Целосно затемнување на Сонцето во Јужна Америка – спектакл од бои (ВИДЕО)

Илјадници набљудувачи се собираа вчера на повеќе места низ Јужна Америка за да го проследат целосното затемнување на Сонцето.

Тргнувајќи од правец од Тихиот Океан , појасот на видливото затемнување се протегаше преку Чиле и Аргентина , па овој феномен го снимија илјадници ентузијасти , кои објавија фотографии со невообичаен спектар на бои.

Освен тоа , со телескопите можеа да се видат т.н. Бејлиеви бисери , односно прекршени светла како резултат на нерамнините на Месечината.

Се гледаше јасно и т.н. Дијамантски прстен , обрачот околу Сонцето на почетокот и на крајот на затемнувањето.

Астрономот Патрик Мек Карти, кој е потпретседател на проектот на големиот телескоп во пустината Атакама во Чиле , вели дека посматрањето на затемнувањето на Сонцето е врвно доживување.

,,Боите стануваат сини, сенките се менуваат и се на земјата изгледа поинаку. Како светот да станува потемен и да ги губи своите природни бои.”, вели научникот.

Албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од еден милион долари

Уапсени двајца Италијанци.

На граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од милион долари.

Уапсени се двајца италијанските државјани во чиј автомобил биле откриени фалсификуваните чекови.

Фалсификуваните чекови се одземени како материјален доказ заедно со возилото, 1700 евра, печати и два мобилни телефона и се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност Скадар за понатамошни дејствија. /МИА

Легендарната бразилска фудбалерка Марта заминува во пензија

 Најдобриот стрелец во историјата на Бразил во машки и женски фудбал, 38-годишната Марта, одлучи да се пензионира оваа година.

Марта, која од 2017 година настапува за американскиот клуб Орландо Прајд, изрази надеж дека пред повлекувањето од фудбалот ќе може да настапи на претстојната Олимпијадата во Париз.

„Ако одам на Олимпијадата, ќе уживам во секој момент, бидејќи, без разлика дали ќе бидам во Париз ова ми е последна година со репрезентацијата, изјави Марта во интервју за Си-Ен-Ен.

„Од 2025 година Марта повеќе ќе ја нема во репрезентацијата. Многу сум смирена поради тоа бидејќи со голем оптимизам гледам на развојот на спортот што го имаме во однос на младите спортисти“, додаде таа.

Марта, позната како „Кралица Марта“, е најдобар стрелец на сите времиња во Бразил со 116 гола на 175 натпревари. Таа е и најдобар стрелец на женските мундијали со 17 голови. /МИА

Франција и Германија потпишаа договор за заеднички проект за вооружување

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. 

Францускиот министер за одбрана и неговиот германски, Себастијан Лекорну и Борис Писториус на денешната средба во Париз потпишаа договор за заеднички проект за вооружување во вредност од една милијарда евра, кој вклучува развој на главен борбен тенк од следната генерација.

Министрите потпишаа меморандум за развој на Главен копнен борбен систем (МГЦС), кој има за цел да ги замени сегашните борбени тенкови во Франција и во Германија.

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. /МИА

притисни ентер