СВИНСКО ФИЛЕ СО ПЕЧУРКИ

 Рецепт на  КРИСТИЈАН ФЕСКОВ

Потребни состојки: 200 гр. свинско филе, 200 гр.печурки, ½ главица кромид, 1 чешне лук, малку маслиново масло, малку путер, малку бело вино, малку фонт од зеленчук, неколку суви смокви, сол и бибер по вкус.

Постапка:

Месото се сече на парчиња и се зачинува со сол.

Парчињата месо се печат од едната страна и се зачинуваат со малку бибер.

Потоа се печат од другата страна и се оставаат да отстојат премачкани со путер.

За тоа време се подготвува сосот.

Печурките и кромидот ситно се сечкаат и се пропржуваат во тава со загреано маслиново масло.

По неколку минути состојките се зачинуваат со сол и бибер и се додава лукче и малку путер.

Се додава малку бело вино и откако ќе испари, се додава фонт од зеленчук.

Месото се прелева со сосот и се декорира со неколку суви смокви.

Реал и Баерн вечерва одлучуваат за противникот на Борусија Д. во финалето на ЛШ

 Противникот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) ќе биде познат вечерва по одигрувањето на реванш натпреварот од второто полуфинале во кое Реал во Мадрид го пречекува минхенски Баерн.

Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“, кој започнува во 21 часот, ќе биде 28. пресметка меѓу двата европски гиганти по ремито 2-2 пред една недела во Минхен.

Реал во меѓусебните дуели има 12 победи, Баерн една помалку, а четири натпревари во историјата завршија нерешено.

Реал со 14 шампионски титули е европски рекордер, додека Баерн има освоено шест трофеи.

Борусија Дортмунд вчера го елиминираше ПСЖ со вкупен резултат 2-0 и обезбеди пласман во финалето на 1 јуни на стадионот „Вембли“ во Лондон.

До 13 часот во Дебар 9 отсто излезeност за претседателските и 15 отсто за парламентарните

До 13 часот во Дебар 9 отсто излезeност за претседателските и 15 отсто за парламентарните избори, во Центар Жупа 9,34 односно 9,38 отсто.

Изборниот ден во општините Дебар и Центар Жупа минува тековно, со поголема излезeност од претпладневните часови.

-До 13 часот во општина Дебар правото на глас за претседателските избори го искористиле 1710 лице или 9 отсто од вкупно запишаните 19.269 лица во единствениот избирачки список. На парламентарните избори правото на глас го искористиле 2835 или 15 отсто од 19.311 лица. Денеска, како и минатиот изборен ден, во сите 27 гласачки места изборниот ден минува во најдобар ред, изјави за МИА, Рилинд Хаса, претседател на ОИК-Дебар.

И во соседната општина, Центар Жупа, според претседателот на ОИК, Неџип Илјаз, изборниот ден минува во фер и демократска атмосфера.

-Во нашата општина до 13 часот правото на глас, на претседателските избори, го остварија 688 граѓани или 9,34 отсто од вкупно запишаните 7.368, додека на парламентарните гласале 692 лица или 9,38 отсто од вкупно запишаните 7.383 гласачи. Поголема излезeност очекуваме во подоцните попладневни часови, вели Илјаз.

Излезeноста во првиот круг од претседателските избори, на 24 април, до 13 часот, во Дебар беше 13 додека во Центар Жупа 9,12 отсто.

Во Демир Капија над 34 отсто излезност до 13 часот, во Неготино над 30 проценти за претседателските избори

Во Демир Капија до 13 часот 34.23 проценти е излезноста за претседателските избори и 34.14 отсто излезност на парламентарните избори.

Во Демир Капија, како што информираше Благој Јовановски, претседател на ОИК, се гласа на 11 избирачки места.

Во Неготино е евидентирана излезност од 30.42 отсто на претседателски и 30.31 процент на парламентарни избори, информираа од општинските изборни комисии.

Во Неготино се гласа на 28 избирачки места, информираше претседателката на Општинска изборна комисија, Елизабета Камчева.

ММФ: Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг се закана за глобалната економија

- Се повеќе земји ширум светот се загрижени за својата економска и национална безбедност и врз основа на тоа одлучуваат со кого да тргуваат и во кого да инвестираат, рече Гопинат.

Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг и поделбата на геополитички блокови претставуваат закана за глобалната економија, изјави заменичката на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Гита Гопинат во говор на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија.

- Се повеќе земји ширум светот се загрижени за својата економска и национална безбедност и врз основа на тоа одлучуваат со кого да тргуваат и во кого да инвестираат, рече Гопинат.

Таа додаде дека поради тоа земјите се повеќе „бираат страна“ меѓу САД и Кина.

Гопинат истакна дека странските директни инвестиции исто така се пренасочуваат по геополитички линии, додека некои земји ја преиспитуваат употребата на доларот во нивните меѓународни трансакции и резерви.

притисни ентер