Мицкоски: Подготвен сум да репреговарам за Преспанскиот договор

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски би репреговарал за Преспанскиот договор доколку стане премиер и има таква иницијатива од грчка страна.

Откако се смени власта во Грција и нов премиер е неговиот колега од европската десница лидерот на Нова Демократија Мицкотакис, кој е жесток критичар на договорот, се актуелизира прашањето дали е можно конечната спогодба да претрпи измени. Според досегашните изјави и новиот грчки премиер Кирјакос Мицотакис е за ревидирање, но еднострано поништување рече дека не е возможно.

-Сето она што е во насока на подобрување, на зголемување на квалитетот и враќање на изгубените позиции кои овој уценет премиер под притисок ги потпишал, ние сме тука да ги репреговараме и да ги вратиме. Јас сум подготвен со секого да разговарам, немам никаква дилема. Јас сум на браникот на одбрана на македонските национални интереси и интересите на македонската држава и не се повлекувам од таа точка,изјави – Христијан Мицкоски – престедател на ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски денеска присуствуваше na асвалтирање на улици во општина Петровец, каде што градоначалник е Борче Митевски од ВМРО ДПМНЕ. Лидерот на партијата го пофали градоначлналникот за успешното раководење со општината и користење на ИПА тфондовите, и ги повика останатите градоначлници да го следат неговио пример.

Фото: 8.000 долари за старо Југо

Дали овој модел станува олдтајмер чија цена ќе расте?

Шеги на сметка на Југо и неговата легендарна завршна обработка во САД од 1985 година, кога слета на американскиот континент.

Автомобилот чинел само 3.995 долари и многу брзо станува култно возило, не поради преголемиот квалитет, туку поради низата проблеми и скромните безбедносни карактеристики.

Интересно е што возилото со кое речиси сите се шегуваа сега ја доживува втората младост, односно се чини дека цените на овој, сега веќе олдтајмер, се зголемуваат.

Според огласот, овој преживеан Југо „GVL“ од 1988 година го поминал речиси целиот свој работен век во Калифорнија и е во одлична состојба. Има и стандарден 1,1-литарски четирицилиндричен мотор со 55 КС и 77 Nm вртежен момент.

Менувачот е мануелен, со четири брзини, а автомобилот поминал само 69.000 километри.

Внатрешноста исто така изгледа пристојно, а има само неколку мали оштетувања на надворешноста.

Продавачот на ова Југо бара 8.000 долари за автомобилот, што изгледа е знак дека овој модел (барем во САД) полека добива на вредност.

Дали продавачот навистина ќе добие толку многу? Засега никој не знае, но цената може да биде показател дека Југото доживува втора американска младост.

Каевски: Реализираме стратешка цел, во ЕУ влегуваме како Македонци со заштитен македонски јазик

За само пет години СДСМ успеа да ги реализира двете најголеми стратешки цели на државата.

Преку одговорен, државнички пристап успеавме да ги тргнеме сите пречки и С.Македонија да стане 30та членка на НАТО.

По 17 години кандидатски статус конечно и сосема заслужено, ги започнавме преговорите за членство во Европската унија.

Сето ова го постигнавме со зачуван македонски јазик со чиста формулација, со заштитен македонски идентитет признат од целиот свет.

Во ЕУ влегуваме како Македонци кои зборуваат македонски јазик и тоа веќе се гледа и преку првата меѓувладина конференција и преку процесот на скриниг.

Сега откако прашината од хистеријата падна, јасно се гледа дека пропаднаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно загрозување на македонскиот јазик и идентитет.

Нема никаква асимилација и бугаризација со кои ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја плашеа јавноста.

Но и покрај тоа што сите нивни лаги се демантирани, од белиот дворец продолжуваат да шират невистини и да измислуваат конструкции.

И денеска ВМРО-ДПМНЕ шири невистини и лаги за некакви нови договори, за некакви нови услови со кои се обидува да ја вознемирува јавноста.

Многу брзо ќе се покаже дека и оваа лага на ВМРО-ДПМНЕ ќе пукне како меур од сапуница.

Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да лаже кога станува збор за државните и националните интереси.

Оваа партија предводена од Мицкоски има проблем секогаш кога државата бележи напредок во евроинтеграциите.

За разлика од таквото нивно однесување, СДСМ продолжува со одговорни политики, политики кои го штитат македонскиот јазик и идентитет и кои обезбедуваат напредок во интеграцијата на државата во ЕУ.

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

СДСМ

Скопските улици „Товарник“ и „Среќко Пужалка“ денеска без вода

Без вода денеска од 13:20 часот се корисниците од улиците „Товарник“ и „Среќко Пужалка“.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради поврзување на нова водоводна мрежа ф-110 на ул.„Товарник“ бр.1.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

притисни ентер