

Ужас во САД: Ја убил сопругата, зашто не можел да ги плати болничките трошоци

Маж од Мисури, обвинет за убиство со задавување на својата сопруга во болница, рече дека го направил тоа затоа што не можел да ѝ ги плати медицинските сметки, соопшти полицијата во соопштението за печатот.

Наводно, Рони Вингс ѝ рекол на полицијата дека ја задавил сопругата и ѝ ги покрил носот и устата за да не вреска.

„Таа беше во болница каде добиваше нова терапија за дијализа“, рече детективот Тод Винборн.

Винборн рече дека Вингс го признал убиството откако му биле прочитани неговите права.

Во петокот, медицинскиот персонал во болницата бил предупреден за срцев удар на пациентката околу 20:30 часот по локално време. Тие ја пронашле жртвата која не дишела и немала пулс, се вели во соопштението.

Жената не беше прогласена за мртва во тоа време, но немала функција на мозокот, што го натерало медицинскиот персонал да ги прекине сите мерки за спасување живот, се вели во соопштението.

Тој додава дека тогаш медицинските работници го слушнале сопругот на жртвата како го признава убиството.

„Јас го направив тоа, ја убив, ја задавив“, повторил тој.

Вингс на крајот во болницата бил уапсен од полицаец кој не бил на должност.

Во соопштението се вели дека Вингс признал дека ја задавил својата сопруга, ѝ ги затворил носот и устата за да не вреска, а потоа ја напуштил болницата.

Подоцна се вратил со братучед.

Според соопштението, Вингс му рекол на полицаецот дека се обидел да ја убие жената уште два пати додека била во болница, додавајќи дека бил во депресија и ја убил бидејќи не можел да ги плати болничките сметки.

Тој се соочува со обвинение за убиство од втор степен и е задржан со кауција од 250.000 долари.

Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува казна затвор до 30 години или доживотен затвор.

Латас во отворено студио на Канал 5: Корупцијата достигна ниво какво што Македонија немала

Драган Павловиќ Латас во отвореното студио вели дека корупцијата во Македонија достигнала досега невидено ниво.

Тој вели дека со резултатите на овие избори корупцијатаја одложивме за 5 до 10 години.

притисни ентер