Сигналот кој е упатен во насока на Западниот Балкан е: пари во замена за чекање, пишува Дојче Веле.
Дадено е зелено светло за уште 8 инфраструктурни и енергетски проекти во обем од 700 милиони евра, од кои 180 милиони евра субвенции, а остатокот пари ќе дојдат од кофинансирање од страна на влади и кредити од европски банки.
Три од овие проекти се за Македонија, која следната година заедно со Бугарија ќе биде домаќин на самитот.. Од Познањ, дојде уште една добра вест –постигната е согласност меѓу лидерите за признавање на универзитетските дипломи во земјите од Западен Балкан..